Така на моменти знам злобно да се испонашам или да наштетам некому, ако некој ми напраил лошо ќе му вратам.Не сум од оние што чекаат на карма итн (иако верувам во карма)
Има разлика да вратиш на направено врз база на револт, ми беше прашањето дали без причина наштетуваш или сакаш да понижиш некој и шо е тоа што те тера да бидеш таква.. ?
Нема апсолутно добар или апсолутно лош човек. Секој има и добри и лоши моменти. Дали сум добра или лоша? Врска немам. Зошто секој се смета себе си за добар, а тоа е многу субјективно. Генерално, се однесувам кон другите како што се однесуваат тие кон мене.
Јас па прво се однесувам како што сакам другите да се однесуваат со мене, углавном фино или службено, зависи од контекстот, на работа морам самоконтрола, не можам ако се безобразни да сум како нив, мада мноооогу ретко се такви, никогаш скоро. Инаку, дали сум добра? Што знам,не се замарам со тоа, битно ми е да сум добра кон себе и блиските до одредена мера, а општо гледано, имам и лоши и добри карактерни особини. Чисто добри луге исклучиво ретко среќавам, јас се бројам во лошлиња, ама не психопати и социопати.
Некогаш нешто во длабочината на душата ме тера да бидам движечка злоба. Ама во поголем дел од времето сум добра.