1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Добриот збор, железна врата отвора

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 24 јануари 2014.

  1. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Не е прашањето дали е точна оваа изрека која што е исористена за наслов на темава, таа е точна, но прашањето или прашањата се следниве:

    Дали ви значи кога некој ќе ви упати убав збор, пријателска насмевка, или едноставно ќе ве праша како сте, ама искрено да го сочека одговорот а не да ве одмине пред да му одговорите или ќе ве гушне онака без повод и причина. Дали вие знаете често да упатите некому убав збор и да бидете љубезни па дури и кон оние кои прв пат ги гледате.

    Насмевката е едно огромно богатство кое сите ние го имаме и не не чини ништо, а можеме ако ништо друго да им го разубавиме денот на лугето околу нас.

    Исто така убавиот збор, како да сме станале толку завидливи па се плашиме да кажеме некому дека убаво изгледа, дека она што го направил е убаво.... Како да мислиме дека ако признаеме нечии успех всушност како да сме го признале нашиот неуспех.

    Искрено јас сум едно големо дете, премногу ми значи кога ќе видам насмевка на нечие лице, кога ќе добијам комплимент без да го побарам, кога ќе добијам гушка, ама од срце, ете такви мали работи ми го полнат срцето и ме тераат да се чувствувам добро.

    Слободно отворете си ја душата и кажете си го својот став, без разлика дали е тој ист или тотално различен од мојот, бидете свои и кажете го својот став а не она што останатите сакаат да го слушнат.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Добриот збор, железна врата отвора.

    Патот до пеколот е поплочен со добри намери,точно дека добриот збор железни врати отовара но многу е битно кој тоа ти го кажува,јас познавам многу девојки кои се многу љубезни кога сакаат нешто да добијат,но лесно се прочитани таквите и ги игнорирам и не им верувам на таквите,инаку секој сака убави,добри луѓе со убави манири,но само ако се искрени,а такви се помалку ги има,но добро е што сеуште има такви луѓе и се гордеам со нив.
     
  3. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Очигледно е дека Витомир ги помешал темите за Маниполација и оваа тема.
    Овде не се работи за маипулативна љубезност, туку се работи за човечка љубезност и кажен убав збор.
    Немора тоа да биде нешто големо, понекогаш едно здраво и една блага насмевка некому може да му предизвика убави чувста и да придонесе во тој момент некој да се почувствува убаво, исто и обратно, нечии добар збор може да ти го разубави денот.

    Знаеме ние жените колку ни значи кога некој ќе не пофали за било што особено дека добро изгледаме. Но исто така ние жените знаеме дека многу често сме спремни на друга жена да и кажеме дека таа добро изгледа или дека нешто добро и стои.

    Ете во таа смисла беше замислена оваа тема и прашањето колку често знаете некому да му го разубавите денот со само една мала насмевка или некој убав збор, и колку вам ви значи кога нешто такво ќе слушнете за вас.

    Токму затоа и ја насловив оваа тема со овој наслов, затоа што сум убедеа дека со убав збор може да се разнежни и нај суровото срце, и дека понекогаш не треба ниту 1 денар за да некого го направите среќен, па затоа се вели дека убавиот збор е повреден и од злато.

    Понекогаш и сами ќе се изненадите колку одредени луге се нежни и искрени а сте имале сосема спротивно мислење за нив, а причината е во тоа што никој досега не им пришол на еден убав начин за да ја разбуди и таа емоција кај нив и затоа тие си створиле еден одрамбен механизам со тоа што се повлекле во себе и на тој начин се заштитуваат да не бидат повредени.

    Па така не ретко можете да се изненадите колку може да бидат интересни и забавни одредени луге за кои до вчера сте мислеле дека се намќори.
    Според мене убавиот збор е нешто што треба сите ние да го негуаме, затоа што не само што некому ќе му ја наполниме душата со убавини туку и ние поуваво ќе се чувствуваме кога ќе видиме насмевка на нечие лице.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Тоа е така да, но не секогаш, бидејки се прифаќа како тоа да е со лоша намера, а воопшто не е така.Животот не секогаш може секому да биде убав, но не значи дека човек треба со одбивност да гледа на се она што е наменето за него.Ако за тоа причина е некаква негативна постапка од други према него, а се случила во минатото, не значи дека ќе се повтори во иднина.Не е се така црно.Зборот ми е, некогаш нема ефект убавиот збор и кај најсуровото срце.Тешко, многу тешко.Па и џабе не велат, „ ако не со арно, тогаш со лошо“.Бидејки и поинаку не може во таков случај.
     
    На nevermet18 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    За жал има луѓе кои се заслапени од блесокот за парите , па тие не ја гледаат добрината.
    Добрите зборови се одбиваат од блесокот на железната врата, како сончеви зраци од огледало .
    За таквите врати нема добри зборови кои би ги отвориле.
    Единствено некој експлозивни. ;)
     
    На nevermet18 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.064
    Допаѓања:
    11.208
    Убавиот збор отвара железни врати во некои случаи. Се трудам да бидам насмеана кога ги поздравувам луѓето, да не бидам намуртена. Инаку луѓето се бљакккк во денешно време. Сум се изненадила некои што глумат многу културни, какви простачки и злобни муабети кажуваат за другите.
     
    На CeceZZ и vitomir им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Nezna28 ти или не ме разбираш или не сакаш да ме сфатиш,не реков дека е лошо човек да биде љубезен и да каже убав збор,туку во денешно време ретко кој е љубезен без причина,кога им требаш за нешто тогаш си срце,душо најмил,најдраг итн да не редам,а другиот ден ни добар ден не ти викаат,милиони примери има сега да не ти набројувам,и во продавница кога ке влезеш да купуваш нешто продавачката те става на игноре се додека не купиш нешто,кога ке купиш тогаш ви благодарам Господине повелете пак дојдете итн,сум го осетил тоа на своја кожа.
    Пс Ако ми збориш за лажна љубезност да им кажеш на некои дека денес супер изгледаат а не мислиш така,и тоа го правиш чисто од култура е тоа е веке друга тема.
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Настојувам секогаш и со секого да сум љубезна и насмеана.
    Имам приметено дека и најнамчорите знаат да омекнат малку откако убаво ќе искомуницирам со нив. :lol:

    Не ме чини ништо ако на некој по пат или на касиерката в продавница, на келнерката на кафе, итн. им се насмеам или речам едно благодарам. Верувам дека и нив им е поубаво кога ќе осетат почитување од друг.
    Колку и да ми е тешко, секогаш кон другите се насмевнувам.
    Честопати ми велат, ех, тебе се ти е рамно, само насмеана си. :lol: А, не е секогаш така. Јас си знам во душата како ми е.

    Е, сега, има луѓе кои сами не се сакаат, па колку сакаш биди фин и добар, џабе е. :^)

    Има и "добри", ама лицемерни суштества, но прозирни се. Барем јас одма насетувам кога кажаното е кажано со љубов или ради реда. :!:

    И интересна работа, имам увидено дека на повеќето другарки им пречи кога сум љубезна. :tmi: Претпоставувам дека е од чиста љубомора, зошто немаат грам култура тие да се однесуваат како треба. :^)

    Зошто добриот збор пред се треба да е знак на култура и домашно воспитување. Гледам дека постариве повеќе знаат да бидат културни и фини (иако имаат багаж со нив), а помладиве стварно немаат култура.
     
  9. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Еве во склопот на оваа тема би поставила и неколку под прешања.
    Дали човекот се рага позитивен, со добро среце, отвореност кон другите, секогаш подготвен да каже убав збор некому или средината во која ќе расте, го одредуваат неговиот карактер, дали ќе биде позитивна или негативна личност.
    Дали добрината е наследен фактор или со текот на времето човек сам ги поприма овие карактеристики, дали ќе биде позитивен или намќор.

    Уште една работа која неможам да ја разберам. Зошто намќорите, кои до пладне се мразат себеси а од пладне и се наоколу, овие позитивци кои се обидуваат со насмевка да се борат против се па дури и против лошите луге, ги оценуваат како улизувачи, бескичмењаци.....
    Дали само ако си намќор и сам против сите си карактер, или можеш да бидеш и карактер а притоа никого да не повредиш.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Било је то некад, у нешто боља времена...

    Денес, убавиот збор, одликите на добро воспитан човек и манирите најчесто ги затвораат и веќе подотворените врати ради паранојата и скептицизмот кој завладеал со голем дел од светот и истите се толкуваат како лицемерие и стратегија за да се постигне нешто.

    Најчесто, недопирливоста и дрскоста се тие кои отвараат железни врати... на овој земен свет.
     
    На Daleron, Antoninaaa и vitomir им се допаѓа ова.
  11. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Но секако тоа нетреба да не обесхрабри и да не натера и ние малкуте со позитивна енергија (колку сум скромна :) ) да се претвориме во без чувствителни суштества кои ќе газат се пред себе, само заради личниот успех.
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Не ми е јасно значи треба да глумиме љубезност ли за да дојдеме до посакувана цел?Кога некој е многу љубезен со тебе се знае дека е од некоја корист,каква култура какви лаги не ме смејте,но тоа па не ни дава за право да бидеме дрски со сите,јас некако ги препознавам таквите,колку сакаат нека се филмат и да глумат сосема нешто што не се тоа се приметува.
    Кој како сака нека ме свати тоа е вистината,и добро не генерализирам има и искчуоци,зарем секогаш треба ова да го кажувам.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Е од вакво размислување, доаѓам до заклучок дека денешниве луѓе со чесни исклучоци имаат превисоко мислење за себеси. Демек ја сум Супермен, можам на сите да им завршам работа, па толку сум им битен у животов за на мене лице да ми прават. Се` додека луѓето не се спуштат малку на земја, нема да бидат способни да разликуваат добро од лошо, искреност од лицемерие и тн...
     
    На vinozito1 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  14. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Делумно се согласувам со теси,за жал денес најчесто подобро поминуваат оние кои се не човечни,намуртени личности.Но сепак јас верувам дека има и исклучоци кои ги презираат таквите манири и се борат против таквиот пристап.
    Таков по карактер мислам дека не се раѓа ,туку тоа се стекнува зависно од околината во која има раснато и неговото воспитување.
    Мислам дека добриот збор на крај сепак се цени или се презира додека е кажан за подмукли цели.
    Но понекогаш подобро е да покажеме заби на оние кои го користат нашето добро,ако сакаме да не испаднеме будали за увек.
    Добриот збор,железна врата отвара со искрени намери,ако не се ќе се додаде уште некој катанец.
    Сепак и ова не е генерално,колку луѓе толку карактери и ставови.Крај му нема :D
    Дошло е до да не знае човек на кој какви му се намерите...
    Забегав малку од темата или так ми стои :D
     
    На vitomir и tessie им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Така е Антонина, ама да ти кажам искрено, на денешнинава ретко се наоѓа воспитан човек. Баш со домашно воспитание и манири и добри зборови. Затоа и сите кои ги покажуваат, најчесто се етикетирани (често и неправедно) како лицемери.

    А Нежна28, не верувам дека позитивните личности тоа ќе ги обесхрабри, затоа што како што рече Антонина, добар се станува, па дури и ќе додадам дека да бидеме добри/лоши е и наш избор. А да се биде добар е избор кој можеби нема инстант или краткорочни резултати, но има долгорочни резултати за кои вреди да се почека одредена прилика. Со самиот избор да бидеш добронамерен, си правиш услуга самиот на себеси, ма колку и да изгледа несебичен тој избор. Мислам проста илустрација, што би можело да се случи кога од срцето ги отстрануваш сета омраза и горчина? Прво на СЕБЕ добро си правиш, поздрав си и посреќен.
     
    На Daleron, XMaN, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секој ден кога одам на работа првин кажувам Добар ден и ретко некој да ми отпоздрави.:wasntme:
    Aма упорно си поздравувам како што е ред.
    За мене зборот
    Добар ден претставува детектор за откривање на добрите луѓе.
    Штом го задржиш она на кое те учеле на првиот училишен ден значи дека ги почитуваш другите,
    Затоа мислам дека Добриот збор отвара железни врати.
    Добрината денес е ретка но затоа пак и се цени.Може мислите дека не е така ,но лошите просто вријат одвнатре за да ја убијат во вас.
    Не им дозволувајте.:!:
     
    На mynameislove, Someonespecial, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    @vinozito1 Воспитување за кај воспитани луѓе.
    Пример: Еден мој надреден го поздравував секогаш кога ќе го сретнев. Тој свирка и не те приметува, е сега јас сум невоспитаната и не го поздравувам веќе.
    Тој не е таков само со мене во глобала човекот е на криво насаден, а ги има повеќе такви.
    И јас често велам подобро некого наречи го Бисерко отколку Посерко, ама не секогаш пали.
    Вистина е дека некаде „Добриот збор железни врати отвара“, ама отвореноста и искреноста јас ги гледам во ликот на соговорникот, а не во тоа што ќе ми го каже.
    Вистина е тоа што @tessie го спомена погоре ја цитирам:
    Така е Антонина, ама да ти кажам искрено, на денешнинава ретко се наоѓа воспитан човек. Баш со домашно воспитание и манири и добри зборови. Затоа и сите кои ги покажуваат, најчесто се етикетирани (често и неправедно) како лицемери.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Зар има нешто поубаво од тоа кога некој учтиво ќе ти се обрати?
    Едно благодарам, повелете, пријатно можат да му го развеселат денот на еден човек.
    Тажно е што денес се поретко се слушаат.
     
    На Tanjamm и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.408
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има нешто што ме радува повеќе од убав збор, љубезност и насмевка. Многу сакам и ценам добро воспитани и прекрасни луѓе кои така се изразуваат па така и јас сакам моите зборови да бидат пријатни а не отровни. Бидејќи добриот збор навистина има неверојатна моќ. :)
     
  20. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    17.686
    Културата, прмерното однесување и љубезноста се одлик на домашното воспитување.
    Доколку сме добро воспитани ќе знаеме кога и на каков начин да пристапиме, а на таквото однесување не верувам дека некој би можел лошо да возврати.
     
    На Aleksandar1212 и krEM4Eto им се допаѓа ова.