Секако е добро и стој изреката. Јас уживам да давам комплименти, а уште повеќе да примам . За жал јас почесто ги давам од другите и се согласувам со @КикиМаус тоа е домашно воспитание.. да бидиш љубезен, ама во ова наше време тоа е реткост, сите се љубоморни и си гледаат само за себе. Ако го признаат туѓиот успех како да си признаваат свој неуспех како што кажа @Nezna28. Затоа луѓе бидете љубезни можда ќе му го промените денот на некого само со една прегратка или поздрав пропратен со насмевка па дури и еден комплимент, нема да осиромашите со сигурност .
Кај ја најдов оваа стара изрека...на жалост, мое мислење е дека веќе е рѓосана. Во овој суров, циничен свет во кој владее натпревар, завист, злоба, љубезноста изгуби од вредност, изгуби од квалитет, дури и ја ставаат во категорија кај болестите.Љубезен човек ни стана за потсмев, мислиме дека има некоја фалинка у глава. Денес ако си строг, нељубезен, имаш наредувачки став и тон, ќе бидеш почитуван и полесно ќе ти ја отворат железната врата, додека љубезниот ќе чека додека чекич не му падне на глаа
Добра е изрекава во теорија, во пракса слабо во денешницава. И јас порано ја кажував ама кога сфатив дека не е така, сменив некако мислење. Самата изрека е добра, поучна и едноставна, ама тоа што човекот е тешко говедо, во пракса ја прави речиси не возможна. Кај нас поготово би рекло дека е вака: Добра врска (не љубовна, него буквално врски), железни ма и челични врати отвара.
Ми значи кога другата страна внимава на вакви работи. Ми се нашле многу во тешки периоди и гледам колку можам да се однесувам и спрема другите така - сакам кога луѓето околу мене се чувствуваат среќно и мотивирано без разлика дали ги знам подолго време.
Се трудам да бидам љубезна бидејќи и онака животот е доволно тежок. Зошто да не кажам убав збор, ако знам дека тоа ќе донесе насмевка на нечие лице. Не е тешко. Не зборувам за лицемерие, зборувам за нормално човечко однесување со луѓе што ништо не ми згрешиле.
Па, се водам секогаш по ова. Сакам да сум фина и љубезна со луѓето, а сакам исто кога некој убаво ќе ми се обрати. Зошто да сум дрска и некултурна, да му го расипам денот на некој кога се може фино да се каже. Бар јас така гледам на тоа.
So sigurnost. Vo sekoj slucaj e ubavo da razmenis pizitivna energija i da mu se isponasas na nekoj ubavo