Добро и зло

Дискусија во 'Психологија' започната од lalezzz, 9 април 2010.

  1. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    koga bi se navratile vo istorijata nanazad izvalkana e so krvoprolevanje i omraza.sepak lugeto cestopati znaat da se izdignat nad tragediite pokazuvajki izvonredna dobrina i samopozrtvuvanost.pa prasanjeto e zosto eden covek stanuva ladnokrven ubiec,a drug socuvstvitelen dobrotvor???zosto ponekogas lugeto se odnesuvaat kako zivotni ,moze li zloto da se pobedi postoi li nacin kako ?sto mislite vie na ovaa tema
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Да во право си,историјата е полна со крвопролевања,а многу малку со убави нешта,добри дела,зошто е тоа така и јас самата се прашувам можеби скоро секој ден,затоа што ми е криво зошто има такво нешто.Едно донекаде си сватив,а можеби и по малце ми станува јасно,затоа што во нас е се и бог и ѓавол,добро,лошо,ние мислиме дека Господ е само во црквата,дека не е секаде,па еве кажете ми како може да бидеме со некои луѓе добри,додека со други лоши,зошто да мразиме некого,што имаме корист од тоа,зошто да се мешаме и да судиме за тугите животи?Во историјата,а и денес си продолжува сеуште така,лошото да живее,има личности лоши, што биле многубројни за разлика од оние добрите,мислам дека земјава којзнае до кога ке не издржи со нашиот памет,не е ли малку сето тоа што се случува,а да не бројам што се нема на земјава,затоа што и тоа што го има со лопата може да се собира.Одиме во црква,се молиме а потоа што правиме надвор од црквата не е битно,а како може кога одиш во црква за тоа што се молиш да биде толку битно,важно?Зошто не е и толку битно,важно и за тоа што не се молиш,зошто не се битни и другите луѓе,нивните чуства? Злото може да се победи ако се сака,па на крајот на краиштата ако некој ти згрешил зошто да му враќаш,еве ако веќе е така,тогаш кој може да простува,да не враќа,освен според мислењето на секој човек дека тоа го може Бог,а нели има и такви луѓе добри,хумани,тогаш каде е Бог? Ова е дел од моите размислувања. Секогаш е така,позитивно - негативно,само ретки се добрите луѓе,кои што имаат се и даваат,простуваат итн.
     
  3. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    da gorde za zal coveckoto srce e sklono kon zlo uste od negovata mladost,a osven toa site nie neli sme sklonikon da postapuvame loso uste od samoto raganje,pa zatoa duri i decata znaat da napravat nekoja belja sto realno kazano stanuva zbor za covecka nesovrsenost.no sepak kako luge sme sozdadeni spored bozjiot lik sto znaci sekoj od nas gi nosi negovite osobini.no sto e najbitno imame pravo na izbor-dobro i loso,vprocem dadena ni e slobodna volja.od druga strana pak obdareni sme so sovest.ova pak vrodeno cuvstvo za ispravno i pogresno ne potiknuva nas lugeto da se odnesuvame pristojno i prifatlivo za sredinata okolu nas.pa ova objasnuva zosto duri i licata koi nikogas ne bile pouceni za ona sto e ispravno a sto pogresno ponekogas se poznati po svojata dobrina.megutoa poradi nasata sklonost da postapuvame pogresno vo odredeni situacii cestopati treba da se borime so sebesi za da pravime dobro.no mislam deka i ti bi se slozila deka ova nesto vo denesno vreme e navistina tesko.megutoa sepak mislam gorde deka sekoj od nas treba da zapocne vnatresna bitka sam so sebe.sepak izborot e nas neli?druga rabota sto ne sprecuva na dobri dela e i losoto drustvo.kako i da e gi rasipuva dobrite naviki,kako sto rekle starite skim si takav si.taka da ima mnogu raboti kako sto znaes i samata sto gi oblikuvaat nasite stavovi i postapki.no ima i takvi sto ke recat deka ne se voopsto vinovni za svoeto zlobno postapuvanje. no dali navistina e taka??? volanot go kontrolira dvizenjeto na avtomobilot,kormiloto mu dava pravec na brodot no umot go kontrolira teloto...pozz
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    a da bide uste potragicno,lugjeto obozavaat da gi preraskazuvaat i da obrnuvaat vnimanie na losite raboti,pa taka i vo istorijata retko koga sme procitale za nesto ubavo,a ne moze da nemalo.po mene toa e uste pogolemo zlo
     
  5. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Не би можело злото да се искорени сосема,како би функционирал тогаш светот,нели...Како би уживале во доброто ако не сме го почуствувале лошото?
    Во врска со тоа од што зависи колку ке бидеме "лоши" или "добри" најголем дел има опкружувањето и воспитувањето од дома.Тука мислам дека е пресудно детството.
    Има еден куп деца кои израснале во не баш нормална средина,биле малтретирани од дома,исмејувани од околината,па затоа денес имаме секакви криминалци и убијци.
    Затоа имам некое разбирање кон овие личности,сепак немале можност правилно да се развиваат и да ги научат вистинските вредности во животот.
     
  6. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    se soglasuvam deka ima i takvi koi ne po svoja volja stanale nesto sto ne bi sakale ni tie samite poznavam dosta luge i od ednite i od drugite pa sakam samo da kazam deka i pokraj toa sto imale nekoi od niv loso detstvo pa i genot los a sepak izbrale i naucile da go pravat vo zivotot ona sto e dobro.spored mene ako se saka i se uci bez razlika od kade poteknuvaat mozat da stanat luge so golemo covecko srce..blagodaram za vasite izlaganja i eve eden topol pozdrav do site vas :) :up:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.366
    Допаѓања:
    36.988
    Па мора да има некаков баланс нели? Што правиме ако сите бидат добро? Или пак лоши? Затоа се така си е подредено.
     
  8. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    :) :) pa da otrpnavme vise do toj stepen sto bi ni bilo monotono .imuni sme ,nie mozeme uste :)
     
  9. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Во белото има секогаш црно, и во црното има секогаш бело.
    Како шо,во позитивноста има некоја негативност. И во негативноста има некоја позитивност.

    Злото според некои може да биде добро,и обратно.
    Важна е перспективата,на кој начин го гледаш сето тоа.
    А,ако ги немаше овие работи,немаше да знаевме што е добро,а што е зло.
    И,тешко дека можеш да одбегнеш нешто што во секојдневието е присутно,инаку би било монотоно,животот би немал смисла за живеење.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Се согласувам. Нема да е интересно сите да сме добри или лоши т.е. сите да сме исти.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Убаво си кажа Виножитка за да постои баланс.
    Порано мечтаев да победи доброто и да не постои никакво зло, но со тек на време сватив дека тоа не е можно.
    Секогаш постоеле злобници кои биле против доброто.
    или во секое добро има и лошо и во секое лошо има и добро.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.078
    сметам дека злото кога ќе надвладее не може да се победи со тоа да биде добар и фин или како што би се рекло ако те удрат по едниот образ сврти го и другиот и јас до пред некое време го гледав светот во розево издание ...да бевме сите добри или да злобни немаше да биде интересен животот денес луѓето се сурови се хранат како паразити со туѓата несреќа,ги искоритуваат другите ,ги газат другите за да ги постигнат своите цели има и ги има и такви кои повредуваат и им се зголемува самодовербата
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Како велат во секое добро има зло и во секое зло има добро.Од секогаш постоело злобни,лоши работи,сметам дека тоа е во природата на човекот и дека никогаш нема да се искорене.Човекот е единствено свесно суштество кое може да размислува и одговара за своите постапки,кое е свесно да препознава што е добро а што е лошо.Но се прашувам зошто иако луѓето се свесни за своите постапки прават лоши работи.Како што сите знеме низ историјата преовладуваат многу грозни работи како што се војните,суровите смртни казни,инквизицијата,холокаустот.....и да не набројувам.Можеби луѓето се склони кон вршење на злосторства затоа што и причинуваат одредено задоволсто,како резултат на некои психички пореметувања.Мислам дека злото нема никогаш да се искорени,но треба да се бориме против него.
     
  14. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека не постои човек кој во животот правел само добро или само зло. Самата борба за опстанок, за власт и за реализирање на сопствените цели во животот луѓето ги прави крволочни ѕверови. Секој гледа себеси да си направи добро а притоа неретко сопствената среќа ја градиме врз туѓата несреќа. И затоа би не нарекле лоши луѓе. Се е релативно. Една иста работа за некого може ќе е добра, а за друг лоша.
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Сите ние треба да се стремиме кон вистината.Воедно да знаеме да направиме разлика помеѓу доброто и злото.
    Доколку сите знаеме што е добро,тогаш сите тоа и би го правеле.Сократ говорел дека не треба да му се замерува на луѓето кои правеле зло,бидејќи тие тоа го правеле несвесно те.не биле свесни дека тоа е лошо.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    4.295
    се раѓаме мали, беспомошни и невини суштества.... растеме во добрина и безгрижност... но животот не не носи секогаш во правилна насока... некој подлегнува на порокот наречен зло свесно или несвесно паѓа во канџите на злобата. само свесните луѓе остануваат разумни и разумно ги гледаат последиците. дали да му се предадат на бог или гаволот. кој е појак колкава е човековата психа. доброто и злото се како брат и сестра. зар секој од вас бар еднаш во животот не помислил на некој да му наштети. јаките ќе речат не е вреден и ќе прекинат(во него завладеал доброто), слабите ќе речат ќе го убијам (го прават тоа и се одземени од злото). во секое добро има малку лошо и во секое лошо има малку добро. јас признавам спаѓам во првото само на една личност на светот и мислам најлошо и се срамам поради тоа но сметам дека искрено го заслужила :devil: :devil: :devil:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.086
    Толку е тенка линијата меѓу доброто и злото па најчесто луѓето се губат во тој простор. Во престиж на сила, моќ, владеење човекот не препознава што е добро а што лошо (како му највеќе одговара така прави)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.004
    Во многу серии, филмови, настани има поделеност на ликовите. Најчесто се издвојуваат два кои се претставници на спротивни особини. Негативен и Позитивен. Реалност е многу поразлична. Секое живо суштество има свој придонес кон опшеството и може да биде навистина добар пријател, додека во одредени моменти тоа знае да реагира лошо. Таа појава на лоши особини не значи дека човекот нема ни малку срам, жал, почит, туку дека тој на тој начин се заштитува себеси. Се брани од надворешниот свет и се бори за создавање на свое јас и место во општеството.

    Накрајот се вели дека доброто секогаш победува, дека злото е вечен губитник. Но што ке се случи во реалноста каде овие особини се појавуваат наизменично и никогаш нема да се искоренат т.е да ги снема ?

    Според мене, борбата на овие нешта е вечна. Многу од ликовите ни се претставувани токму како што сакаме ние да ги видиме. Ке земам за пример Александар Македонски (не сум некој предавник, непочитувач на историјата и што ли уште не :rofl: ). Имавме податок кој го најдовме во енциклопедија кога учевме за него, пишуваше дека често знаел да се опијани до даска и да се фали подмолно колку е моќен.

    Јас имав претстава, што незначи дека не е точна дека е фин, силен, добар, почитува, го цени сиромашниот народ, но не помислував дека има и негативни особини. Тоа некако ми беше неприфатливо затоа што во сите легенди, преданија, историски факти не е спомнато. Тој е опишан како храбар војсководец, упорен, филозоф, паметен со стратегиски испланирани работи, на освоените територии го очекувале како ослободувач.

    За болдираното една другарка донесе легенда од некој народ кој бил освоен од негова страна, на која се опишуваше дека Александар имал рогови ( што сигурно дека не е точно :lol: ) , но не го потврдува фактот дека го чекале со радост. Па добро сепак тој и убивал во борбата, зошто тогаш ни беше претставен како светец? :|
     
  19. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.318
    Отсекогаш сум се прашувала што се случува во моз0кот на тие ладнокрвни убијци.

    Нивната ‘работа‘ мислам дека е резултат на гнев, лошо искуство или забивање нож во грб од Х личност.
    Тие на тој начин го истураат својот гнев бидејки на друг начин не можат да се изборат со него, тука ја вклучувам омразата. Само не ја сфаќам таа омраза да дојде до степен на убиство :^) .

    Луѓето секојдневно се среќаваат со ситуација против нивна волја, некои се соочуваат со проблеми, некои бегаат од нив. Бегаат се додека не се најдат лице в лице со нив и тука пукаат, излегува се‘ од нив, а лесен начин бар за нив е лишењето на личноста од овој свет.

    Не бре, овој човеков разум никако да го доанализираме, откриеме и проучиме.
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    7.765
    Пол:
    Женски
    Ние сме потомци на злобните луѓе. Тие порано ги убиле добрите. Сакаме се што има другиот, а ние го немаме. Зошто некој да е поуспешен од мене, зошто некој да има повеќе од мене, а јас тоа да го немам... ова се само дел од прашањата што предизвикуваат завист и љубомора кај луѓето. Таа завист подоцна ќе прерасне во опсесија која ќе со зароби умот и ќе дава некои неадкватни мисли, нешто несекојдневно и чудно. Смрт! Смрт за тој што има повеќе, за тој што е подобар или тој што ми е конкуренција. Така било и порано. Ликвидирај ја конкуренцијата за ти да дојдеш на власт. Ете гледаш ова одма асоцира на зло. Денес нема добар човек. Без разлика колку и да донира, колку и да се труди да направи нешто подобро за сите не може да помогне. Тоа е ситуацијата во светот. Мора да има одреден баланс. Ако се сите среќни и добри, богати и задоволни сето тоа ќе е совршено. Совршенство нема.
    Злото да се победело... не може злото да се победи. Злото го победи доброто илјадници години наназад.
    Сочувствителен добротор... девојче денес никој не сака да ти ги слуша проблемите... сите си имаат свој. И да те ислуша нема да ти помогне, само ти ќе се чувствуваш подобро што си му кажала.
    Ми се допадна темата и знам дека ќе има многу оптимисти што ќе мислат спротивно ама тоа е јас сум реална и сум песимист :)