Добро и зло

Discussion in 'Психологија' started by lalezzz, Apr 9, 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,841
    Gender:
    Female
    Ние сме потомци на злобните луѓе. Тие порано ги убиле добрите. Сакаме се што има другиот, а ние го немаме. Зошто некој да е поуспешен од мене, зошто некој да има повеќе од мене, а јас тоа да го немам... ова се само дел од прашањата што предизвикуваат завист и љубомора кај луѓето. Таа завист подоцна ќе прерасне во опсесија која ќе со зароби умот и ќе дава некои неадкватни мисли, нешто несекојдневно и чудно. Смрт! Смрт за тој што има повеќе, за тој што е подобар или тој што ми е конкуренција. Така било и порано. Ликвидирај ја конкуренцијата за ти да дојдеш на власт. Ете гледаш ова одма асоцира на зло. Денес нема добар човек. Без разлика колку и да донира, колку и да се труди да направи нешто подобро за сите не може да помогне. Тоа е ситуацијата во светот. Мора да има одреден баланс. Ако се сите среќни и добри, богати и задоволни сето тоа ќе е совршено. Совршенство нема.
    Злото да се победело... не може злото да се победи. Злото го победи доброто илјадници години наназад.
    Сочувствителен добротор... девојче денес никој не сака да ти ги слуша проблемите... сите си имаат свој. И да те ислуша нема да ти помогне, само ти ќе се чувствуваш подобро што си му кажала.
    Ми се допадна темата и знам дека ќе има многу оптимисти што ќе мислат спротивно ама тоа е јас сум реална и сум песимист :)
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,699
    Likes Received:
    9,406
    Gender:
    Female
    Во нас луѓето владее гревот,бидејќи сме наследиле од нашите претци.ВО СЕКОЈ ОД НАС ИМА БОРБА ПОМЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО :rock:
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    3,753
    Likes Received:
    3,732
    Нема добро без зло и обратно. Како би ја почувствувале и среќата ако не ја искусиме тагата? Мислам дека во секого од нас се кријат две страни, постојано се борат една со друга, некогаш победува едната некогаш другата, но не конечно... Сигурна сум, значи никој неможе да ме разубеди, дека постои човек што во животот не направил некое зло. Или ако ништо друго, барем почувствувал негативни емоции, што е и сосема нормално. Различни ситуации во животот не тераат да се однесуваме различно, лошо или добро, зависи. За се си има причина. Злото ќе постои засекогаш, исто како што ќе постои и доброто, затоа што едното без другото нема смисла.
     
    Shortie likes this.
  4. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Joined:
    Dec 20, 2011
    Messages:
    256
    Likes Received:
    71
    Gender:
    Female
    Im a soldier.Thug Life baby.....
     
  5. machhe

    machhe Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2011
    Messages:
    227
    Likes Received:
    951
    Колку и да е тешко треба да се трудиме за добрите работи на овој свет и да бидеме оптимисти да веруваме во Бог и да имаме надеж дека секогаш ќе биде подобро бидејќи сеуште постојат добри луѓе но тоа е тешко да се виде од страната да лугето кои долдо време биле опкружени со лоши луѓе и мислат дека сите се како нив но не е така на овој свет има многу добри луѓе кои се надеваат на подобро утре за сите луѓе и веруваат во семоќниот Бог
     
    love93 likes this.
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2012
    Messages:
    526
    Likes Received:
    361
    Gender:
    Female
    Колку и да има натпревар меѓу доброто и золото, зарем не сваќате дека секоја старан смета дека го прави најдорото! Споманвте историјата, точно е имало многу крвопролевање, но секој се борел за доброто на својот народ, ретко биле себичните, барем така ги претставуваат, дали верувате дека некои кралеви сакале се засебе, не тоа било за нивниот анрод, ако не повеќе за да влеат старв на анродот (тоа пак за народот)... Сите ги сметаат своите противници за негативци, тогаш што е доброто а што злото? :?: Многу нешта не се јасни ако ги разгледате и двете страни на паричката! Зар не? :!:
     
  7. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    814
    Likes Received:
    1,230
    Gender:
    Female
    Секојденевно луѓето се бориме со доброто и злото.Многу ретко во животот не опкружува доброто,но за жал владее злото.Злото владее заради луѓето,незнаат да почитуват,не знаат да сакат,не знаат да помагааш,не знаат за ништо друго освен лошо да ти направат.Доброто во животот може само да ни го подарат нејблиските,освен нив никој друг...
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,812
    Likes Received:
    80,622
    Gender:
    Female
    Разни теории постојат.
    Спрема едни, луѓето се раѓаат по природа зли па родителите имаат задача да го искоренат злото од нив додека се уште деца.
    Според други, луѓето стануваат лоши од наследни гени.
    Спрема трети, злото потекнува од растење со насилници, алкохоличари, наркомани, крадци.
    Според четврти, тоа е резултат на психичко малтретирање.
    Петти велат дека физиономијата на човекот има големо влијание врз неговата наклонетост кон злото.
    И сите тие имаат право донекаде.
    Денес светов полуде. Луѓево брутално убиваат без око да им трепне. Но потрагично од тоа е што, барем кај нас, не ги казнуваат како што заслужуваат.
    И како што гледам, злото е пораспространето од доброто. Светов оди во пропаст...надеж не гледам. Доброто е толку многу ретко и тие луѓе се светлина во оваа темница околу нас.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    За да се одговори ова прашање, треба да имаме универзална дефиниција за тоа што претставува зло, а што добро.

    Злото може да се објасни како дејства кои се анти-човечки или анти-социјални, како што се силување, измачување и убиство. Големо мнозинство на човечките култури биле обзервирани како ги прават овие работи и инаку обични луѓе од современи цивилизации кои биле обзервирани како ги прават овие работи под одредени околности. Ова сугерира дека во нашата природа е да бидеме злобни, но и дека не е неизбежно да го манифестираме овој аспект на нашата природа.

    Од другата страна, доброто може да се објасни како дејства кои се про-човечки или про-социјални, како што се помагањето на другите и жртвување на себеси за нечие добро. Исто и овде големо мнозинство на човечки култури биле обзервирани како ги прават овие работи и инаку обични луѓе од современи цивилизации кои биле обзервирани како ги прават овие работи под одредени околности. Но ова би сугерирало дека во наша природа е да бидеме добри, но и дека не е неизбежно да го манифестираме овој аспект на нашата природа.

    Сметам дека ова зависи од развивањето на нашето однесување кое ги зголемува шансите за преживување и репродукција. Кога во стабилна и безбедна средина со доволно храна , имајќи ја биологијата на моралот го одржува нашето место во заедницата на луѓе кои помагаат во обезбедувањето на нашите биолошки императиви. Додека во многу стресни, сиромашни ситуации ние сме подготвени да згаснеме преку било кој ако тоа ни помогне да преживееме.

    Ова докажува дека ние се колебаме преку доброто и злото и дека на некој начин сме слични како Dr. Jekyll and Mr. Hyde - нема поента да се прашуваме дали во суштина сме повеќе добри или повеќе злобни. Постои спектар на човечки однесувања а ние ги нарекуваме екстремностите на овој спектар ,, добро ,, и ,, зло ,,

    Ние сме навистина комплициран вид, веројатно поради тоа што имаме поголема интелигенција од останатите видови на оваа планета и размислуваме на поинакво ниво и поради тоа размислуваме и на морален и на неморален начин, како што диктира нашата околина и нашата физиологија. Од околностите зависи дали едното или другото ќе доминира.
     
    Lianna Anna and Someonespecial like this.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,389
    Gender:
    Female
    Верувам во добро и во зло.Постојат и двете и се секојдневно околу нас.
    Затоа и верувам во Јин Јанг.
    Сликава дава убав опис:
    C97D294F-7D39-40DF-93D5-E69D8A461336.jpeg