1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Додворувањето - некогаш и сега

Дискусија во 'Врски' започната од Sparks, 19 ноември 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ја отворам темава, побарав дали постои слична, не најдов, но ако има нека се заклучи.

    Ме интересира дали некој друг е љубопитен и посакува да има додворување како во минатиот век, каде што девојчињата им се додворувале на момчињата така што ќе го испуштат марамчето на пример, ќе си ги штипнат образите за да се зацрвенат или пак намерно ќе почнат да работат некоја работа за да бидат приметени. Момчињата пак ги краделе таквите марамчиња од девојчињата и создавале интересни игри. Според мене додворувањето е најубавата профаза на некоја историја на пар, која засекогаш ќе остани во сеќавање. Кога ги слушам постарите како зборуваат за тоа, ми е малку криво затоа што тоа денес е исчезнато.

    Денес тоа оди преку фејсбук најчесто (преку фамозниот лајк) или пак во кафич во алкохолизирана состојба, кое личи на се освен на додворување.
     
    На Lady Phoenix, angelche16 и sesilija им се допаѓа ова.
  2. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    :wasntme: тоа би било баш фино романтично , но не смее да се очекува
    додека тој да троши време тебе да ти се додворува таа до тебе ќе ја легне , па нормално дека нема да
    трошат време и енергија на додворување, кога самите си го правиме тоа
     
  3. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Сметам дека денес воопшто е изменет начинот на додворување,младите имаат некои стереотипи,кои можеби ни самите незнаат да си ги објаснат.Да,прекрасно е кога ги слушам постарите како кажуваат како се запознале,па одење во кино,на игранка,на корзо.....е денес го нема тоа,или можеби во некои ретки случаи.Денес ако немаш фејсбук не си во тренд,па како тогаш ќе стапуваш во контакт со другите :?: Друго важно е да се излезе,да се отиде на некоја журка,да се опијаниш до бесвест,да се смуваш со колку повеќе можеш, е ако сето тоа го практуваш ќе бидеш главен фраер во маало.Па тогаш немора да се додворува сите ќе трчаат по тебе.Мене ми се допаѓа повеќе стариот начин на додворување,но тоа е ,денес младите имаат некоја современа визија во тој поглед.Мислам сето тоа го прави и брзиот развој на технологијата и други фактори,па сите сакаат да бидат современи,никој несака да заостанува што е нормално нели?
     
    На sesilija и pink4ever им се допаѓа ова.
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Нормално дека времињата се сменети,менталитетот е сменет и тоа е сосема нормално.Од сето ова што ни го носат овие времиња единствено што не ми се допаѓа е тоа што многу девојчиња премногу брзаат да станат жени и некако прерано го напуштаат детството.

    А што се однесува до додворувањето и денес има момци што навистина знаат да заведат жена користејки ја старата добра романтика.

    Ако се прашувам јас,порано кога ќе фатиш дечко месеци ќе чекаш да поминат па да се допрете,за секс муабет да не правиме,оти срамота било нели.. :!: шо кејф си крателе,па ако не го бива во брак после ќе кутиш ќе пукнеш...е мене изгледа сепак поарно ми е сега ;)
     
  5. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Фејсбук е дел од нашиот живот. Што да правиме што времињата се менуваат? Мора да се прилагодиме....

    :) Сите се фаќаат за фејсбук, прават шали и го потценуваат а уствари на сите итекако им е битен!
    Мене лично не ми се допаѓаат додворувањето од порано, од времето на нашите родители..многу ми е смешно и просто...и не романтично....
    Додека пред да се појави лудилото на нет технологија...она мистериозното, она кога искачаш од еден во друг кафич ( дознаваш кај он оди и идеш таму ) Си пуштате по некое погледче, се шмекате...после барање тел, моб...се слушате некое време...па на кафе..па некоја журка итн итн...Исто порано за родендени се правеа журки на изнајмено место некое ( за сега не знам дали уште има ) или журка се прави на фб ( како што прочитав лани мислам дека беше предновогодишна онлајн журка на фб :^) )
    Еее сега е многу полесно да се дознае некој, веднаш го аднуваш на фб...па и лајк па коментар па чет...и ако си се засвиѓате преминува на видување...ако не останува на контактирање преку чет... :|
    Мене ми фали моето време на додворување кога не беше толку лесно да се дознае нешто за некој кој ми се допаѓа...него дознавав преку други...па идење таму, па имаше и доста време беа популарни интернет кафеа...се собиравме машки женски...и сите убаво се дружевме.
    Сега ова модерново ми е некако не реално....кој каков сака и посакаува си прави виртуелен свет :x

    http://www.youtube.com/watch?v=xSUJ-M8RopM
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Па да, може да се каже дека е така. Но најмногу ме иритира тоа што од таквото "додворување’’не го запознаваш машкото такво какво што е. Се зачудив колку поинаку течи муабетот на фејсбук а колку поинаку во живо. Порано се знаело, се што си кажувале било очи во очи. И да, сакам да сум во некое такво време, каде има некоја поголема креативност од лајк.
     
    На SuperGirl2010 и sesilija им се допаѓа ова.
  7. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Па би сакала многу работи да не се такви како што се денес.. се е претерано модернизирано. Секако дека треба да се менуваат времињата но денес од што е се променето и модернизирано ја расипавме и планетата :^) Е сега кога сме кај додворување ДА! Би сакала да биде по друго, како што било некогаш очи во очи а не да се најде некој си од некаде и да ми запише глупости, некој кој го немам видено во животот и тој ме нема видено освен на слика да ми вели дека сум му симпатија! Ма ајде глупости! Но на тоа не натерала можеби технологијата, можеби сега им е и на машките полесно да ни пишаат од колку очи во очи за корпата да не им биде толку понижувачка.. којзнае :x
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ех тие времиња...Се си одеше постепено,спонтано...се беше реално,романтично на некој начин...Дечко прво ќе искине три пара кондури дур ти пријде, а тек за да добие потврден одговор за да може да те испрати до дома уште три...Па додворувањето траеше подолго дури ти се решиш дали си за да или не.А да не кажувам за понатаму да те фати за рака..прв бакнеж и останато... :$ Машките беа храбри и упорни...Се знаеше улогата нивна и улогата на девојките.И нормално се ова се случуваше без технологија.Денес веќе се е извештачено...виртуелно...Се зависи од ФБ,МСН, :skype: ..Улогата дечко и девојка се сменија.Девојките превземаат прв чекор,се наметнуваат додека машките се изгубија... :^) Ама тоа е тоа, се се менува и мислам дека се оди на полошо.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ако место да ти се додоворува легнува друга, таков не ти ни треба. А девојките не треба ни да се толку очајни, па да легнуваат за да не легне таа другата пред нив! Аман бе! Малку самопочитување не ќе е лошо. Додворувањето не е старомодно и верувајте, кога навистина ќе му се допаѓате на некој, и тоа како ќе ви се додворува т.е. ќе ве „брка“. Машките сакаат да освојуваат. Факт. Повеќе ќе те ценат ако потешко те добијат. Факт. И не ги ценат девојчињата што се премногу слободни, што пијат повеќе од нив и што ги добиваат премногу лесно. Оставете го да се потруди околу вас :) Мене маж ми три месеци не можеше да ме убеди да излезам со него :D И откако излеговме и почнавме да се забавуваме, дури уште поинтензивно ми се додворуваше :lol: Зошто? Па, кај мене не можеше ништо да добие на послужавник :) Убедена сум дека оној кој не сака да се потруди да ви се додворува, потоа нема да се мачи за ништо да се потруди околу вас! Не губете време со некој таков. Уживајте во своето слободно време, додека да се појави некој кој ќе сака да ви покаже дека му значите нешто со нешто повеќе отколку со безвезно Like |(
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Денешните машки не се заморуваат со додворување и романтика затоа што девојки од 15-18 години, скоцкани, накитени како елкици и слободоумни, со неограничено време на излегување им се пуштаат самите, така да мулињава немаат потреба да се додворуваат, кога сами им се џиткаат пред нозе, со деколте до папок.
    Малолетничките , а богами има и постари се како мали послушни кутриња, привезочиња, слатки се, храбри, вечно насмеани (а Бог знае зашто само се кезат :^) , они сигурно не знаат), први приоѓаат, муабетат, си бараат честење, пијачка и превоз до дома, може и секс да падне, а утре нема потреба ниту да и се јавува, она веќе прешла на друга жртва.

    И така, мулето си вика - да си ја земам дома ја оваа што сама ми се пушта и ми се лигави и да ја изработам, а утре нема ни да знам како се вика, ниту ќе ме замара, ниту ќе ме малтретира или
    - да и се пуштам на онаа девојка, ама мора да бидам културен, фин, да ја искоментирам пола домашна библиотека, да муабетиме за чувства и живот и нејзиниот вкус за музика и книги и изборот на нејзината идна професија за што? За еден мочан нејзин телефонски број .... и....
    ај у пм, како не ќе ја молам сега.

    И толку.
    Тоа е жалната вистина.
    Не е крив ни Фејсбук, ни Скајп толку , колку што се криви простите плиткоумни девојчиња и
    незрелите, вечно неизживеани и невоспитани машки во Македонија.
     
    На Bozica1980, GeorGinnA, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Според зборовите на мојата мајка, порано оделе на корзо, и тоа до 9 сатот, ни минутка повеќе! Машките биле на едната страна на чаршијата, а девојките на другата страна! И така се фрлале погледи, шамивчиња..и така кога се додворувале, тогаш немало кафичи како сега што никнуваат на секој чекор! Се одело на кино!
    Сега се е извештачено, воглавно Фејсбукот си врши 90% од работата, започнувајќи со лајк, па коментар, па чат, мсн или скајп! Но што можеме да видеме на Фејсбук! Тоа е место каде сите ние се претставуваме како она што сакаме, а не како она што сме! Тоа ни го овозможува Фотошопот, од бришење на мозолки, до добивање на потемен тен и менување на бојата на очите! Исто така имаме гускини усти, напрчени на вечно доброто огледало, а од другата страна чоколад бар! А кога ќе дојде време да се сретне реалноста...ех...тоа е веќе друга приказна!
    Сега додоворување е кога стискаш лајк, и даваш коментар!.....Навистина жално! Таков маж не е маж! Дури не ти испее серенада под прозор, не е маж! :punch: :punch: :punch: :muscle:
     
  12. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Хахаха Скарлет ме изнасмеа, но се сложувам со тебе!

    Јас, некако сум уморна од технологијава што ја користиме во денешно време... повеќе го сакам стариот начин да удварање :$ ех да бев родена во времето на Џејн Остин....
     
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Да бе сеа и ти викаат дека имаш ѕвезди у очите и дека татко ти е терорист па напраил бомба како тебе... абе до кога со вакви финти бе? :^)
     
  14. 4upeto

    4upeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Сега ако ти дојде тип во дискотека и ти речи да ми дадеш број автоматски се дава фб месинџер скајп каков телефон какви работи јас од ко имам фб дури и помалку кредит трошам на тел хахах све оди преку фб....кај да е и брак преку фб ке се понудва......Статус:Ќе се омажиш за мене? и следува 422 лајк, коментари колку сакаш хахаха и одма смена на љубовен статус.Дури ми недостига да ми се јави некој да ме покани на кафе се само на чет хахах
    поздрав :D :talk: :D
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    мммм... баш би сакала да ми пее серенада :lol: а и не мора да биде серенада, да ми испее некоја песна што ќе биде посветена за мене, без оглед на тоа како пее :D
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Без двоумење ќе кажам дека додворувањето изумира :( И двете страни некако се ограничуваат, но такво е времето кое дојде, со сиве нови работи...........остана само додворувањето на ФБ, како почеток на нешто :?:
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Мене баш татко ми пред некое време ми кажуваше како било во негово време . Ми рече дека се искачало во 8-9 саатот .. позади школо или некоја зграда , и не седеле по 3-4 саата туку некој пола саат . Немало ни со телефони , интернет .. После кога ќе си дошле дома , цела вечер филмови , каков бев , и се свиѓам ли ова она :) Многу ми е романтично тоа еј :$
     
  18. didi1990

    didi1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    јас мислам дека може да постои и нормално додворување само доколку и ние тоа го сакаме...искрено никој не ни е крив што таквото додворување за кое што сонуваме изумира....затоа што и ние ги прифаќаме новите начини на додворување.......Точно е дека живееме во 21 век...но за мене фејсбукот си има намена да комуницирам со роднини и пријатели што не се во земјата....а за се друго....терам old school
    ...точно е дека сум имала дечки што се додворувале преку фејс ама тоа е само знак дека не се вредни за внимание заради тоа што немаат храброст да го направат тоа лично.
    така да....се зависи од нас.....и се е онака како што ние правиме да е ...
    поздравче
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право, те поддржувам, се е сега преку фб, скајп.. :|:|
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Темава е индивидуална, бидејки секој човек има најразличен став и карактер, не секој почитува и ја доживува таа култура и џентламенство на ист начин па затоа факти се нема и не постојат.

    Сите знаеме дека денес светот е модерен и опкружен со социјални мрежи, но пак ќе кажам сите луѓе не се исти. Постојат и навистина културни луѓе и луѓе со шороки видици, но се повеќе не опкружуваат луѓе кои премногу гледаат филмови и влијанието од надвор ги треска по глава.

    Џентламенство, кавалерство и култура постојат кај луѓе кои се воспитувани и карактерно такви.
     
    На glosipgirl, Prijatelot и classy_M им се допаѓа ова.