1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Додворувањето - некогаш и сега

Дискусија во 'Врски' започната од Sparks, 19 ноември 2010.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е толку привлечен тој вид додворување со шамичето туку храброста на момците и начинот на кој им пристапувале на девојките. Сакам некој да ми пријде на улица, во автобус, во трговски, во библиотека... не сакам на фејсбук да ми се додворува. Е тоа е она што ми фали, што сметам дека сега е заменето со технологијата, што сите си гледаат во телефоните а не околу себе.
     
    На theowndemon и VladeMila им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Аххх, интересна тема, морам да признаам.

    Да, љубопитна сум и сакам да доживеам такво додворување, но под услов да се врати и тоа време. Додуша, мене најмногу ми се допаѓа времето во кое нашите родители ја живееле младоста - значи, '70-ите и '80-ите години.

    Како и да е, најмногу од се' ми се допаѓало кавалерството порано. Бариерите кои не смееле да се поминуваат помеѓу двајца заљубени бидејќи така налага општеството. На тој начин некако ми се зголемува „тензијата“ помеѓу двајцата, флертот е посладок, емоциите се поинтензивни, копнежот е поголем, а и страста. Па тие игранки кои биле едно од ретките места каде можеш да го видиш љубениот, па да го допреш, а да не изгледа непристојно за тоа време... Има свој шарм сето тоа. :)

    Ама во денешно време нешто такво да доживееш или да сакаш да доживееш, ќе изгледа смешно и благо кажано - ретардирано. Во денешново време во кое се' ни е ставено на послужавник, па само помини и земи. Како за роба да се работи. Не се знаат веќе ни манири, нема ни нормално додворување, машкиве станаа (се извинувам на израз) п*чки, а ние ги зедовме работите во свои раце како мужи (да, како мужи, а не мажи).

    Јас ќе бев задоволна дури само ако машките се малку повеќе кавалери отколку што се и ако имаат муда да се додворуваат и да флертуваат. Тоа би било доволно. :)
     
    На Elena69221, Bender Rodriguez, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Убава тема.
    Има што да се каже за овде.
    Некогаш доворувањето беше вистински ритуал.Секогаш, без исклучок на прашањето ,,дали сакаш да се фатиме,, се одговараше со ,,ЧЕКАЈ ДА РАЗМИСЛАМ,,
    Денес кога ќе се сетам на тоа ,,чекај да размислам,, умирам од смеа.
    Немаше мобилни па сите договарања беа по фикесн телефон.
    Кај тинејџерите беше популарно и она ,,заебавање по телефон,, и не познавам некој од мојата генерација кој не ја помина таа ,,болест,,.
    Па машките одеа војска...па се пишуваа љубовни писма...
    Немаше т.н. ,,мување,, и ,,шмекање,, (имаше додуши , ама муваторките и шмекачките се викаа поинаку-погрдно).
    Се беше толку едноставно и простодушно што ме фаќа јад оти моето девојче нема да го осети тој шмек на љубовта.
     
    На mila89, vitamina, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сетам на првата симпатија и додворување се враќам на времињата кога културата и воспитувањето на младите беше застапена секаде, па и во љубовната комуникација.
    Прашањето :"Сакаш ли да се фатиме" беше општо познато за почеток на една тинејџерска врска. Се сеќавам дека долго време чував едно ливче од тетратка на кое беше напишано ова прашање. Не дека типот немаше храброст да ми го постави при средбата, туку немаше трпение да помине викендот затоа што јас патував, па ми го даде во рака. Толку беа потезите детски, искрени што се забележуваше некоја срамежливост и румени обравчиња кај девојчињата и кај момчињата.
    Денес младите се имуни на ова чувство. Додворувањето се доживува како неодминлива компонента за која не е потребно многу размислување. Љубовта ја перцепираат низ броеви и пресметки и не знаат за магичните пеперутки и занесни моменти.
    Тоа беа убави времиња и спомени кои секогаш ми будат топли чувства и насмевка.
    За нив би раскажувала со воодушевеност секогаш кога сакам да се вратам во она "некогаш" само да си ги размрдам мислите, а не да правам споредби.
    Ништо не е како тогаш. Се е променето со развојот на технологијата, па и меѓучовечката комуникација кога станува збор за љубовниот пристап.
     
    На Elena69221, theowndemon, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ваљда навистина сум старомодна. :lol: Кога дм ми предложи врска беше тотално друго од тоа што го опишувате како додворувањето сега.:tmi:

    На почеток често се дружевме. Тој ден го шетав кучето со него и ме праша дали некој ми се свиѓа. Му одговарам, па него го прашувам и почна да ја опишува личноста (мене):wasntme:. Кога заврши ми даде цвеќе(од џеб го извади, свенато кутрото... требаше да ве известам порано дека не пишувам за романтичен момент). :DЈас со крокодили во стомак, цела испозбунета, вцрвенета од срам одговарам „не знам... :tmi: ќе размислам“.:$ Во тој момент сакав да се закопам жива, но сега го ценам и ми е најубавата (и најкомичната) меморија. :lol:
     
    На vitamina, Marick14, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Али најбитен момент е ,,незнам , ќе размислам,,:rofl::rofl:
    Како да ке одиш дома, ќе ставиш прст на глава и ќе мислиш дали да се ,,фатиш,,
    Абе многу убави моменти имаше.
     
    На Marick14, Lady Phoenix и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ех... ме потсетивте на една случка од основно. Тогаш добив љубовно писменце, некој ми го ставил во ранец на одмор. Ама јас пустата, тоа џепче од ранецот скоро и да не го отварав, па писмото го видов дури после неколку дена :tmi: Имав претходно и други такви писменца добивано, ама сите беа анонимни. Е ова беше потпишано :) Едно дете ми изјавуваше љубов на страна А4 формат :wasntme: Некои исти работи ги напишал неколку пати, ама најсмешно беше што долу пишуваше прашање: Дали сакаш да бидеме заедно? И имаше одговор Да и Не - а јас требаше да заокружам :D Стварно не ми текнува што испадна со писмото и дали му дадов одговор, ама не бевме заедно :$ После тоа останавме другари долго време, во средно проба пак да ми пријде, ама ете, не ни било судено. Сега е женет :)
     
    На vitamina, Elena69221, Wahnsinn и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Порано било подобро додворувањето, а сега тапа. Тогаш било поинтересно. Ќе ти каже да размислам, и дома седиш пред каминот и се мислиш утре што ќе ти каже.
    А сега па, се среќавате првпат во животот, и и викаш сакаш да се фатиме, и таа одма у старт ти вика ДААА !!!

    Еве дечкото нека ви е пример: