Па не знам што прави инаку ама кај нас беше мерење бебе, консултација, доење пред неа, совет за масажа на гради и помагало за извлекување на брадавици, сето чинеше 1800.
Ај ве молам пратете ми линк до тема која е активна во врска со одредени прашања поврзани со новороденче. На пребарување не можам да најдам. Фала
Јас го вадам делот од шишето каде што е цуцлата го вртам наопаку капам капки и малку млеко во цуцлата и му ја давам да ја шмука исто како да пие од шишето само што шишето не е споено туку само горниот дел, незнам дали добро ти објаснив се надевам ме сфати.
Како се справувате со рагади на гради? Бебе цица, но ми се изнаправија ранички, мачкам пурелан на медела, но не помага многу…
Најверојатно не фаќа убаво да цица. Изгуглај за подлабоко како да те фати. Deep latch пиши. Јас се изнамачив со рани, крвови дури.. и на крај Јасна ја викнав дома да ми дојде... Едвај опраив рани од предолго што ја оставив да ме распарчи. Левава до скоро ме болеше дека мн длабока рана имав (а бебе е скоро 3м).
До кога се пијат таблетите лактил и чајот за доилки? Додека дојам цело време или се прави пауза на некое време?
Мислам додека не се воспостави убава лактација? Мене почна да ми надоаѓа веќе и влече бебе убаво, не планирам ни чај ни таблети ако имам доволно млеко, само течности треба доста да се внесува.
Ја ги прекинав кога почна да качува килажа само на цицање.Со малку страв искрено Гледам дека во бубамарата има вишок на секое цицање па мислам нема потреба. Од време на време ќе испијам 1л сок од јаболко и овесно млеко ако ми изгледа како да се намалува ама чаевите и капсулите не ги пијам веќе 3 месеци, син ми ќе направи 5 м уште малце