Нема потреба до толку здраво право бебе имаш да си родила предвреме па да имало компликации и некакви такви работи па ајде да се стресуваш. Факт е дека ти е се ново и не знаеш колку јаде али со тек на време како расте ќе увидиш после два месеци почнав дури да му фаќам асален ред кога јаде кога е задоволно какање за што кенка,плаче итн плус ако има уште жолтица нормално е повеќе да спие .
Нема жолтица, со ептен малку помина првите неколку дена. Да имаше бар ќе знаев зашто толку многу спие најбудна е попладне тогаш и дремките и се многу кратки а и грчеви ја фаќаат... Ама навечер и наутро топ не ја бие
Таква беше и мојата + две недели порано родена. Педијатар ми рече чим напредува убаво нема потреба ни од будење ни да се нервираш ти зошто спие. Ќе се разбуди кога е гладна.
Роднина имам стара педијатарка во пензија, не ја ни има видено малава ми вика упорно буди ја и 20мин на едната, 20мин на другата града ама тоа би било идеално ако и давам строго на 3 саати, а она денски знае и на 1 саат да цица. Не гледам саат.
Абе јас кога и ставав ваквина таа ми викаше и со доење и со адаптирано размак 3 саата морало да има нема проблем. И кога искочивме од болница педијатарот на три саати будење јас не слушав па за 3 недели 800гр имаше качено, а замисли да го будев 1.500гр ќе имаше. За тоа ич не слушај ако напредува остај дете да спие полошо е да го разбудиш
Чим бебе полни пелени и напредува не го буди, нормално е да спие малчко е؛ Не се оптеретувај со саати и минути од искуство ти казувам؛ Чим спие значи не е гладна а кога ќе е гладна и тоа како ќе знаеш преку ден ти цица повеќе и си надоместува за ноќните подои така да остави го бебето да си спие а богами и ти, верувај благослов е бебе што спие исто ако цица од една и се трга не форсирај на ист подој др града немаш потреба само следен подој ќе смениш града؛ Така детето ќе си го земе и зрелото млеко؛ мој совет не купувај вага и не го мери јас земав и се опседнав место да го слушам беба и моите инстикти и ја фрлив и фала богу беба има образи ко слонче
Убаво кажуваш ЈА НЕМА ВИДЕНО ,значи не може да даде совет ко ја нема видено. И нашата педијатарка е стара ,на мм му била доктор. Кога ја однесов на контрола прв пат ( после една недела откако ја пуштија од болница (беше таму 14 дена поради предвремено породување + ешерихија коли на плуќата и жолтица )) ми рече што и да правите продолжете така. Јас и викам ама докторка многу спие. Ми рече по колку време цица и дали менуваш гради. Јас не менувам гради ден денес на едно доење туку еднаш едната еднаш другата ,пошто ко ќе ја прекинам за да сменам веќе не ја фаќа,а знае да цица и 10 мин ама и 40-50 зависи. Тогаш рече примети за колку време се буди после цицање 10 мин ( за 1 час ) и за колку се буди после цицање 40 мин. (Понекогаш и 3-4 часа врзуваше) и ќе ти биде јасно колку е најадена и дали знае да се разбуди кога е гладно. Еве сега сме 3+ ,последно пред 1 месец беше 5400 и 10 цм порасната. Родена 2970. Пак истото што и да правите продолжете така.
Мојот знаел да цица и по 4-5 минути, ама така лакомо што од секаде му тече млеко ама максимум цица 12-13 минути и тогаш гледам дека пола од времето си мљацка, па се трга, го враќам и така во круг додека скроз не се тргне. Тогаш знам дека е најаден. Секогаш цица од една града по подој. Ако му ја понудам другата, цицнува малце пошто му е нова, па се залажува да фати. Одма после тоа бљуцнува пошто е веќе најаден и се полакомил Додека си полни пеленки убаво и си спие, нема место за грижа според мене, мало е, нормално е да спие повеќе
Zdravo mamiciki.Jas taze porodena so carski,koga dovaga mleko jas uste nemam nisto.Dali moze da pijam caj za doilki kako podgotovka ili da cekam...mi treba sovet...a bebinja gi vidov samo na raganje uste ne se mi doneseni...
Здраво честитки! Да симулираш доаѓање на млеко мора бебињата на града да ги ставаш. Чај за доилки не мораш. Пиј многу вода и бистар сок од јаболко. Можеш откако бебе ќе цица и со пумпа да симулираш надоаѓање Мене со природно после 3 дена ми дојде. Значи од 3 дена па натака очекувај ама во болница стално ми го носеа бебето
Еве јас да се пофалам успешно фаќа града, млеко надојде на 3 ден после пораѓај. Сега за сега е супер. Се надевам ќе воспоставиме успешна лактација.
Знам дека прашањево не ми е за тука ама не знам каде да го поставам. Нема да навлегувам што и како да не ми биде постот долг, на кратко само. Веќе не го дојам бебето и го префрлив на ад, ама јас сеуште имам млеко, некогаш го ставам на града за да ми олесни, некогаш измолзувам, и мислев дека колку повеќе нема да му давам ќе ми престане млекото ама еве сеуште не престанува, има ли начин, апчиња или нешто слично како може да ми престане млекото бидејќи не сакам да го дојам. И ќе замолам исклучиво за одговор, не сакам некој да ме обвинува дека сум не мајка и слично. Фала
Како не, кој смее да те обвини? Па зар на децава наши на адаптирано нешто им фали? Колку време се доевте? Измолзувај колку да ти олесни но ја ќе ти препорачам да одиш во пон на гинеколог и нека ти даде рецепт за Достинекс ( за нив менее ми кажа дека е со помалце нус појави). Јас тие ги пиев 2 недели ( 1 апче на недела) и тоа имав само во една града млеко на другата секна. Сега зависи од градите мојата се преполнуваше инпред мастит бев и ми беше страв така да оставам
Јас еве пробувам и намалив со молзењето не сакам таблети да пијам ептен во краен случај ако морам. Гледам што подолго да не се одмолзувам од 3 саати стигнав до 2 пати во ден да се одмолзам некогаш и по 15 саати фаќа да не се одмолзам и се намалува веќе млекото си ги пипам стално ддоека не почнат по малце грутки да се прават горе не ги молзам, а кога ќе има малце колку да се каже да олесни и така треба време по природен пат ако сакаш да ти престане млекото
Јас знам дека по одбивање на бебе млеко во градите може да се најде и по една година од престанокот.Важно да не ги фаќаш и да ги стимулираш.Некој се врзуваат, стегаат или носат тесен градник.Јас кога ја одбив не носев тесно имав намалено со подоите и само првиот ден одмолзив со пумпа колку да не ме боли 20-30мл.Така ако те болат одмолзи малку и толку.Бебе не ставај пак на града оти тоа стимулира. Што и да си одлучила е твоја одлука и е правилна Мајчинството не е само доењето и раѓањето, има многу предизвици така да уживај си во улогата
Се извинувам ако прашањево не е за темава ама не најдов ниедна поконкретна. Дојам веќе 8 месеци и никогаш не сум имала ваков проблем..на градите од страна ме чеша веќе два дена и имам ситни црвени линии, личат на ситни испукани капилари. Дали некоја членка имала нешто слично? Секој одговор ми е добредојден
Мене на почетокот дека ептен ми надојде млеко исто црвени линии и ме чешаа и пецкаа градите ужасно чувство ми беше али после тоа помина најверојатно од нагло зголемување на градите кој знае Ти бидејќи доиш веќе 8 месеци да не носиш прслук или маичка што не ти прија или од прашак некој да не ти е