Прашање: дали постои можност да се обжали пресудата? на пр. да има второ судење, апелационен, уставен и тн...
Секако дека може да се обжали пресудата, нашата држава го има прифатено начелото на двостепеност, така да дозволен е правен лек жалба во речиси секоја постапка. По жалбата одлучува апелациониот суд кој може да го врати предметот на повторно судење, да ја преиначи самата пресуда, да ја отфрли или одбие жалбата итн. После следи и крајната истанца - Врховен суд, за жалбата против одлуката на апелациониот суд одлучува Врховниот суд и неговата одлука е конечна т.е против таа одлука не може да се поднесе жалба. А уставниот суд е суд за оценување на уставноста и законитоста на правните акти кои ги носи Собранието и нема допирни точки со останативе судови.
ќе бидам малку офф топик ама морам нешто да споделам боа што рече ме потсети. пред некој ден зборев со еден колега и ми вика уставен суд го врати предметот бидејќи било погрешено името односно работното место на тужителот во еден од документите. и јас таква го гледам викам како е можно уставен да гледа факти кога уставен треба да ја гледа само законитоста на правниот акт. е сеа незнам дали он не сватил или ме лаже ама според мене ова не е можно ... или кај нас се е можно? боа мислење ?
А што ако тие го утепаа него? Тоа никој не се прашува. Многу други луѓе заслужиле доживотен затвор,а овој човек НЕ. Зарем требаше да дозволи да му го утепаат детето,а и него да го утепаат? Срамота. Па кој родител би седел смирен додека некој се обидува да му наштети на неговото дете?! Неможам да верувам што се случува во нашата држава. Просто македонче....Со крстот на чело.Чесен народ кој секогаш го влече подебелиот крај.
Тука проблемот е во судството кое одсекогаш било катастрофа, а сега се сведе на селска задруга. Кај е власта тука да изврши притисок на судиите како што направи за Љубе, Велија, и ред други. Ние имаме на власт антиманкедонска влада, немојте да мислите дека сум некоја загреана сдсм,овк,а напротив сум гласала порано за ВМРО, моите беа загреани за оваа партија, ама ова е пропаст, не партија. Збир на лажговци кои се како деца од предшколска возраст, толку им е одговорноста.