1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Докторите откриваат што сè им објаснувале на пациенти

Дискусија во 'Насмевка' започната од AnaKlarc, 10 октомври 2014.

  1. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Имав 20-годишна пациентка која не знаеше дека сексот може да доведе до бременост. Немаше поим!

    Жена дојде на контрола со своето 6-месечно бебе и изгледаше како да има чоколадно млеко во шишето. Почнав да ѝ објаснувам, колку што можев поучтиво, дека не смее да му дава чоколадно млеко на нејзиното бебе. Во тој момент таа ме прекина и рече: „А, тоа не е чоколадно млеко. Кафе е! Едноставно го обожава!“

    Имав пациентка која дојде на контрола за сексуално-преносливи болести. Беше многу вознемирена постојано објаснувајќи ми дека имала само еден партнер. Продолжувајќи со мојата проценка, таа ми откри дека дури и ако тој спиел со други, не требало да има врска бидејќи тој секој пат користел кондом и се грижел темелно да го измие после секоја употреба.

    Еднаш морав да го користам зборот к*р наместо пенис бидејќи пациентот не го знаеше соодветниот термин за неговите гениталии.

    Една жена ја мерела температурата на своето бебе така што прво ја загревала рерната и ја ставала едната рака пред неа додека со другата рака го допирала челото на бебето. Таа ѝ кажала на сестрата дека бебето има температура од 250 степени.

    Морав да ѝ објаснувам на 27-годишна жена дека неделното крварење што го има секој месец е нормално и зошто. Таа има две деца.

    На една госпоѓа требаше да ѝ го ампутираат стапалото, па ѝ дадовме да потпише формулар за согласност пред операцијата. Нејзиниот пријател ја праша дали има потреба да размисли за тоа. Таа беше многу ноншалантна и изгледаше како да не ѝ е многу грижа што ќе ѝ прават. Нему му стана сомнително и ја праша зошто не е повеќе загрижена. Таа рече дека сфаќа дека мора да ја оперираат и дека тоа е ОК бидејќи стапалото повторно ќе ѝ порасне.

    Сум морал да информирам неколку пациенти дека кондомот се навлекува само на „рачката“ и дека не треба да се влече надолу за да ги опфати тестисите.

    Еднаш имав пар кои се обидуваа да зачнат повеќе од две години. Им ги поставив вообичаените прашања: колку често имате секс, дали сте имале претходна бременост итн., итн. Понекогаш изгледаа чудно за време на консултациите, па продолжив да поставувам прашања. На крај прашав дали тој ејакулира додека е внатре во вагината. Двајцата ме погледнаа збунето. Испадна дека тие воопшто немале полов однос. Ми беше непријатно, но морав да им објаснам како функционира половиот однос. Морав да се послужам со цртежи.

    Постар човек дојде во мојата ординација жалејќи се на нова точка која ја забележал на неговите гради. Морав да му кажам: „Господнине, тоа ви брадавица, сите имаат.“

    Доаѓа пациентка и многу е вознемирена. Бремена е и не може да сфати зошто. Користи антибеби таблети. Откако зборевме на долго, дознав дека таа ги зема таблетите само во оние денови кога е сексуално активна, никогаш друг пат.

    Една млада жена дојде да си подигне вагинален прстен (прстен кој се става вагинално за да спречи бременост). Дојде после месец дена да земе нов, а стариот го носеше на нејзиниот зглоб како алка.

    Доаѓа пациентка со нејзиниот најдобар другар. Тие се некако револтирани како да можев да ја спречам бременост. Што бил проблемот? Па, антибеби пилулите не ѝ одговарале на девојката на стомакот, па овој како доблестен пријател, почнал да ги пие наместо неа.

    Морав да ѝ објаснам на пациентка дека фластерите не лечат туку само ја покриваат раната. Пациентката се обидувала да се излечи од дијабетес тип 2, така што целата се излепила со ханзапласт.

    Му го објаснував лекувањето на мажот на пациентката која требаше да ја пуштиме од болница. Тој цело време кимаше со главата и се согласуваше со мене, но знаев дека не ме разбира баш. Испадна дека главниот проблем бил во тоа што за лековите го употребував зборот таблети, а тој немаше поим што значи тоа.

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Осе, buba4e89, CrazyGirl15 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Докторите откриваат какви сè работи морале да им објаснуваат

    Хахахаха :rofl: :rofl:
    Стварно ли има вакви луѓе? :^)
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Има има. Види на тема анален секс и ќе ти стане јасно. И кај нас има прашања од типот, дали со триење над фармерки, може да се забремени. Дали со анален секс, може да се зголеми задникот итн
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Зарем е можно да тој степен..., да има такви луѓе? :D Аиии, останав без текст. Бизарно!
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Урлам
    :rofl:
     
  6. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Вриштам !!!

    :worried: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Имав жена која не знаеше како се испитува трихинела а ја преоратиле од клиника кај мене.
    Запна да и земам 'брис' а уствари јас работам на биопсија од орган која не можам ни да и ја направам лично јас. На крај и реков жено ако толку не сфаќаш легни на маса и ќе земам нож од кујна. Бидејки никако не и влагаше терминот биопсија во глава.
     
    На CrazyGirl15 и Spidy им се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Имав ситуација каде пациент инсистираше да му помогнам со болка на забот, да го поправам, ама под услов да не го бушам забот со машината.
    Само гласно се насмеав и му реков кога ќе научам како се бае може да пробаме, а во мегувреме ќе го поправам ко што ме учеле во школо.
     
    На buba4e89, CrazyGirl15, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Хахахахах :rofl::rofl:
    Легенди :D