1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктори и сестри крадат лекови од болните од рак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 септември 2023.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.139
    Пол:
    Женски
    Многу сме мирни, кротки, тивки, плашливи, затоа и нашле па зашле овие бездушнициве и се изживуваат постојано. Убаво викате, требаше палење, и да ги каменуваме проклетниците, вака ќе биде кучињата лаат караванот си врви ко секогаш.

    А нема да има пак протести, пред министерство за здравство на пример?
    Заслужуваат секој ден протести да има, да не можат глава да дигнат од гужви низ градот.

    Каква мизерија ќе бевме значи, кога протестираат некои за покачување на плати, ќе им пуштат нешто, колку да ги заќутат, коа се протестира поради загрозување на животот и убивање на невини луѓе нигде ги нема, се кријат по дупки сеа, коваат план како да се извлечат на најбезболен можен начин.

    Да продолжиме да се бориме, нека не остане само на ова, мора пожестоко, многу пожестоко, они немилосрдни ние уште повеќе треба.
     
    На Dentina, MandyLane, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    110.792
    Пол:
    Женски
    Лонг стори шорт нема никој да ти се лути ако речеш ме мрзи да излезам.
    Ако не, да не протестираме ич, м?
    Оти според тебе ако се протестира МОРА од партија да е.
     
    На nextredstyle, simoncelicius, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.561
    Long story short, кој ти е проблемот за вака да ми се обратиш? Зошто толку лично?!
    Да, во ситуацијава е партија. И?!
    Пишав и пак ќе пишам, нека ги извадат сите, тогаш народот ќе се сплоти.
    И не ме читај селективно, или читај се или не скокај.
     
    На Directioner005, Sophitas и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.301
    Допаѓања:
    19.593
    Пол:
    Женски
    Убаво прави Франција кога се крева на протест, треба да го осетат гневот, болката на народот. Вака со транспаренти " СДС ку* да пушите" ништо не праиме. Нив тоа не ги допира..
     
    На cresa-jagoda, Lotus Girl, MandyLane и 16 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Видов многу луѓе што ги знам што стално излегуваат по протести и не можат да трпат неправда, видов и многу нови луѓе што не ги знам.

    Не видов толку гнев кај народот, колку што видов тага, очај и пораз. Имаше еден човек, 40тина години, точно му го запамтив ликот, во црна јакна, се уби од плачење. Којзнае што све има видено, којзнае што све имаа видено пола од луѓето што беа дојдени таму.

    Ама слабо е. За ваков скандал, за вакви траорни злосторства, за ваков геноцид не беше ни половина од тоа што требаше да биде. За ова требаше да излезе цела држава.

    Тоа е дечки. Никогаш нема да не биде.
     
    На LiquidLuna, *Amethyst*, Pixi5 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    110.792
    Пол:
    Женски
    Затоа што она што ти го напиша го сфатив лично затоа што јас не излегов поради партија, излегов затоа што еве како обичен смртник баш ОВА ми ја прелеа чашата. И пошто осеќам внатрешен порив да излезам според тебе МОРАМ да сум вмровка и се борам за партијата да ми дојде на власт? Не те сфаќам баш:?:
     
    На Malesia, MandyLane, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.765
    Пол:
    Женски
    Го исполитизираа случајов, за жал :( Затоа и многу не излегоа.
    А, до некаде и во право се, пошо се бара одговорност само од сегашнава гарнитура, а тие претходните каде се?! Или им се простува?
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Внимателно следев што се случуваше, кои луѓе се тука, што скандираат и слично. Можеби да, имало некои од ВМРО, ама не беа ни четврт од целиот народ што беше. Беа млади деца, повозрасни луѓе на кои им е дојдено преку кур и луѓе како мажот што го опишав кои најверојатно изгубиле некој близок во таа зграда.

    Нема протест на кој нема политичко определени луѓе кои ќе одат. Буквално на секој протест на кој што сум присуствувала ги има тие луѓе. Тоа не значи дека ние другиве треба да седиме и да чекаме Исус Христос да се симне на земјата и да ни помогне за да прекинат да не убиваат. Со дремење дома ништо не се постигнува, затоа се случува ова што се случува.

    Имаше симпатизери и на СДСМ иначе, знам луѓе што ги гласале а сега беа излезени и бараа одговорност. Ама, изговори имало и секогаш ќе има.
     
    На Dentina, VDT2906, jacqueline.s и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.561
    Па сега ако ти го сфаќаш лично, а не ти се обратив, твое е. Една секвенца небитна те засегнала, а не си ме прочитала се. Баш без веза.
    Не мора да ме сфатиш.
    Пишав таму низ постовите еден цитат, краток ама гаден. Јас реков - ќе излезам кога гадот Тодоров ќе се најде на листата, а и многу други, околу него, пред и по него. До тогаш ќе бидам лицемерна кон себе и кон неколку блиски ако излезам. Нема логика. Никаква. Зошто ова не е од сега, а бројат само како за сега. Е не може така другари - сите ќе ве има.
    Факт е дека е партиски, ете пишавте што глупости се скандирале. Не излегувам некому да бидам бројка и агенда.
    Не ми е целта да бидам запалена маса, сакам глави да летаат, ама сите - сите - сите, од вмро, дуи, сдсм и кој год веќе. Ама сите! И за прв пат сакам смртна казна, ама болна, нехумана.
    Нема што да ти прелева чаша, јас не гледам зошто. Излегувај си ти, тоа е твое право, како што е моето да мислам вака.
     
    На Ahoy, Directioner005, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.101
    Допаѓања:
    20.830
    Пол:
    Женски
    Хмм, искрено очекував многу повеќе да бидат и повеќе револт да се покаже.... ама после гледав клипови од протестот каде шо даваа интервју некои лица на тоа дали ќе се смени нешто и на сите одговорот им беше дека не веруват дека нешто ќе се смени! Греота и жално. Овој народ има изгубено целото поверение во државата и знае дека ништо нема да постигне со протестот , дека они пак ќе си се бранат.
    Арно викат старите, со оваа држава нема заебанција, и тоа го иам искусено на мене.
     
    На Dentina, Malesia, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.902
    Допаѓања:
    111.321
    Пол:
    Женски
    Остај сега ти скандалот се спрема народ за продолжен викенд..само оној кој осетил знае и го боли, другите си кулираат.
     
    На *Amethyst*, Dentina, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    110.792
    Пол:
    Женски
    Баш безвеза е да генерализираш. Демек пошто отидовме на овој протест сега сакаме само Меџити да одговара? Не, туку сите кои се однесувале ко Меџити да одговараат. Ако бил Тодоров и тој. И тој пред него и тој после него.
    Секој доктор што правел малверзации особено на грб на пациенти, да одговара. Не ми менува ако овој од сдсм ме краде и го уапсат, ако краде и тој од вмро а остане на работа заради партијата. Јас украдена ќе бидам во секој случај и исто ќе ме боли дали ме украл доктор од вмро или сдс.
    Нема милост за нив и не смее да има за ниеден. Да скапат во затвор на 5 дена еднаш сув леб да јадат како стаорци да цркнат.
     
    На Dentina, tanjita, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    1.804
    Пол:
    Женски
    Колку луѓе само плачат, колку статуси лични приказни се напишаа, колку ќе останат не кажани. Нема вода што може да испере, немало помасовна трагедија со години.
     
    На Dentina, cresa-jagoda, manako1 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.891
    Допаѓања:
    123.061
    Колку не верувам на такви “борци” :( ко нив двете …
    Тотално во право…
    Не беше посетено , очекував цела МКД на нозе , се разочарав
     
    На Dentina, LejlaD и Cka им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.561
    Ти го сфаќам идеализирањето и надежта срцка, ама не е така... си тераат они агенда, ПР, ловат во матно. Ми се допаѓа твојот оптимизам и детска наивност, ама ... за жал друго е.
    Кој дремел по ходниците и молел, знае, овие што збираат поени сигурно не.
    Сакам да си во право само, ама...за жал нема да е така.
    Секој кој пак оди свесен за овие намери и мачка очи дека е од правите побуди, се надевам мирно ќе спие ноќе.
    Сакам народ без партии. Ние сме едина европска земја која е волку поделена, обземена и забегана по политика, не можеме ни за правите работи да се избориме како што треба.
     
    На Dentina, JuLleE и LejlaD им се допаѓа ова.
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Dobro vie se lazete sami sebe ili sto god prethodnite, ako bilo taka prethodno vaka so prodazbi i lazni pacienti i vistinski zosto ne izleze takov skandal togas? Vtoro, pomirete se, ovie se vinovni za 5god lazno lecenje, tezok grabez i svesni ubistva na nekoj nacin, si izigravanje na ovoj pola doza, na onoj fizioloski rastvor, a na tie na Kosovo za nz kolku evra od ljubov lek. I dosta vekje, pa kolku sakas bidi orientirana, pagja ovaa vlast pomiri se, pomiri se i so toa deka si zastanala pozadi vakvi lugje, ne Tamara edna, X Tamari ima sega sto gi lecime so donacii na tel, a za nekoi i mn docna, decata pocinaa i dosta vekje. Malku e ovoj bes za totalna bescovecnost pa, uste i vas covek da ve cita, imajte oset i covestina barem malku.
     
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    И мене ми изгледаше многу мирен протестот, баш и од себе поаѓам не бев многу гласна. Многу луѓе тивко гледаа што се случуваше. Не се чувствуваше гнев толку колку што се чувствуваше пораз и тага.

    Очекував повеќе луѓе, дури знам и познаници кои имаат блиски изгубено во последниве 5 год. на онкологија и не беа.

    Се надевам дека ќе има уште еден протест, овој пат во работно време затоа што денеска протестиравме пред празни згради.. од еден протест нема да има никаков ефект.
     
    На *Amethyst*, Dentina, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Види...се по пишувањето се гледа дека ги браниш и овие другите.Луѓе дај да се свестиме турете пепел СДС, ВМРО ,ЛЕВИЦА....Дај да искочиме ,ко луѓе не засега сите.Турете пепел на партии.Скоро сите ја искотистија државава ,за праење милиони ,на наш грб и здуваа од овде.
    Ова не е Македонија туку логор на смртта.
     
    На *Amethyst*, Dentina, Malesia и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ne e za branenje, sto da branis vo slucajov ama da se peres so nekogo ne e resenie, a pisuva devojcevo lugjevo bile mirni na protest, pa ne bas, samo se komentirase dobri im se prozorcite na OJO l, dobro bi bilo ova od nas da izleze barem po toa prozorite ama se vozdrzaa. Taka sto, sto izgleda mirno ne znaci deka vnatre vo sebe e bas taka.
    P.S. a besot e pogolem zatoa sto osven protesti drugo i ne mozat, taka sto ne se lazete sebe si, nikoj od ramnodusnost ne odi na protest, a brojkata ne bese mala denes
     
    На butterfly_91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Вакви гнигди ,немат образ и срам ,ова до нив не допира...Не гледаат како будали,и си терат по нивно.
     
    На *Amethyst* и Dentina им се допаѓа ова.