1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктори и сестри крадат лекови од болните од рак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 септември 2023.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    6.484
    Пол:
    Женски
    Повеќе се причините зошто бројката не е голема.

    Прво и главно, кај нас мора секој протест да се политизира. Овој протест треба да е чисто народен, зашто сите не' засега. Нема потреба од партиски пароли или посочување на партиски ликови. Ова не е предводено ниту од партија, националност или религија, туку од човековата алчност за пари. Се здружил медицински персонал, се уиграле „добро“ и резултатот е овој.

    Второ, кој би дошол од друг град, не секој има средства за тоа. Зашто сепак не е во толкава мера исполитизиран протестов, за да се праќаат комбиња и автобуси за масовност. Пожелно е во секој град да се организира.

    Последна и најболна работа е тоа што на поголем дел ни е јасно дека ништо нема да бидне, секое чудо за три дена. Трагично е што сме отрпнати до тој степен. И како што пиша Кате нема гнев, има очај, очај за правда, бидејќи одиш на клиника за надеж, незнаејќи дека алчноста си поиграла со неа.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ne mozam da se doispukam na temava :( koj svesen normalen veruva deka vo bilo koja drzava postoi naroden protest koj ne e poddrzan od politicki faktor, kade vo koja drzava e toa taka, vo USA, vo Francija, kade? Ni protest od edna strana so povekje od 200 lugje ni puch kako dr krajnost ne odi bez politicki faktor. A vie vo sto sakate veruvajte. Drugo, ne duso direktori na klinika ne se medicinski personal, i ne prodavale nesto sto e 200den tuku od 2000e nagore, i sakas da ubedis nekogo ne e toa organiziran kriminal i tie nad niv poim nemale? Vidi groto od nas uste voda pieme, sva srekja pa, ova ne proagja. Covece ne mozam da se do raspucam, ne vredi, samo belki nema da bide kako pozarot, za tamu kje si rece covek ajde ne bilo namerno, koj pomislil, ama ova, ne. Sto se odnesuva do politicki bes, a veruvaj jas na VMRO ne mozam da prostam sto dozvolija da dojde na vlast, a na sds sto imam da se lutam na niv, toa e, dealot se znaese uste na start ama deka do ovde nekoj ima kapacitet da stasa, sta reci ...
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.137
    Пол:
    Женски
    Темава во категорија Политика и настани е ставена ама зарем имаше потреба до толку да мешате политички партии и такви срања?
    Се изгуби поентата вака, и пак дојде до ебаното препукување меѓу народот, алал да ви е, тоа што го сакаат, тоа им го исполнувате, нека се ситат сега, меракот напраен им е.
    Браво, само напред, далеку ќе стасаме вака.

    Сувишно е више да се кажува било што, продужете си со контрирање и онака тоа е најдоброто што знаете да го праите.
     
    На Glowy, Dentina, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elenaa0805

    elenaa0805 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Лошото допрва доаѓа, со тоа што болните со право ќе бидат скептици за тоа дали ја примаат потребната терапија или солена вода..
    Замислете да имате близок со канцер и да се тресете дали воопшто го лечат во болница ..

    Срам ми е што учев медицина, досега бев разочарана од искуството низ болниците, сега сум уште повеќе. Срам ми е да кажам што завршив. Некогаш се сметаше за хумана професија, требаше да си горд што имаш привилегија да спасуваш животи, а сега е срамота и резил да кажеш што си завршил, бидејќи одма асоцираш на лошо, заради едни гниди што одлучиле да буквално убиваат луѓе со умисла, а да не ги спомнувам и случаевите со смртта на деца, модуларната, родилките … Мизерни сме, многу сум разочарана и немам доволно зборови со кои ќе ги навредам, и проколнам, па и нека ми се враќа.
    Ако нешто знам, тоа е дека дефинитивно нема да стапнам во државна болница како персонал, ова е срам и понижување за сите нас и како пациенти и како медицински лица. Не можам да бидам инволвирана во нешто вакво. Дното е достигнато.
     
    На *Amethyst*, Glowy, Dentina и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    Ни за ова не сме сложни,се караме и препукуваме за работа што сите не засега.
    Сите можевме да се најдеме на тоа место, самите или наш најблизок.
    Место сите да станеме и да се бориме за правда и да обезбедиме барем малку надеж дека утре ако се најдеме на тоа место навистина ќе може да не излечат ние пишуваме 20 страни за политички партии.
    Знаат, знаат дека меѓу себе ќе се изедеме и никогаш нема да се сплотиме заедно, и затоа мирно спијат.
     
    На Mrs. right и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Само да кажам, проблемот треба да се бара во Главата, а не во Опашот. Се доаѓа од нашиот нефункционален и корумпиран суд! Кога некој, било кој, ќе се осмели да направи кривично дело (кражба, убиство, физичко малтретирање и тн), ќе биде свесен дека следи, казна од највисок степен, затвор било што.. би бил свесен и нема да се осмели, ни да помисли, некому на наштети. А вака додека утре чичо ќе се јави, не се секирај ќе ја средиме работата, ќе одиш сеа во затвор и за некој месец ќе те извадиме, нека заборават.. или ќе те пратиме у странство, ќе потплатиме некој на граница и ниту те видел некој ниту те познал. Не правиме Ништо, ама баш Ништо. Не е проблемот од вчера почнат, од Онкологија.. трае 30 години уназад, и што е потрагично се повеќе се заглавуваме. Друго, немам ништо против ниедна Религија или Етничка припадност, луѓе сме сите на овој свет. Ама дајте бе, кога веќе сте почнале со тој рамковен и барате процентуална застапеност на сите етнички припадници, дајте ставајте на власт, квалитетен кадар, не ја бива бе со неписмени, не би ва! Неможе да ставате луѓе само да пополните проценти, не иде вака. После се чудиме зошто тоа и тоа не функционира.. нема ни да фукнционира ако вака тераме. Секое чудо за 3 дена.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.275
    Господи. Се читаш ли што пишуваш?
    Партиски било? Мора ли да сум партиски определена за да излезам?
    Лесно е вака кога не си во туѓа кожа.
    Навистина ли мислиш дека луѓето што излегле се партиски определени? Жално е ако го мислиш ова.
     
    На Outlook, MandyLane и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.617
    Пол:
    Женски
    Да да, сите оние родители кои плачеа и кои држеа слики од прерано починатите деца од партија биле.

    На крај краева, преку К*Р и партиски да била организација, ЌЕ ИЗЛЕЗАМ БРЕ!! Се друго е И З Г О В О Р.
    Јаки се само на тастатура.
     
    На LiquidLuna, Elvika, Bitter-Sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    24.617
    Пол:
    Женски
    Имам ТРОЈЦА моментално, у исто време.
    И ќе се најде некој паметен да ми каже дека партија ме пратила на протест.
     
    На LiquidLuna, elenaa0805, Dentina и 9 други им се допаѓа ова.
  10. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    278
    Каде ќе им оди душата и со каква совест ги краделе лековите за болни од канцер.
    Не можам да замислам до кое дно е дојдено здравството.
    Секаде во секоја клиника има криминал ама барем лековите ји терапијата да биде соодветно дадена;(
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.806
    Пол:
    Женски
    Тоа може само личност од друга партија да го каже за да го обесхрабри народот.
     
    На Outlook, VDT2906 и MandyLane им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.276
    Допаѓања:
    19.784
    Пол:
    Женски
    Го гледам ова и ми текна.
    Збориме еднаш на темава со едни и вика едниов Абе не знам зашто луѓе идат пример приватно или странство. И тука и таму исто се лечи болеста, (не само рак, општо) истите лекови, методи итн.
    Е не било исто.
    Кај нас и многу дијагностички методи или се само на приватно или ги нема воопшто.
     
    На *Amethyst*, Dentina и Sielo❤️ им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Кај нас треба да се воведе гилотиња, а не смртна казна. Да се обесат на плоштад, без вреќи на главите.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Не знам како успеавте и во ова да смешате партија и политика. Зарем вакво нешто би излегло во јавност со политичка позадина? Па не се засегнати политичари во темава него обичен народ кој имот продава да дојде до тој лек!
    И манете таму протести, што ќе постигнете со нив? Години уназад сетете се што се постигнало со тие протести. Ништо!
    Кога веќе е политикава присутна , еден јавен апел само да им се даде на овие што се на власт - да им дадат отказ на сите сестри и доктори во тој оддел и да се стават нови кадри со надеж дека нема да се повтори истово.
    И редовни контроли и камери да има да се знае дали некој си игра со животи!
    Недозволиво е ова во ниедна земја..
     
    На *Amethyst* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.215
    Џабе мирен протест, прошетка низ град ти е тоа, кому му мења ако толпа луѓе дреме на улица со хамери во рацете.

    Пар институции треба да горат. За тие што се знае со сигурност дека учествувале, треба на коси да бидат извлечени и ете таму на улицата да им се пресуди.
     
    На Bezimenka90, elenaa0805, Elvika и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    176.952
    Како не се засегнати политичари?
    Ај размисли, тебе да те вработат утре негде, ќе ти текне како да украдеш и да реализираш мрежа на трговија со црн пазар, и ќе успееш без политички а.к.а. мафијашки канали?
    Да имаше начин политичарите некако да се распуштат- тоа е веќе решение.
    СТРАШНО:x
     
    На *Amethyst*, Dentina, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.555
    Да, лесно е кога не си во туѓа кожа.
    Знаеш ти подобро од мене, признавам.
    А особено па ти кога ќе пишеш, мора да не е...
    Кутри луѓе кои ги користат на емоции, само тоа ми е жал, само тоа.
    А веројатно си писмена, штом пишуваш тука, ама веројатно се тригаш само на одредени зборови, а не ја читаш цела содржина на постовите.
    Малце логика да употребиш...нема да е лошо.

    Тетка ми била вчера со други соборки сите со канцер на дојка, кажува дека не би идела пак, цитирам - партиска багра, ние плачеме, они се дерат, пцујат.
     
    Последна измена: 5 септември 2023
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.806
    Пол:
    Женски
    Ај, не го обесхрабрувај народот и ти.
    Потребни се протести, само со поголема бројка. И бар малце гнев да има.
    А, апелот би ти успеал само во друг универзум.
    Нема да ги избркаат сите оти ќе ги издадат.
    Мора да се истури гневот на улиците инаку не бива.
     
    На Mrs. right и s.a.m.a им се допаѓа ова.
  19. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    На таков организиран криминал и уиграна една цела група на бандити, со контроли и камери ништо не праиш. Ниту пак со апели. Гледале луѓе во страшни маки и болки како се мачат и око не им трепнало, ќе ги раздрмаш со апел. Важи.

    Како единки, како луѓе не можеме апсолутно ништо освен да изразуваме револт преку основно граѓанско право, а тоа е протест. А протестите не се успешни пошто иако во описот на протестот стои дека е народен и неполитички, дури и организаторот имаше потенцирано да не се бои со политика, луѓето пак за вмро и сдсм се фатија.

    Нажалост Бетмени, Супермени и Спајдермени што го штитат обичниот народ на филм, не постојат irl, сами треба да си се снаоѓаме.

    И стварно нервира коа викате дека е џабе шетање по улица. Посебно за луѓе што замрзнаа вчера на дожд.
     
    На LiquidLuna, *Amethyst*, Elvika и 13 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.901
    Допаѓања:
    111.320
    Пол:
    Женски
    Како не бе исто било. На моиве во Турција им одредија терапија, разговор со нутриционист, со психолог, безболни и неинванзивни дијагностички третмани ( овде да не кажам што ќе и правеа) итн.. овде на Онкологија сме во време на Менгеле!!!
     
    На *Amethyst*, Dentina, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.