Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктори и сестри крадат лекови од болните од рак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 септември 2023.

  1. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Од целава ситуација не можам да си ја објаснам нечовечноста на тие што ги доубивале луѓето болни од рак. Каде ќе и оди душата што очигледно ја немаат и како можат да легнат да спијат и општо да живеат секојдневно со тоа што го направиле. Не верував во здравството во Македонија секако, сега уште повеќе. Уште пред неколку години наша блиска роднина, докторка познат гинеколог, заболе од рак и покрај сите познати што ги имаат, плус многу се богати, отиде да се лечи во Кина, сега маж и е болен се лечи исто во странство. Краен заклучок е дека тие што имаат пари, ако не друго ќе добијат некаде на страна можност да се излекуваат и да си го продолжат животот, а ние во оваа држава ни тоа не можеме да го добиеме. И факт е дека богатите што се поврзани со многу луѓе знаат што се случува во нашето здравство и не ни помислуваат тука да се лечат.
     
    На *Amethyst*, Elvika, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  2. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    1.823
    Пол:
    Женски
    Скроз. Самите не се лечат тука, децата не им се школуваат тука, половина од годината ја минуваат на дестинации надвор од тука. Фигурираат само како собирање на профит од кај треба и колку треба. Еден нешто не врати на државата. Ако сакате вие пишуавајте и оправајте го системот, нив не им е од интерес затоа што не ги трпат последиците.
     
    На Elvika, cresa-jagoda, Mrs. right и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Напротив на нив и одговара распаднатиот систем и држава, така полесно се краде и се богатат на грбот на народот.
     
    На Dentina, cresa-jagoda, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Апсеа вчера млади на протестот
    Со кој образ бе.
    Треба таму у Влада сѐ да се испоапси, па у вечна агонија да се тера
     
    На *Amethyst*, spacegirl92, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.912
    Не само на Онкологија.
    Баш прашував за еден дијагностички метод, HIDA скен дали тука се прави, а во странство е најнормална работа и ко шо разбрав не.
    Дури пребарував по форуми и групи дали некој некаде правел и не најдов ништо.
    Не ми треба сега веќе фала богу ама ме интересираше до кај сме нели со модерното здравство
     
    На cresa-jagoda, Sielo❤️ и LejlaD им се допаѓа ова.
  6. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Море зборови немам! крива е таа тааа смедлата раководител, кај и е главата/очите?
    Демек еден сестра, како да не! Тоа е организиран криминал кој сега некако пукна.
    Клиника за онкологија е логор на смртта.
    Сите треба да се разрешени, како спијат мирно ? Убици убици !
    Секоја чест на тие два тројца кои се ангели!

    Остали убици наречени медицински лица! Мирно спијат а некој во сандак става близок само заради неспособноста нивна! Неажурноста! Незаинтересираноста!
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.313
    Пол:
    Женски
    На државно нема мамографија термин!! Еј!! МАМОГРАФИЈА. Колоноскопија се чека со месеци, а треба рутинска да е. Во Скопје идат од секаде, никаде нема апарати!! Брука сме, дно невидено. Во светот има домашни тестови за рак на дебело црево!! Не бе не ми се гади каде живеам.. ама на приватно има се. А цените? Кој има пари и врски ќе има и лек..
     
    Последна измена: 5 септември 2023
    На *Amethyst*, Dentina, spacegirl92 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Точно нема, секој ебаана компјутерка томографија на болен од рак се чека над месец. Чекам 2 недели биопсија. Чекам со припритетен термин 5 сааати, чекам чекам и се секирам.
    Чекам и давам пари за снимања надвор од дежавно, зашто со кур во раце се управителите на државна.
    Возам и чекам место ппблиску до клиника за да не пешачи, ама нема.

    Седам со татко ми со наведната глава дали ќе е добро или не, чекаВ ( почина да) кога ќе дојдаѕ цитостатици , барав да , барав врски за да прими пошо ,,БРЗО ОДАТ” . Успат приватно купувавме, но кај се витамините/ храната. Чекам ја така успад на 4 клинки со упатчиња искуцани, одиме се бутаме по гужви.
    Одам и гледам како е 31 по ред да прими ХЕМО, одам и лекарката не исфрла за час пошо тоа е тоа.
    Ова е ПАЛИЈАТИВНА нега, одам и гледам како млада личност става тон лекови во ранец, пред тоа чекајки кафе да испијат .

    Влагаш и гледаш толку многу пациенти колку што нема ни на ни една клиника.

    Нема место за сите да седнат, гледаш бедоќа. Зборам со сестра и ми вика немаат пари луѓе да дојдат да примаат редовно , ќе дојде на неколку месеци.

    Кај им е газот смрдлив на штип и тетово? Платите во џеп нозете на маса, ЕДНА КЛИНИКА ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА.

    Да има и во битола ама сите тука се праќани! Зошто? Сите се тие лекари од универзитетски клиники.

    Е МОЈ НАРОДЕ НЕ ЗНАЕТЕ И ВИ ПОСАКУВАМ НИКОГАШ ДА НЕ ДОЗНАЕТЕ. Ова е само мал дел со свои очи да видите никогаш повеќе нема да бидете исти!

    Брука е мал збор. Убици , убици се сите тие ! Нека е и партиски, оној на кој душата му се изгорила ќе галами и откако буката ќе помине. Ова никогаш нема да им биде заборвено. Нека слушнат сите која фекалија од клиника е
     
    На LiquidLuna, azelea, Elvika и 12 други им се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Најблиски другари денес ми рекоја дека не биле на протестот зашто 'Ќе се селеле секако, не е нивен проблем.'
    Им реков Океј, од солидарност за тие што ќе останат овде барем? Зборуваме за УБИСТВО, дури и да не се засегнати лично, УБИСТВО Е, како се мирни на такво нешто?
    Луѓе, мајка ми, татко ми и баба ми се сите тројца болни моментално.. и најблиски мои другари немаат осет ни за тоа. Што останува за други за луѓе што никогаш не поминале низ слично, како да се очекува емпатија или било што.
    Ужас. Очај. Не знам ни што да искоментирам веќе.
     
    На sparklie, LiquidLuna, azelea и 20 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.313
    Пол:
    Женски
    Во Битола не знаат да работат со порт. Ако почнеш во Скопје докторката ти вика таму продолжи си овде јас си имам мои пациенти.. а бе да земеш да наредиш на зид и сите по ред да ги плукаш..
     
    На Dentina, Victorian и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Нека СВЕТКА навек!

    Голда Меир, поранешна премиерка на Израел. Нејзини зборови.

    „Ако сакаш да изградиш држава во која ќе се вратат нејзините синови и ќерки, ако сакаш да ја изградиш државата од која ќе заминат само за време на празниците, ако сакаш да изградиш држава која нема чувство на страв од она што иднината носи, потребно е да се преземе само два чекори:
    1. Да се изедначи корупцијата со предавство, а корумпираните со предавници, до седмо колено.
    2. Да имаш три најплатени професии во државата: војска, образование и лекари.
    И најважно - работа, работа и работа, затоа што никој нема да ве храни освен самите вие, а вашата држава е потребна само на вас и на никој друг. Кога ќе ти стане животен стил, тогаш си ја постигнал целта..."

    goldameir.jpg
     
    На azelea, *Amethyst*, st-el и 11 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.313
    Пол:
    Женски
    Баш така како што напиша.. народот нема емпатија, гледа да избега од овде, да се спаси... се изгуби човечноста, се изгуби другарството..
     
    На azelea, *Amethyst*, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    20.912
    Инаку затоа што (ќе) работам работа во здравство, познато ми е од блиску дека голем проблем е што нема ни кадар.
    Како што кажав во друга тема, каде што сум јас како волонтер, на обука, не се замараат да вработат нови.
    Последнава година тројца им заминале од овде, ама нови њама.
    Плус и работава бара ептен искуство, не можат секого да најдат.
    Додуша има ама не ќе плаќаат двајца, еден ќе го мачат.
    За некои анализи, испитувања се чека со месеци баш оти само еден човек ги работи.
    Кадар нема.
     
    На azelea, *Amethyst*, Dentina и 4 други им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.725
    @Biljarkata @KateKane И мене ми е криво, и јас сум гневна на ситуацијата ама дека ќе излезам и ништо нема да решам со тоа уште погневна би била!
    Не ми е целта да обесхрабрувам да нема протест, нека има, ама водена од претходно искуство кога и јас сум излегувала на протести(против загаден воздух, случајот со Тамара, тетовска болница) ништо ама баш ништо не се променило.
    Не сум паметна и не знам како да го решам проблемот. Да е мој близок во прашање со свои раце ќе му пресудам,па макар и во затвор лежела.
    Немаме држава пак идиме до тоа.
    На доктор од САД заради свесна грешка (давање на погрешна терапија на луѓе болни од рак) му е изречено казна затвор од преку 20 години. Ние ќе сонуваме да ги казнат нашиве така.
    Песимистички е знам ама тоа е вистината.
     
    На LejlaD и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Еден колектив/ заедница/ општество се препознатливи по својата здравост ако се борат против гревот, против злото, против ненормалното, против неприродното.
    Личноста што се бори против гревот, против злото, против ненормалното, против неприродното, всушност, се бори против смртта, но онаа духовната.
    Таму каде што владее духовната смрт смрди на безобразие, пресметливост, лицемерие, пустош, распаѓање, трулост, сатанизам, а таму каде што духовната смрт се победува со духовен живот, таму мириса на свеж, свет, убав, вечен, осмислен ЖИВОТ!

    Македонски народ. Крајно апатичен, демотивиран а се повеќе ситнодушен и себичен.

    Жалете ја нацијата што не го крева гласот кога оди во погребна поворка, што не се фали освен во сопствените руини и што не се бунтува кога вратот и е ставен помеѓу меч и клада.

    Жалете ја нацијата чиј државник е лисица, чиј филозоф е жонглер, чија уметност е уметност на крпеници и на мајмунлаци,

    Жалете ја нацијата што со труби му посакува добредојде на новиот лидер, а го испраќа со свирежи, за повторно да му труби на новиот што доаѓа.

    Жалете ја нацијата во која на учителската професија гледаат со потсмев и сожалување наместо со восхит и длабока почит.

    Жалете ја нацијата во која дното на општеството стана модел за успех, а образот и честа е за тие наивните.

    И за крај од мене на оваа тема.

    ЖАЛЕТЕ ЈА НАЦИЈАТА ВО КОЈА ПАРТИСКИ БОТОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ФОРУМИ ВЕ УБЕДУВААТ ДА НЕ ИЗЛЕГУВАТЕ НА ПРОТЕСТ ЗАТОА ШТО СО ТОА НЕМА НИШТО ДА ПРОМЕНИТЕ!

    Амин!
     
    На azelea, orevokrsacka, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.981
    Допаѓања:
    32.103
    Пол:
    Женски
    Јас вчера не бев на протест. Ете не ми е срам да кажам. Зашто почнаа повторно да се извртуваат работите и партиски да стануваат.
    Треба оставка од Министер сегашен од морлани причини да. Ама треба кривично да бидат гонети и да одговараат од Никола Тодоров па сите наваму. Не е ова од сега. Ама се сврте на само сега и само тука. И некои дебело политички ќе добијат поени. А цело време овие последни неколку години е само броба за власт. Не им е гајле за луѓе, само за власт.
    Здравството и ништо друго не оправате се додека никој не е осуден. Се додека не се оправи судството и додека сите крадачи на големо не завршат зад решетки ништо не менувате.
    И дел од тие гласните сега не им е гајле за луѓето, се борат за власт и за неказнивост.
    Се најде една медицинска сестра да се распнува јавно. Мижи асан да ти баам. Може таа сама да прави такви криминали нели?
    Се додека протестите ги претвораме во политичка фарса ништо од нив. Вистинскиот притисок треба да оди во насока сите што биле виновни да бидат обвинети, судени во најкраток можен рок и осудени соодветно.

    Инаку свекрва ми се бореше со рак и сега сеуште прима терапија (долготрајна таблетарна терапија - ја прима веќе преку 5 години). Од постапките на лекарите и сестрите е многу задоволна. Тоа што се гледа на Онкологија е страшно за гледање, ама она за нејзината докторка има само пофални зборови. И тоа е језивото во нашето општество. Не знаеме да дадеме поддршка на тие што треба и да ги плукаме само тие што не треба. Кај нас е се џа или бу. Сите се убијци, сите се нелуѓе и слично. Срамота е сите во ист кош да се стават. Срамота е и греота да се ретрауматизираат луѓе што изгубиле свои блиски (кои добиле терапија ама ете истата не делувала или била прејака за нивниот организам) ама ете и во протестот нема етика (зашто тие што го организираат не се грижат за чувства на луѓе). Сте се запрашале ли сега колку им е тешко на лекарите да си ја вршат работата, сите лекари кога во нив се нема доверба. А не се сите исти. Има прекрасни луѓе меѓу нив.
     
    На azelea, Outlook, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Види мене не би ме болело толку да не сум поминала. Тоа нивен проблем е ,извини сељачка работа. Иди ама после не ми дежи катедра како требало и шо вака така. Поздрав онака. Селско однесување.

    Што и да кажам малце ќе е , самоо оние кои влегле со болен знаат. Имало немало протести гомно држава сме, немој да мислите ( општо зборувам) дека систина е боље јок, све шро е тука е искорумпирано, изманипулирано , гнасно. Немам човек немам, зборови немам кои да ги кажам да ви објаснам колку ми се повраќа од здравстово .
    А и што да кажам, некој што чека еутинска контрола на срце и татко ми што му беше ослабено од цитостици за побрзо да види, не вратија са дојдеме за 5 дена . По она ебанана тумба, со зборовите,, е де што ќе ти биде, исто ти се фаќа дал денес или 5 дена ”… кога не е твое , ич ама ич пичка нема да те боли. Немаат емтапија лекариве и сестрите ,нема ни основна етика .

    убисто ова е убиство, ова е ланец. Ќе збори оној кој ќе преживее, оној кој ќе има среќа или пари.

    Подалеку од онко, или уппрност, не се откажувајте никогаш, гуглај барај, праќај. Никогаш не чекај од тие лајна нешто.
    пак пак има добри, има ангели што се лекар и неколкуте сестри, кои добри совети ми дадоа.

    За разлика од лекарот и лекарката која, а влезеш уште да рече, е бирај сандак, имаш време ама бирај. Еј и да ќе ти звонам кога ќе добиеме од лекот, прими сеа за гадење болка а у.
    Пази не кажува дека го има у србија, мораш сам да и го извлечеш од јазик!

    УБИЦИ! ХИТЛЕРОВЦИ
     
    На Dentina, LejlaD и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Форумов, луѓето тука и нивните искуства повеќе ми помогна.
    Нормално и интернетот, па вие видете сега..
     
    На Dentina и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Нена колку пати сме зборле, што е тоа од Охрид некој тука да ми доаѓа и узурпира мое место. Кој сака нека каже, што сака нека каже треба да се знае кој од каде најблиску му е.

    Доста цела Македонија е на товар на Скопје, стручњаци стручњаци ма немој молим те , универзитети, студенти обучуваат, за што? Да ми се слика по бикини? Да си се допишува на меденџер и да рече а не ова е за Скопје.
    Бутај бутај све ваму.
    Доста, што чекаате сите вие што немате асално лекари, што све ве маткаат за скопје. Излезете изборете се да профункционора тоа.
    Еве пр не може тоа све, се е на ск , ајде ок..
    Зоштп немаат патронажни сестри да аплицираат лек, зар некој дедо од некое село ќе ти доаѓа секој 21 са земе лек и да чека 5 саааааати за инфузија?
    Ичи чекај колку постар толку не вредиш.
    Аха ахаа пропусти, немам зборови, не дај боже , во право си, знам дека е така, знаеме сите како функ. Се у бананава држава еден прст да те боли ќе дојдеш до ампутација него помош.
     
    На Dentina, LejlaD и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Денес, 19ч пред ОЈО
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.