1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктори и сестри крадат лекови од болните од рак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 септември 2023.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.135
    Пол:
    Женски
    Абе да, работата на опозицијата секако е да критикува, да бара објаснување и отчет, да предлага подобри решениja за општо добро на сите ама малце поише ко да е свртена на собирање поени? Не? :?:
    Може мене ми се чини така.

    Видиш дека целава ситуација повторно како и што беше очекувано, се исполитизира, почна Македончето да плука по едни, да величи други, да се надева дека трети ќе бидат поарни и така у круг, а главната цел на народот никако да се постигне и само си стоиме у место, а свашта се дешава пред наши очи.

    Ај да го гласаме Апасиев, не сум против, нека се проба и он, ама мислите ќе се среди нешто и оптимисти сте?
    Зарем не знаете и он на кого му лижеше газ?
    Сите ветуваат чуда ама дур да седнат на фотеља, е после почиња јакото.
    Дај Боже да грешам и да е спротивното, секако дека сакам да е така.
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На Andzelka23, Осе, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ама и Левица не гласале против, или сум грешка?
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    39.396
    Пол:
    Машки
    Против беа, ама они имаат само 2 пратеника, немаат никаква моќ за промена.

    "Предложените законски измени кои беа изгласани со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, во Собранието вчера ги образложи заменик министерката за правда,
    која рече дека намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека Предлог – измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација."

    "Тројца актуелни пратеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и ‘Бугари у Устав!’“, вели Димитар Апасиев.

    И секако резултатите од кворумот помеѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО се веќе видливи

    ГРУЕВСКИ СЕ ОСЛОБОДУВА ОД „ТНТ“ И ОД „ТРАЕКТОРИЈА“ ВЕДНАШ, ОД „ТЕНК” В ГОДИНА, СЕ ЗАПИРААТ И „КИНЕСКИТЕ АВТОБУСИ“ ЗА ЈАНУШЕВ И „ТОПЛИК“ И „ТНТ“ ЗА ЈАНАКИЕСКИ И ДРУГИТЕ

    Си ја наредија работата, како секогаш, си се заштитија меѓу себе. Никој нема да одговара за криминалите. Ниту тие претходно, ниту овие сега. Утре нов ден, нов скандал, онкологија ќе се заборави, и така во круг. :)
     
    На tamche995, christinnn, Осе и 6 други им се допаѓа ова.
  4. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Мхм. Народот ќе си пати ко увек. Немам што да кажам. Додека има овци за стрижење..
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
    Кој има желудец нека слуша.. кој е тој аптекар
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.086
    Допаѓања:
    155.548
    На денешната средба на која што бевме примени од Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО,Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот,Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство имавме информативен разговор. Ги дадовме односно ги кажавме нашите Барања, кои и сите вие можете да ги прочитате на оваа слика.

    Бевме, разговаравме, се обидовме да ги пренесеме сите ваши стравови, маки и проблеми, барем оние кои ние ги знаеме. Посочивме кои лекови ние знаеме дека недостасуваат на онкологија и кои недостасувале во минатото(од вас пациентите кои не сте ги примиле)посочивме дека истрагата мора да биде длабока, детална и да се врати години наназад.

    Од нивна страна ни беше кажано дека на предистрагата работат двајца Јавни Обвинители исто времено поради обемот и сериозноста на случајот. Добивме апел кој треба да го слушнат сите онколошки пациенти, не молчете сега е вистинскиот момент да ја кажете вашата приказна вашата мака.

    ОТВОРЕНО ВЕ ПОВИКУВАМЕ!! ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ДОЈДЕТЕ НА СЛЕДНАТА СРЕДБА СПОДЕЛЕТЕ ЈА ВАШАТА ПРИКАЗНА; ДАДЕТЕ ЛИЧЕН ДОПРИНОС)воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата.
    Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ке бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен Обвинител или преку електронска пошта osnovnojavnoobvinitelstvo.skopje@jorm.mk

    Ве молиме правете го тоа масовно сите кои имате и сакате оваа истрага да има вистинска разрешница, да имаме крај на се ова што се појави во јавноста како информација дека се случувало на Онколошката клиника

    Се гледаме вечер во 19h пред ОЈО


    Од Канцер групата.
    Вака отприлика се прави.
    Кој има мака, вака, другите шетачи.
    Денес веќе ќе се видиме пред ОЈО.
     
    На mareane, Dentina, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
    Дајте да се држиме на темава. За онкологија. Партии и други дешавки во други теми пишувајте. Ни се гади имињата да им ги читаме ние што имаме по некој во семејство со мака.
    @RainBow
     
    Последна измена: 7 септември 2023
    На tanjaaa, GirlLove, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.972
    Допаѓања:
    48.772
    Пол:
    Женски
    да умрат бе
    ја со солна киселина би ги труела, ама ќе знаат шо е, за да ги боли поише
    морони едни гнасни
    уште се заштитуваат со закони брзопостапно, место да се закопаат негде и да молат Бога да им прости за сѐ ова
     
    На GirlLove, Осе, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.773
    Допаѓања:
    53.086
    Пол:
    Женски
    На сверква ми, веќе при крај и дадоа некои скапи апчиња Ерлотиниб,
    околу 2к биле но шо дека и ги дале кога после месец дена почина. Рекоа да ги вратиме, не ги вратив, ги огласував за да ги донирам но никој не ми се јави за нив..Они би ги препродале :)

    Тие биле само за рак на бели дробови. Барем од старт да ги дадоа или кажеа за тие не е битно, може ќе се спасеше..
     
    На GirlLove, Осе, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
    Страшно..
     
    На LejlaD и mssuniquee им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Не знам за вас, ама мене од сите говна досега што имаат испливано во државава, а ги има со списоци да ги пишуваш, ова ми е најгадно, најгроморозно, најболно, најсвирепо, не знам....

    Ова и експериметирањто на Жан Митрев врз невини луѓе ми се нешта за кои би ги задавила со голи раце сите одговорни.

    Душата ми се искина за сите луѓе што се таму, буквално ги преплакав.
     
    На *Amethyst*, Glowy, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски

    Буквално најлошо.. не знам какви родители имаат вакви луѓе одгледано, немам ни зборови, нормален човек не би ни помислил дека вакво нешто е возможно.

    Си ја сакам Македонија и немав помислено да ја напуштам и покрај сите глупости, се до ова.
     
    На Осе, KateKane, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    12.001
    Пол:
    Женски
    IMG_20230907_210314.jpg 20230907_210217.jpg
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.641
    Допаѓања:
    176.937
    Абе нормален, ненормален.. криминален мастермајнд иии...психологијата има доволно истражувања на темата. Милграм експеримент, никаков интегритет и вуала- зло.

    И ај не збори за политика. 3 минути го гледав Пановски на темава. Пар поенти:
    - ваква политизација во време на еднопартиски систем, во сфрј немало
    - апропо погорното-стручен директор (фамозната функција), на клиники од клинички центар-човек што врска нема со медицина
    - 10 директори на клиники од клинички центар-од Струмица
    Сигурно и други поенти имаше човекот, од 3 минути, толку.

    Не со јајца на влада. Со СТАП сегде.
     
    На IRBBB, LejlaD и Осе им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
    Што не зина порано тој? Сега се јави? Кога е во политика влезен.. као не знаел? А веледрогеријата Beta Medico Trading на жена му од парите од сусамот му се... Нека не се перат сега.. сите знаеле ама молчеле..
     
    На Ahoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  17. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски

    Се е баш политика.. не се мирисале СДСМ и ВМРО, ама сега убаво сложно си гласаа за законот за злоупотреба на службена должност.

    И се ќе разберам партиски едно друго, ама за ова нешто да го направиш, не знам
     
    На *Amethyst*, Ahoy, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Нит на едните нит на другите му е галје за НАС.
    Не знам еднаш како не ви е јасно.

    Иста глупост се.

    Тешко на фамилии, тоа ќе кажам.
    Да ти замине најмилото и да не можеш да се смириш.
    Сочуство до сите.

    За жал луѓето не можеме да ги вратиме, што е стварно ТЕШКО и БОЛНО,но се надевам дека СИТЕ ДО ЕДЕН ЌЕ БИДАТ ОСУДЕНИ, ВО НАЈМАЛА РАКА.

    Ќе ги стигне нив Божјиот суд, верувајте.
     
    На LejlaD, mssuniquee, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.305
    Пол:
    Женски
    Е од ова Господ ќе ги казни си патиме.. место цела македонија да се крене масовно, си седат дома и си планираат продолжен викенд каде да одат. Ако утре 8 ми септември (кога и изгореа 14 души) не е доволно силен датум за протести не знам кога е.. ама ај Господ ќе им плати..
     
    На Sophitas, Waverly Raven, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.709
    Пол:
    Женски
    Нигде не реков ДА НЕ ИЗЛЕЗИМЕ на протест.
    Одма погрешно се сфаќаме.
     
    На LejlaD и nena2010 им се допаѓа ова.