Психопати, ненормални, болни умој од еден до последен, од вработени на онкологија до државен врв. Болесници едни, сигурно години се правело ова и сите си ќутеле. Колку животи се изгубија ? Ако сте психички болни барајте си помош, кој ви дава за право да одземате животи. А сега фино лепо треба цел државен врв да си поднеси оставки, ова заедно со тетовската модуларна е скандал од невиден размер.
Премногу ме потресе ситуација. Не коментирам често на форумот, но неможам, ужас и срамота. Овие што го направиле ова, не се луѓе, туку безвредни чудовишта, без грам емпатија. Ужасно. Колку животи земале. Кога ја читав статијата на фокус, се наежив, заплакав. Се правувам зошто уште сум тука, нема иднина за мене, што побргу да заминам. Кој може ова да го прави, како може тоа од еден доктор, сестра... Луѓево замешани целиот свој живот треба во затвор да го поминат. Ужас невиден.
Ја не знам што се чека??? ИРЛ да се активираат одма! Мора се да се обелодени,да дознаат сите кои УБИЈЦИ и психопати на лечат!!! Одамна јас сите нив ги викам касапи!Знам што зборам..Следн пат пак нека се дрзне некој да ги брани.Хипокретова заклетва мислам дека не треба ни да постои веќе!!Со солна киселина тоа се треба да се полие..!!Сатанисти!!!
Да не чукнеш на врата од оваа клиника, пардон мртвачница. Хорор! И тоа биле доктори, еј.. Јавно име и презиме, доживотен затвор од најголем до најмал, се да им се одземе, само нужно за живеачка на деца, сооружници, родители кој што има, друго се да се земе и искористи за нови дози лекови
Е ова, баш од ова си патиме ние цел живот со години, децении, векови. Не бе не и не, у корен ни е да сме дно. И уште ќе си продолжуваме вака а?
Мајко мила што е ова бе, хорор, страшно. Бетер и од Хитлер се. Сите молчат сега и ќе молчат кога сите се вмешани бездушници. Да не одиш по тие врати уствари никаде да не влезиш во оваа вујкојебина, ако влезиш веќе назад нема.
Така де, ќе си оди мурто, ќе дојде курто. Колку шо легна в затвор некој од тие шо праеше криминал 12 години, толку и овие ќе легнат. Шо ирл, шо ефект имаше ирл за случајот со Жан Митрев клиник или со тетовската болница? Живи луѓе ни гореа, со име и презиме ги знаеме виновниците и си седиме удобно дома, к@р нѐ боли. Никогаш нема да нѐ биде ко држава оти не нѐ бива ко народ. Мафии од психопати лапаат пари на сметка на животот на болни луѓе, ние ќе си покуцкаме на тастатура, за три дена нема ни да се зборува за ова. Ќе им дадат парична казна од по некои смешни 2000 денари на сите инволвирани, оти толку вредат човечките животи и за некоја година ќе се заборави сѐ. Таква нѝ е меморијата, ко на риби.
Сигурно има, ама ќе ги снема. (Знаете како за крадење на бебиња во 90ти нема ниеден случај пријавено во полиција? На ниво на цела држава?Гледав една емисија мн одмна па се запрепастив) Одамна сме во гомна од нашава политичка сцена ама ај
Добро, овие се од ДУИ? Кадри на ДУИ се? Или има и од СДСМ? Доживотен затвор треба за нив и масовни протести.
Ништо не е подобро и посјајно и на Карил. Зона на самракот! Мртовечница! Доктор ако имаш среќа да видиш,се е специјализанти кои со нозете кренати нагоре не ги интересира ништо. Сестра една во смена, растрчана. Пациентите цело време ,,седирани,, или народски полу-мртви. За они да пијат раат кафе и да си прават хи хи хи ха ха ха. Се обвинуваме што со голема надеж и ветување оставивме човек, свесен, накренат. А ни го вратија во ковчег. Не сакам да зборувам за начинот на лекувањето. А треба.
А до другиве доктори... Ако сега не пробаат да си го обелат вистински образот во целиов ни хаос на никакво здравство, никогаш нема да можат. Сакам да се најде еден што со сета муда ќе издаде кој бил и што бил или социјални мрежи од нив да горат, или самите да бараат оставки за гнасите од нивни колеги. Или не знам стварно како ама со ќутење, само ќе го кркаат и они понатака. После ова и на јогуртот, ма на павлаката ќе дуваме. За све и сешто ќе сумњаме оти нѐ лажат. И ако досега за сите лекарски грешки се бараше оправдување или било ненамерно или не знам ти што...овде нема никаков простор за релативизирање. Ни-ка-ков. Ова е најдно, најгнасно и најодвратно нешто што може да го направи доктор. Толку
А мене душата ме боли за сите шо ги загубив овие години од оваа болест. Ги испраќавме таму со мислата дека се во најдобрите можни раце во државата. Еве сега солзи имам на очите. Ги испраќавме со мисла дека ете се дава се шо се може и шо не се може... Со надеж дека ќе се опорават и ќе ни се вратат. Они ги ставиле на експрес воз за неповрат. Душата ме боли... Не знам нивните каде ќе одат.... Нека почиваат во мир душите кутри, болни, излажани. Каква болка и удар повторно да го преживуваат ова нивните фамилии.
Косово со криминал..... ама тоа Косово може некогаш да те спаси пошо таму нема шо нема.... и нашата држава ја бие лош глас али нема ништо во споредба со Косово.
Какви партиски препукувања, па ова е одамна јавна тајна. Зарем не беше доволно тоа што фатија сестра како краде од лековите од истата Онкологија и истата продолжи пак да работи и пак ја фатија. Зошто тогаш се чудите за ова не ми е јасно? Знаете по колку месеци се чека за еден Пет Скен? И како ги прегледуваат пациентите , ако тоа може да се нарече преглед, еден поглед на крвната анализа и едно прашање дали нешто те боли.. Колку само во последните месеци фали терапија, ете јасно е зошто.. Каква само голгота е тоа да отидеш да чекаш ред, најпрво кај докторот ,па додека да те повикаат за терапијата, скоро цел ден.. додека од задните врата влегуваат тие преку врски, а ти се топиш на жешкото.. Ги читам тие администраторите на фб грипите ги повикуваат на трпение луѓето, истите тие што кога неколкумина излегоа на протест бидејќи недостигаше терапија, се дрзнаа и ги нападнаа луѓето зошто излегле да се бунаржт
Ќе има објави и ударни вести во медиумите во наредните 1-2 недели, ОЈО и МВР ќе “истражуваат”, потоа ситуацијата полека ќе стивне, а народот ќе си се врати на вообичаеното секојдневие. Само оние семејствата на жртвите ќе си го носат тој ужасен товар засекогаш. Како да ви објаснам, тие БЕЗДУШНИЦИ во владините и парламентарните фотелји не се сами избрани, избрани се од (мнозинство)граѓани на РМ кои не гледаат ништо повеќе освен лични интереси! Би продале човечки живот за 1000€! Џабе дискутираме овде, се додека нема масовни протести, блокирање, бојкотирање и сл. ништо нема да се смени, меѓутоа тоа тешко, сите се навлезени во една симулација, еден меѓепсан круг од кој тешко се излегува.
Во четвртокот мајка ми прими хемотерапија пред неа имаше реакција за малку ќе им паднеше во безсвест и гореше во стомакот Сега ја гледам еве спие и си мислам, што ли ти ставија во телото а не знаеме Дај Боже од иста чаша да испијат тие што им сипале на недужни луѓе Влегувам внатре и си мислам да не дојде никој во оваа место да се лечи а не па уште ова кога ќе видиш што се случува мизерија Се борат за европа а европа ни се смее од мизеријата и гадотијата од вакви души
Лековите кои кај нас ги нема, ги купувавме во Косово Во Аптека не на црно. Многу, многу имам да пишувам на темава но залудно. Само ние знаеме што имавме поминато со свекрва ми, татко ми имаше среќа на време откриено добар доктор го оперирал ( со врски де, оти кај има термини кај нас не дај боже), и тешко на тој кој оди по тој пат низ нашиве болници!!!
Сакале неќеле тоа е. Лепенките за болки тогаш кај нас ги немаше, таблетите Еменд исто за после хемотерапија.. Се тоа на приватно, во Косово. Ги имаше и во Солун, но тука беше поблиску. Кога си во зор било каде и да има ќе купиш.