Затоа прашувам? ДУИ се или нечии други кадри? Македонци се лекарите што продавале на Косово? Не одам по лекари фала Богу, и не дај боже да ти требаат.
А најстрашно е шо молчиме и си ќутиме.... секое чудо три дена, така и ова, ќе има галама три дена и после ништо...пак ќе не ебат.... Или сме многу глупи шо дозволуваме такви работи или веќе дигнавме раце од се и знаеме дека ништо нема да се смени. Незнам.
Има податоци дека не е од сега, од 2019 кога почнала некоја скапа терапија,почнало и ова. И зошто дури 6 месеци ОЈО знаело и ќутеле? За да имаат време да прикријат докази? Слушајте ме, на крај ќе бидат криви новинарите. И сестра од онкологија осудена за ова лани, пак ја вработиле?! Оти ги знаела каналот и да не ги каже?
Некој веќе спомна што се случува со единици крв зашто стално има акции за донирање, а секогаш фали крв, бебиња што рандом умираат на раѓање, донирани органи, реагенси итн. Секако некои се тумач да бидат вистина и повеќе се само теории на заговор ама еве ништо чудо да се прават и други далавери.
Мајка ми почина за 1 година, од биопсија, дијагноза, операција, хемо, зрачење. 2 месеца после 8 примени хемо и 25 зрачења, таа имаше насекаде метастази. Како воопшто да не делувало. Крвта не и ослабе, како што е случај, имаше нагони за повраќање, и падна косата, ама после хемо, беше за 3-4 дена на нога. Жена што лежеше со неа во Систина од Прешево, по една недела не можеше да стане од кревет кога се слушаа, ама примаше хемо во Врање, после зрачење во Ниш. Уште е жива и да биде уште многу. А на мајка ми и на останати којзнае што им давале. Викаше таа дека црвена е инфузијата, ама кај знаеш, може една ја делат на 3 жени, разредена... Се ежам од ова што го читам, колку луѓе си заминаа од овој свет поради грешки на лекарите. Кога го прашав онкологот зошто толку брзо метастази, кажа чудни биле патиштата Господови. Да бе, чудни се, водат во Косово. И нив да ги снајде исто, да се молат за уште еден ден живот, малоумни, бездушни.. Да беше нормална држава, а не нашата црна Македонија, досега ќе гореше цела Влада и Клинички.
Еј ама јаки ми се овие од Лекарска комора, поддршка давале до обвинителствата да се расчисти случајот до крај. Или апелирале, не знам како пишуваше. Ку*ов мој сте апелирале И после ќе одземаат лиценци, ќе реагираат некако? Или како и за сите до денес, "не е констатирана лекарска грешка/неправилности во работењето" ќе биде? Со години ниеден лекар не му одзедоа лиценца. Ниеден. А најмалку еден имаше крив, сигурно. Сега они правда ќе терале. Мрш бе.
Тоа е така Тања затоа што моралниот компас на овој народ е заминат во неповрат. Кога будалите протестираа, се бунеа против Преспански договор, отворање на преговори со Бугарите и слични работи, друга група будали седеше на бенч и ги омаловажуваше. Прости, никакви, затуцани. Во меѓувреме овие кои што не се засегнати дали оваа држава ќе продолжи да постои, си правеле бизнис зделки. Човече, на жена и исчезнаа органи и се заташка како ништо да не било. Што значи дека бивши терористи не смеат да влезат во влада, ама кај нас влегоа, така поодамна. Си знаеме и кој ги поткрепува и кој им е бизнис партнер (хинт: Кале). За тоа и не им се пишува на луѓе и патат од апатија, си знаеме под чија окупација сме моментално, ама сложно си ќутиме.
комбинирано си се организирале за профит, во таква ситуација нема националност само кој повеќе ќе земе . Според тоа што пишуваше еден од главните осомничени е поранешниот директор Нино Васев, тој со години мислам дека беше на функцијата. Мене ми беше запрепастувачки тоа што 90% од кадарот се вмешани, а кога вака ќе ги видиш сите се фини и љубезни сестрите најмногу . Инаку никој неможе да докаже дали навистина тоа што му го имаат докторите препишано го зема, бидејќи ете претурале од едно шише во друго. Вака на изглед може пишува тоа што треба но внатре што има пациентот неможе да знае. Тешко за докажување е ова.
Нека кажат кои се инволвирани со име и презиме, а кои не се, барем да знаеме по кого да плукаме. А да. И тие што не се криви, нека излезат јавно да обелат образ. Иначе криви се. ФМП
Еј, ама ова е најјако. Извадок од изјавата на Сдсм: „Акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите. За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега за прв пат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување“, соопштија утрово од СДСМ. Па ако се зборува 20 години, а вие сте на власт веќе 6, кај бевте досега да реагирате? Демек да ја префрлат топката на другите, а тие хероите ја расчистувале сега работава. Уствари како дојде до тоа да се обелодени? Сигурно некој што не смееше да дознае, дозна, па мораше да реагираат. Сами себе си копаат гроб со изјавививе. Нивна среќа па, нема кој да ги казни, па и од ова ќе се извлечат.
Хммм, чекај да се накашлам. Исчезнати деца кои никогаш не се пронајдени и се бришени од официјалната страна, некои иако се со години исчезнати не ни ги заведуваат таму. Теорија на заговор, се разбира.
За жал... Мора да има организатор, кој во МВР ќе пријави протест и он ќе биде одговорен за сите глупости. ДУИ ќе ти пратат десетина со оружје, и ќе одговара и таа душа ради нив. ДУИ ќе уживаат после дома, овој нашиов кој изгорел од онкологија и без член на фамилијата и без пар, затвор ќе јаде. Никој нема да отиде. Ние сме заробеници во нашата држава.
Овие инаку имале и фејк списоци на пациенти кои не биле болни или па за веќе починати за да имаат основ да нарачуваат лекови па после да ги препродаваат. И да се разбереме, ова не се поединци што си работеле сами. Сам ова не можеш да го организираш
Ова не е од сега, од кога знам за себе фалат единици крв, а има еден куп донатори. Во најблиска фамилија итен случај за операција имавме, не ја земаа да ја оперираат дури не обезбедивме количини на крв. И тоа ова уште во 94-95та. Со оглед на инциденцата на мртвородени деца од тоа време и другото ми изгледа сосема верно. Во однос на крв и крводарување поприлично сум сигурна дека од секад ги препродаваат. А на темава не знам што да кажам. Ако речам дното е допрено сигурна сум дека утре ќе излезе нешто уште полошо. Трагично за животите и семејствата на тие луѓе кои некој свесно ги убил Во вака длабоко корумпиран и трул систем немам ни верба дека може да има било каква промена на подобро во иднина.
Колку просто нека звучи ова не сум по колнење ама тие што краделе и на болните им ставале вода наместо лек...За нив и најблиските да плачат за лек и со вода да ги лекуваат. Кој монструм треба да си такво нешто да правиш, другар почина од рак не сакам да помислам дека место лек со физиолошки го "лекувале" и шансата за да се излечи му ја одземале.
Гарантирам дека од сите инволвирани, само Македонци ќе си ја добијат казната. Секако, последиците и казните не познаваат националност(и партиска определба), но не и во РМ.
Колнењето не помага за сите што прават геноцид во војните. Можете да си проплукате колку сакате, злото има достигнато пиедестал.
Ме потсети сега нешто, мајка ми беше редовен крводарител. Ама, на два пати ми имаше кажано дека нешто чудно се случувало. Имено, дошле ненајавени без соодветна опрема, под опрема мислам на тие креветите на кои лежат тие што даруваат. Сестрите биле млади и необучени, на сите им ја промашиле вената, а мајка ми си дојде со помодрена рака. Инаку, кога било со најава, се било регуларно и немало вакви промашувања. Од ова што го пиша, сега се сомневам дали биле толку дезориентирани затоа што правеле нешто нелегално. Ама се сомневам, не знам. Инаку, многу луѓе се жалат од слаби анестезии, а другата теорија на завера беше дека во операционите сали чистат со слаби средства за дезинфекција и затоа се јавуваат опасни бактерии. Ако се докажи нештово никој во болница нема да влези.