1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доктор од кој што (не) сум задоволен

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од AnaPetra, 20 јуни 2014.

  1. AnaPetra

    AnaPetra Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво Феминки. Ја отворив оваа тема за доктори од кои што не сте задоволни, со цел да не ја направат истата грешка и другите Феминки. Конкретно, јас правев операција на дланки кај др. Иванка Стефановска во Ремедика и слободно можам да кажам дека платив пари за да ме доунаказат. Ми ги скрати тетивите, резултат искривени прсти и намалена функција. Истовремено барам препорака за доктор кој би можел да ја корегира грешката. Однапред Ви благодарам.
     
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ова би требало да биде ѕидот на срамот за докторите?

    Инаку јас сакам да се пожалам од еден шанкер што ми ја подистури пијачката. Ѓубре! Може тоа да го пишам во оваа тема или ќе се рачуна како оф-топик, па да отворам нова?

    п.с. Ако веќе пишуваш вакви работи, кажи што операција си правела, можеби таа процедура захтева кратење на тетивите како избор на помало зло и единствена опција за решавање на поголемиот проблем.
     
    На XstrongerX и Summerlover им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    Ана Петра ,а со интензивна физиотерапија да се проба да се корегира проблемот ,пред да се истрчаш во втора операција?Ако се работи за контрактури,добро темпирана,навремена,и долготрајна физиотерапија би требало да помогне,и второ и трето ако треба мислење ОБАВЕЗНО.Моја другарка тоа ја спаси,но сепак се работеше за лакт,и сложена фрактура ,па нерв потповреден,па од имобилизација(гипс два месеци или така нешто) тетивите се контрахираа па неможеше да исправи и да свитка до крај рака ,и добри година дена СЕКОЈДНЕВНО одеше на физио.