Долга врска, а се заљубив во друг......

Дискусија во 'Разделби' започната од slonka, 6 ноември 2013.

  1. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    ке ве молам за помош луѓе.паднав во депресија, имам долга врска а засакав друг човек.дали е можно да се сака двајца истовремено.се се случи спонтано и случајно.се договаравме да се видиме 6 месеци бев во контакт со него, бев спремна да го оставам дечко ми поради него, исто и тој ми кажа дека нешто осеќа ама не искажуваше многу, и кога конечно требаше да се видиме толку договарање пораки слушање на телефон секојдневно,на неколку пати се имавме видено ама на кратко само гушкање и по некој бакнеж, еден ден чисто онака од чиста мира кога му се јавив ми кажа да него замарам повеќе а пред тој ден беше се ок.без збор без ништо, што беше причината не знам а сакам да ја знам не ми ја кажува.како да го вратам назад многу го сакам.зошто ме остави без збор
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    долга врска, а се заљубив во друг......


    Не ми се верува,6 месеци се слушаш со некој и договараш состанок,и покрај тоа што си свесна за фактот дека имаш дечко и долга врска?
    Во ред е ,не е мое да судам..
    Инаку тој што те напуштил..значи кога си во долга врска,станува малку монотоно,и првиот што ќе ти пријде во тебе ќе побуде некои емоции,т.е страст.Такви се девојките,сакаат да бидат посакувани.
    А дечкото само си ставил некоја цел пред себе-да преземе девојка од друг дечко.И mission done.
    Сега егото му е на ниво,така шо ти воопшто не си му потребна.Всушност никогаш не си му ни била.
    Само те тестирал колку ти теже памето,а на тестот имаш паднато.
    Ако имаш преголема грижа на совест,кажи му на дечко ти што си направила.Признавање на вина-пола се простува.
    Во спротивно,ќути.Труди се околу дечко ти,и не паѓај во искушенија.Не дозволувај да бидеш лесна девојка,што го изневерува дечкото со секој втор.
    А на прашањето зошто те оставил,мислам дека веќе одговорив ;)
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    јас знам дека направив грев, не е можно да е тест, кога деноноќно сме се слушале пораки сме си пишувале.него зошто ме остави без збор
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Прво и најбитно, остави го дечко ти зошто очигледно е дека ти него не го сакаш. Не вели дека е поинаку, зошто да го сакаше никогаш немаше ни да помислиш на друг а не па да имаш нешто со другиот. Што се однесува до другиот, твое е дали ќе го бараш за да видиш што се случило или не, само ептен не фер игра од твоја страна, на две столици не се седи.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380


    Најверојатно зашо му имаш здосадено веќе.. :?:
     
  6. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Ах за ќотек сме и ние жените понекогаш, се заљубуваме во тие што не третираат лошо. Не го сакаш ти сегашниов, не го влечи за џабе за нос... да го сакаше немаше да го изневериш, па и згора на тоа заљубена во некој што не те рецка. Доколку му признаеш на дечко ти може да те остави, па ќе останеш сама, што е најверојатно и подобра варијанта, бидејќи ти се уште не си спремна некому да бидеш верна. А ако сепак сакаш да останеш со него (сегашниот) во што од горе напишаното не верувам, бидејќи си напишала дека си се заљубила во овој што те откачил, не му кажувај за прељубата и чувај си го, не прави веќе грешки, се се враќа верувај срце, кога тогаш. Зошто те остаил без збор...Знаеш кога јадеш фаст фуд, на почеток ти е слатко, убаво се чувствуваш кога го најадеш, ама откако ќе го изедеш цел, после ти е тешко на стомачето и не сакаш повторно да пробаш. Он се прејал некако од тебе и сега ќе оди на следната девојка која сака да ја проба. Поздравче и не се лути што бев малку остра. Ајде со среќа и памет во глава следниот пат ;)
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    е фала ви за утешните зборови, пазете да не ви се деси слично и не велите никогаш не...
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    856
    Јас во потполност се согласувам со sadgirl21 - истото и ја го мислам за ситуацијава 8)

    Ах пустата човекова потреба да осека дека и покрај тоа што има партнер- сеуште е посакуван... :lol:
     
  9. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Најпрвин самата себе си се преиспитај дали навистина го сакасш тој друг дечко. Се случува јас бев во врска 3 години со еден дечко но незнам како паралелно почнав да излегувам со друг секој ден се слушавме и излегувавме додека дечкоми ништо незнаеше за тоа.После некое време јас решив да му раскинам на дечкоми и да продолжам со новиот за кој бев сигурна дека го сакам.Така и направив. Но после недела дена осеќав дека ми фали првиот дечко навечер кога си легнував се на него мислев си имав навика да му го слушнам секогаш кога ќе си легнев, многу ми фалеше неговиот глас и неговиот допир (еве и сега се расплакав) му звонев со скриен број само за да го слушнам а кога ќе ми се јавеше молчев.
    После еден месец јас раскинав со новиот дечко видеов дека не го сакам.Поминаа три месеци без никакаква трага и глас од дечкото со кој бев 3години во врска.Кога еднаш случајно му го отворив профилот имам што да видам тој во врска со друга заедно имаат слики гушнати, каде е бакнуваат како се држат за раце. Ллелеле срцето ми се скина ;( бев многу лута сама на себе зошто го сторив тоа зошто раскинав, зошто го повредив кога тој толку многу ме сакаше, ме почитуваше, секоја желба ми ја исполнуваше, а јас милејќи дека сакам друг направив огромна грешка.Но сепак имало господ после пет мееци јас и тој случајно сосема случајно се сртенавме и тоа беше тоа.Значи никогаш нема да го заборавам моментот.(да не одолговлекувам) после таа средма се слушавме си пишувавме иако тој беше сеуште во врска со таа девоја.Една вечер излеговме заедно и тој само ми рече дека сеуште ме сака и не му е важно што е со друга девојка веднаш ќе и раскине само ако го сакам јас тоа.И така бидна еве сега сме пак 3 години заедно и многу ми е убаво.Но ете најпрвин направив една грешка за да после тоа се освестам кого вистински го сакам.Понекогаш треба да изгубиме некого за да сватиме дека ни значи.Затоа слонка не ја прави истата грешка првин добро размисли. Уф девјки ви се отворив и што убаво си се исплакав и се присетив на едно време. ;(
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    А ти бараш совет,или утреха?
    На форумов се даваат само совети.За утеха имаш алкохол. :D
    Шала на страна,се сомневам дека било која девојка ќе те теши..Мислам,девојка која рационално расудува.
    Ти си била свесна за се,6 месеци си договарала средби и сега бараш утреха?
    Ах бре девојче,ич не ценеш што имаш.
    Ајде сега главата горе,и ѕвони на дечко ти да се видете,да му кажеш дека го сакаш.
    Верувај,ни малку не го сакаш тој што те оставил.Тој само ти покажувал внимание кое ти фалело.
    Тргни од фактот дека,тој знаел дека имаш дечко и долга врска,и пак инсистирал на средба.Јасно е која му е целта.А за тебе околу тоа не коментирам.
    И ако раскинеш со дечко ти,само ќе страдаш,и ќе пишуваш по темите Како да го вратам,или ми недостасува бившиот ;)
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Небитно дали приказнава е вистинска или не, од онеа можа да се извлече добро наравоучение. Не верувајте на оние кои ви се додворуваат и ви упатуваат слатки зборови, особено не ако знаат дека сте во врска. Зошто го велам ова? Го велам затоа што доколку вие полетате во негова преградка, а сеуште сте во врска со друг, тоа значи дека утре можете и нему да му го направите истото. И нормално дека следува одговор не замарај, што треба да е јасен знак за каква личнос те смета, и на кое дереџе си дошла.
    А, плус и ако замарала девојкава со нон стоп ѕврцкање, на телефон, тоа е само поен плус за да добие таков одговор. Секогаш кога ќе се фатите себе дека посакувате друг, веќе имате долга врска, тоа значи дека веќе не го сакате тој дечко и треба да ја приведее врската кон крај.
    Инаку не е страшно и да изневерите, но тогаш треба да имате јасна слика дека е тоа само страст која сакате да ја почувствувате и да си пружите себеси еден мал адреналински шок. Но никако тоа несмее да премине во паралелна врска, бидејки не се седи на 2 стола со еден газ.
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slonka

    slonka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    ви благодарам на советите, работата е тоа што мене ме интересира зошто ме остави а не ми кажа ни збор.тоа сакам да го знам упорно барам одговор но не добивам.ништо не му згрешив напротив.
     
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Девојче па ти кажаа неколку пати зошто . Да точно не си му згрешила ништо . :!: Ама добил лоша слика за тебе штом без проблем си одиш со дечкото и се гледаш со него истовремено .
    Со таквата постапка најверојатно проценил дека не си "girlfriend material "
    Или пак си нашол друга занимација ;)
     
  14. elanor

    elanor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Слонка очигледно ептен си се испозаљубила во дечково штом толку ти е важно што мисли и сакаш да ја дознаеш позадината на неговите постапки. Тоа е се во ред. Ама моменталниот дечко? :|

    Што мислиш дека другиов си помислил за тебе штом одиш долго време со еден а контактираш со друг истовремено? Верувај дека никој за себе не сака партнер во кој нема да биде сигурен дали некогаш во иднина нема истото и нему да му биде правено. Најверојатно поради тоа се оладил.
    Дополнително, не знаеме каква ви била комуникацијата - кој кому ѕвонел и типкал, што и со колкав интензитет. Можно е да му бил интересен ловот а не и уловот. 1000 причини се можни.

    А за дечко ти, ептен не е фер. Од мене да појдам, 100 пати подобро е да ми раскине дечкото отколку вака п*дерски позади грб да се гледа со некоја, да контактира. Таа да му значи, а со мене да не раскинува за да случајно не остане сам. :x :puke:

    И да, се случува човек да се заљуби во некој друг додека е во врска/брак. Ама моментот е како ќе постапи во однос на тие чувства. Во ред, си се видела со овој вториот, јас разбирам не може човек само од пораки да биде сигурен во своите чувства. Ама штом сте се бакнувале, штом си почувствувала нешто за него тогаш сте требале да разговарате дали ќе продолжите понатака т.е. дали ќе започнете врска. И тогаш најфер да расчистиш со сегашниот дечко. Затоа што него му е подобро сам отколку со девојка која вака му прави и која не го почитува ниту него, ниту врската што била градена долго време.

    Ама ете типот рекол не. И сега што е битно што мислел и кои му биле причините? Сега битно е ти да се преиспиташ дали воопшто треба да останеш во врската која очигледно не те исполнува.
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Ако сакал да ти даде одговор ќе ти дадел до сега чим упорно го бараш.
    Така да, пушти го тоа и продолжи си со животот.
    Имаш дечко, размисли си убаво, дали го сакаш и дали сакаш иднина со него.Понекогаш остануваме во врска затоа што ни е удобно во неа, а не затоа што сме заљубени. Преиспитај се дали и тебе ти е така.
    Разбирам како си се нашла во ваква ситуација. Разбирам, ама не те оправдувам! Ако си сакала да почнеш нешто со новиот тип си требала одма да расчистисш со дечкото. Ти не 6 дена или дури 6 недели, размисли убаво, пола година! си го мафтала дечко ти :^) Ако не го сакаш, барем почит да си му покажела.
    Убаво е кога некој ќе ти обрне внимание, се чувствуваш посакувано, самодовербата ти се зголемува,
    а и возбудата после долга (монотона)врска-убаво ти дошла. Си помислила дека можеш подобро од тој што го имаш сега, во право сум?
    Ако ти е монотоно во врската а си го сакаш дечкото земи направи нешто да ја поправиш врската, а не да забегаваш на страна. Или си со него само од навика, затоа што ти е тука, на сигурно си?
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    Немојте да мислите дека се шо лета се се јаде. Не ви солам памет не разбирајте погрешно ама нормално е ако иамте подолга врска и некој друг да ви се допаѓа. Значи имаме очи гледаме. Но во 90% од случаевите девојките по 1 месец сфаќаат колку многу си го сакале дечкото, откако ќе згрешат или не. Па неможе ако до вчера сте си го сакале дечкото денес се појавува некој друг и дома него го сакате и сте во план дечкото да го оставате. Не правете такви грешки не си ги уништувајте врските.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. praski4ka

    praski4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    35
    Znaci..prvo koga go procitav prasanjevo,nemozev da si veruvam na ocive...Zar postoi na svetov i druga jas???Bev vo takva situacija,samo naprednav malku poveke od tebe...e sea,neznam sto toj custvuval za tebe...mene mojot mnooogu me sakase,na 28 godini,prva ljubov mu bev vo zivotot...i zamina eden den,ete bas kako sto ti vikas,bes nikakvo objasnuvanje,ladno...Ama,meizdrza dolgo...po mesec dena,me pobara ,,samo da mi kaze deka premnogu me saka i da mi ja posaka seta srekja na svetov¨..i normalno,muabetite si prodolzia...na telefon i online isklucivo,i dojdovme do taa tocka,zosto???Zatoa sto premnogu me sakal,a svesen bil deka veke imam nesto gradeno so godini,nesto ubavo i sigurno,pa mislel deka toa so nego mi e samo avantura,i nesakal da dozvoli da urnam nesto tolku vredno za nego,ne bil siguren deka go sakam i deka so nego ke sum mozela da bidam tolku srekjna...i posle seto ova,jas se pravev ladna,a gorev od vnatre,pa kontaktiravme na drugarska baza edno vreme,ama neli,koga dojde polnokj,ostanes sam i sve tie sranja...dobies potreba i hrabrost i se opustis...i taka si priznavme edna vecer sto e kako e,i prodolzivme kade sto nekogas zastanavme..ubavo bese,naaaajubavo,ni priblizno na onaa vrska sto ja napustiv.e sega,kade sme,sto sme...toa e veke druga tema...:(
     
  18. bihterka

    bihterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    55
    Еееее.....Ваква тема фалеше.Тие што имаат ваков проблем,треба да знаат доколку е долга врската на секој му е досадно.А мажите тие бараат забава во вас или пак доколку е кратка врската(1 година)тогаш стварно се случило да се заљубите и вие и љубовникот.
    Имав кратка врска од околу година дена во тој момент од Америка му се врати најдругарот.Имаше и сестра дечко ми таа една одвратна таму верена беше за најдругарот на дечко ми.Кога се врати два-три месеци и се засакавме многу.Подоцна се разбира почна да ми дели приказни дека не ме сака и дека било грев и така натаму.Мажите се кукавици сватете не можат се да ви кажат во очи.Ги оставив и двајцата после.Пред 2 недели пак го видов сам во диско,се поздравив и сега излегуваме заедно па да видам дали волкот само влакното го менува.
     
  19. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    И мене тоа ми се случи имав долга врска со еден и едно лето со другарката отидовме во охрид сами цел месец таму и една ноќ касно беше 1 саат сретнав еден дечко кој за миг мислам ми влезе во срцето така знаев имав чуство дека ќе бидам долго време со него,се видовме прв пат таму во еден маркет се гледавме 15 минути без да ги тргнеме погледите кога излеговме од маркетот јас прва му пријдов му реков здраво тој дојде се поздравивме се запознавме и не викна мене и другарката да одиме да шетаме со нив и се разбира отидовме зошто бев како пијана од неговата убавина,се тргнавме на само јас и тој покрај езерото на кеј се изнамуабетивме и ме бакнаа ахх мислам потонав во длабокото езероо од неговиот бакнеж бевме до сабајле до 6 саат заедно не се оделивме еден од друг значи стварно чудно чуство се осеќавме како да се познаваме со години,а тој пак ми кажа жална вест дека сабајлето си оди дома скопје,и сабајлето ми се јавува јас мислев на автобуска тој пред зграда кај мене да ме изнагушка изнабацуваа ми запишавме тел се слушавме цело време по цел ден пораки муабетии па за една недела тој пак дојде охрид пак бевме заедно и кога се вратив скопје си останавме заедно по цели денови заедно и сега тој човек ми е маж и имам дете со него :D чуден е животот а и чудна е љубовта,имаш со некого долга врска и така наеднаш љубов на прв поглед во некој друг...несфатливо е тоа чуство ама јбг тоа е љубовта,во љубовта многу работи се несфатливи :D
     
    На lilija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.318
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Јас со оваа изјава сосема се согласувам. Ми се случи да се заљубам додека сум во врска (додуша, не беше долга врска, скоро 10 месеци) и нормално, ја прекинав. Но и да беше подолга, пак ќе го направев истото.
     
    На crazylady и citiesinflames им се допаѓа ова.