Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска, но без љубов. Што би направиле?

Дискусија во 'Врски' започната од ludoooto, 26 август 2010.

  1. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Ke go zemam vo predvid i jas ovoj komentar :) sepak e necie iskustvo i jas mislam ako raskinam (ako ne sum luda tolku po nego) bi se jadela ako fati druga zenska i taa go zazeme moeto mesto.. :)
     
  2. ludoooto

    ludoooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    1
    девојкии фала ви најмногу за советите сакам да ви кажам дека јас раскинав и сега ми е малце тешко сепак 2 ипол години не се малце ама ок сум :) се чуствувам слободнооо хехе ..Фала ви уште еднаш и ве сакам :rofl:
     
  3. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345

    понекогаш колку и да боле подобро е некои работи порано да се случат отколку покасно.се ќе се среди со тебе само ти треба малку време да помина.....мила лудооооооо се што се случува се случува поради некоја причина,не е за џабе....верувај во тоа....те чека нешто друго поубаво,а никогаш не се знае можеби после тоа и ќе сватиш дека го сакаш и се ќе се среди......значи точно е тоа дека кога некој ќе изгубиш ќе сватиш колку тој вредел во твојот живот и ако не ти значи ништо значи си го направила вистинскиот чекор штом си раскинала.... :*
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Некои работи е подобро да се спречат, него да се лечат. недостигот на љубов во одредени ситуации може да стане и омарза, не вреди да се мачиш ни себеси, ниту пак него. Ајде сега, полека, ќе си ја средиш ситуацијата, ќе наидеш на тој вистински. Добро си направила, по мое, немој да се каеш, си го повредила, ќе му помине, ако те повредат, и тебе ќе ти помине, ќе се олесните за некое време. Подобро е така.
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Од искуство подобро е да се спреци на време него ли да се тера и тера со измачување години си поминуваат а кај дечкото се развива се поголема надеж
     
  6. ludoooto

    ludoooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    1
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Fala devojki najmnogu :*
     
  7. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    никогаш нема да можам да имам таква врска ...тоа е и причината поради која моите врски биле премногу кратки.....ако нема љубов значи не е врска ...мене не ми треба некој за да биде до мене како статуа ...туку ми треба човек кој би ме прегрнал со љубов ....би ми направил се за мене ....како и јас за него ....ама тоа е некои незнаат да уживаат вистински и за нив уживање е важно е да се во врска ако е се без врска таа е ......
     
  8. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Јас одам веќе три години со дечко ми.На почетокот се фатив со него само да го преболам бившиот.Потоа ми стана интересно,беше забавен,друштвен и во него најдов среќа.Го засакав,но не престанав да мислам на бившиот.Сега како одминуваат годините мислам дека ми станува навика и дека веќе не чувствувам ништо.Мислам дека со него сум само да тепам време и да ми биде забавно.Нема ден да не помислам на бившиот.Многу страдам за ова.Не знам веќе што да правам ;( ;( ;(
     
    На hejlady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    Долга врска но без љубов,што би направиле?


    оффффф души4ке те свакам во каква ситуација си и јас многу пати сум била во таква ситуација и до ден денес сум таква ама кога ке помислам дека тој мој бивши си има девоја и ужива со неа ...свакам дека не треба и јас за него да се замарам ...на некој начин...тоа што сеуште ти е во мисли е поради тоа што некогаш искрено си го сакала ама размисли што корист од тоа ако мислиш на него ништо,можиш само да си ја расипеш врската и нешто друго ...мој совет е што било поминало и остави го таму нека си стое...викат ако е твое ке се врати ако не те очекува нешто подобро од него ..така да мило не мисли и уживај во моментите со дечкоти ....поздрав4е мило се надевам се ке се реши и се ке биде оки :* :* :*
     
    На redred му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Фала срце,но верувај мнгу пати сум се обидувала ,но не успева.Но морам да пробувам,вака не бива :?: :?: :?:
     
  11. Psihoo

    Psihoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    и јас незнам сто да правам со едне сме заедно три години ама не го сакам го сакам бивсиот мој и он мене ама кога расинавме со бивсиот јас се омазив и сега сум три години заедно ама не го сакам и сега незнам сто да правам??? помагајте ве молам незнам сто да правам???? ;( ;( ;(
     
  12. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    па разведи се и биди со бившиот
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Го сакаш бившиот, а си се омажила со овој со кој си сега... зошто си го направила тоа, како одмазда или едноставно сакаше да се омажиш? Јас искрено би ти препорачала да ставиш крај... не е фер ни за едниот ни за другиот. Ти не го сакаш, а со него живееш, заспиваш, се будиш - како можеш да издржиш, не знам? Јас себеси ќе се замразам ако стапам во брак со некој што не го сакам, само затоа што морам да се омажам, затоа што ми е време или што знам што. А тој ако те сака, како ли се чувствуваш кога гледа дека чувствата не му се возвратени? И уште нешто - заборави го бившиот - ако бил вистинскиот, немало да биде бивш. Ако имате деца, пак сметам дека е подобро да ставиш крај - ни децата не заслужуваат да живеат во несреќно семејство. Не сум за развод по секоја цена, но ако не оди, зошто сите да се измачуваат? А ако немате деца, тогаш е уште полесно.
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    :o :o :o
    лелел како бе така?Зошто се измачуваш?Јас не знам само како трпиш да бидеш до некој што не го сакаш и да делиш се со него?Најдобро е да прекинеш со овој што си во брак.Го делам мислењето на анатх
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Што ке посееш тоа ке жнееш. Кратко и јасно.
     
  16. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Пробај разговарај со бившиот прво,ако тој те прифати тогаш разведи се,ако не седи си на брашното 8)
     
  17. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Не ми е јасно како може да се одлучиш да направиш таков чекор,некој да не сакаш а со тој да стапиш во брак.Ако треба ќе си останам сама ама нема да мажам за некој што не го сакам.Види ако можеш да се разведиш и тоа да го прифати бившиот ок ако не незнам,барај ново љубов ако повеќе неможеш со овој...
     
  18. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Епа си се фатила на орото па сега играј! Не е бракот играчка па да се женеме со кој стигнеме. Каде ти бил паметот??? Мој совет е ако немате деца сеуште-остави го и побарај си ја среќата т.е бившиот. Доколку имате деца а се друго ви е ок, не се разведувај, не го уништувај животот на невини дечиња, не треба тие утре да не живеат со двајцата родители, затоа што на мама и текнало дека повеќе не го сака тато...
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Кога прифати да се венчаш со сопругот беше свесна што правиш? Го знаеше значењето на институцијата брак? На крај краиште, па и пари се во прашање. :lol:
    Јас мислам слично на Анфејитфул, ако имаш дечиња, седи мадро, да не биде модро. Не се криви тие што ти не си знаела што правиш, и бракот си го сфатила така несериозно.
     
  20. ludoooto

    ludoooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    1
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    јас мислам дека треба да си ги расчистиш твојте чувства спрема бившиот,дека ти веќе ако си 3 години во брак мора да заборавиш на се во минатото и да живееш со иднината бидејќи ти си го одбрала тој пат,бракот не е како врска 3 години си идела па сега да раскинеш и да си најдеш друг,во прашање се пари,си правела свадба едно друго сакаш се во вода да пропадне? Се надевам дека ќе ја донесеш правата одлука..Со среќа :)