Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска, но без љубов. Што би направиле?

Дискусија во 'Врски' започната од ludoooto, 26 август 2010.

  1. busavata

    busavata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Ах и јас после 4 години не сум сигурна дали го сакам, всушност сигурна сум дека го сакам, но како личност, човек, другар, не и како партнер.
    За овие 4 години нема нешто што не направивме заедно, не бевме заедно, не создадовме заедно. Се прилагодивме еден на друг како шише и капаче :)
    Сфатив дека во него гледам само другар тогаш кога повеќе сакав да гледам филм со него, отколку да имам секс. И слични ситуации.
    Единствен проблем е - ако го оставам верувам дека ќе го уништам. Одсекогаш му зборував да не се врзува премногу за мене, јас не сум постојана, не сум сериозна, јас не сум ништо што тој би сакал да бидам.
    Тој вика се ќе преживеам, јас те сакам. Го убедував да биде повеќе со другарите, да не ги занемарува, да има и другарки, да излегува и со нив, не само со мене... залудно!
    Е сега, дојдовме таму, ако јас си отидам, тој ќе биде сосема сам. Нема да има другар кој ќе го теши додека да ме преболи. Ниту еден вистински другар не му остана, до душа, само еден, ама тој нема баш да го разбере.
    Јас не сакам да го повредам зошто тој за мене се би направил, секогаш правеше, никогаш ме нема никако повредено. Нема желба што не ми е исполнета.
    Но знам дека тоа не е причина за да бидам со него и дека заслужува некоја што ќе го сака исто колку тој неа.
    А од друга страна, во последно време, ми зборува за посериозни теми, во нашава врска.... а јас од сето тоа бегам како од ѓавол. Не сум јас за тие работи...
    Тешко.. сите жени плачат по совршен маж. Јас го имам, и само се молам, да најдам понатаму некој не толку совршен...
    Затоа што е јасно - сакаме предизвик, а кога ќе дојдеме до некоја цел, веднаш бараме друга. Во мојот случај, дечко ми, без многу противење прифати СЕ што јас му кажав.
    И знаеш што? Еднаш, му велам, слушај имам нешто сериозно да ти кажам, не можам повеќе да кријам. Јас те изневерив, имав секс со друг. И јас зборувам зборувам.... А тој ме гледа и тажно ми вика --- Ќе ти простам, подобро така, без тебе и онака не можам..
    Е јас тука збеснав (му кажав дека не е вистина) ама му велам - барем налути се, викај ми, навредувај ме, збесни! Ми вика - не можам тебе да те навредувам.
    Е ајде сега...... и јас сум за никаде ццццц..
     
  2. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    ne mozev da ne iskomentiram ovde iako ne veruvam deka devojkava ke go procita, no sepak! nemoj da si naivna, ako vlagas vo vrska so nekoj treba da go sakas bas takov kakov sto e. ti nikad nema nikoj da smenis niti tebe nekoj ke te smeni. toa e samo detska naivnost. se nadevam sto poskoro ke sfatis.
     
  3. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Ако мислиш и сметаш дека врската ви нема иднина мојот совет е да не се измачуваш ни ти, а ни него да не го залажуваш...ОК е тоа што имаш осет и не ти е сеедно, не сакаш да го повредиш, да го оставиш сам, имаш обзир за неговите чувства, меѓутоа и самата си свесна дека се повеќе и повеќе тонеш...немој. Најди начин да му го објасниш сето ова што го имаш напишано, кажи му дека сакаш да бидете само другари, понуди му пријателство, колку и да е тешко мораш да ставиш крај..
    Велиш дека попрво би гледале филм отколку да разменувате нежности, ако нема искри, страст, хемија, љубов, нема потреба од продолжување...имаш 20 год. претпоставувам и тој е тука некаде со годините, млади сте ќе најде друга..Немој и понатаму да се правиш дека врската е супер, само уште повеќе ја усложнуваш работата, тој и понатаму продолжува да ги негува истите чувства, а ти се мачиш, немој да си со него само од сожалување, размисли - тој веќе прави планови за заеднички живот и иднина а ти се туфкаш, собери храброст и кажи му се што чувствуваш.
    Може и да му предложиш малку да се одалечите, да направите пауза еден период за да ти самата расчистиш со себе, може во тој период ќе сфатиш дека го сакаш искрено а не е само навика...ако и во тој период исто се чувствуваш раскинете и секој по својот пат.
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Да сум на твое место би направила пауза,би се одалечила од него и за некој период би ги одбегнала сите средби со дечкото! Направи го тоа од една причина,односно нека биде тест за твоите чувства! Можеби ќе почне да ти недостасува,можеби ќе се разбудат чувствата кои во текот на времето се потиснале во тебе,а можеби пак ќе сватиш дека светот твој минус него ти е ист како и со него! Ако ја почувствуваш таа рамнодушнст кон него тогаш не губи го ни твоето ни пак неговото време повеќе! Стави крај на тоа што го нарекувате врска, бидејќи кога тогаш ќе пуке,кога тогаш ќе се разделите или ќе живеете без чувства!
    Мораш да се стабилизираш малку,и да донесеш одлука што понатаму! Не си ти должна да ја толерираш неговата емотивна нестабилност а нити пак тој заслужува неискреност! Можеби е безпомошен лик ;( ама и таквите знаат да надминат критични периоди од животото доста храбро и после се да зајакнат и научат добра лекција!
    Се надевам дека ќе сватиш дека тоа е само период и дека љубов сеуште имаш кон совршениот тип на дечко кој е до тебе! Во долгите врски често настапуваат такви монотони периоди и затоа јас велам дека долгите врски бараат многу вложување и негување на чувства!
     
  6. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Кога веќе имаш поминато толку време со него, сигурно 4 те години не ти биле измачување со него, сигурна сум дека и ти имаш чувства кон него но премногу си опуштена поради твојата сигурност дека тој те сака неизмерно и нема да те остави па ти треба малку нешто да те подигне,да те возбуди. Како и да е пробај да се тргнеш од него и најди си некој друг, после тоа сама ќе бараш да се вратиш овде каде што си сега.
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Јас скоро пред два месеца прекинав една ваква врска.
    Што знам, можеби не беше некој си ептен долг период, се работеше за година ипол, но за моја возраст мислам дека сепак е доволно. :?:

    Премногу сериозно ја сфативме работата и двајцата, секој ден се повеќе и повеќе се оддалечувавме од нашите пријатели, водевме живот својствен за 60 годишен брачен пар. На крајот, јас ја имав таа среќа да моите другарки сфатат како ми било, па да продолжиме да се дружиме, но поради тоа што тој не остави простор за да си се врати еден ден кај другарите, остана сам. Го молев, го преколнував да направи убав, здрав муабет со нив, да се извини и да проба повторно, ми рече само кратко и јасно “Нејќам„.

    Не ми е јасно кога толку се оддалечив од него, а на почетокот бев спремна да направам се` за да останеме заедно. 3 месеци точно, 90 дена, се мислев како да го седнам и да му го кажам тоа што го чувствувам, премногу ми беше жал и тешко, се затворив сосема во себе. Измислував некои си бизарни причини зошто не можам да излезам од дома, гости чиниш од цел свет ми дојдоа. :emo: На моменти не можев да се исконтролирам, кога и да дојдеше да ме баци јас се тргав, дојдов до тој стадиум да мислам дека почнувам да го замразувам. :x
    Поради тоа, сфатив дека ќе биде подобро ако се разделиме сосема, не сакав да имам лоши спомени од него, нити пак тој од мене, сакам засекогаш да го паметам како најдобриот дел од мојот досегашен живот. И ете, еден ден седнавме, направивме муабет, му ја објаснив ситуацијата. На почетокот се бунеше, но во ниту еден момент не се зачуди од каде ова, затоа што и самиот воочуваше дека веќе подолг период нештата не одат во посакуваниот правец. Се одличивме најпрвин за пауза, иако јас длабоко во себе знаев дека ќе биде дефинитивен крај, а после еден месец се смував со друг тип. Му го кажав тоа, ми прости, но сфати дека е најдобро да биде крај. Дали ми беше грешка тоа со другиот тип или не, времето ќе покаже.

    Сега како што кажав, поминати се скоро два месеца од нашата разделба. Има моменти кога премногу ми фали, ми фали смеењето за глупости, јадењето шеќерна волна од парк и возењето на раскршените справи, но разбирам и сега дека сето ова можам да го имам и со најобичен другар/ка. Него животот му се стабилизира сосема, се посвети на спортот максимално, а се среди и мојот живот. Му посакувам се` најубаво, навистина е прекрасен човек и ја заслужува сета среќа на овој свет. Ќе си најде некоја друга која што многу повеќе и поискрено ќе го сака, едноставно така требало да биде. :)
     
    На mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Ако сте во долга врска и не осеќата повеќе љубов-ослободете го дечко ви од заблуди,мислете дека некоја можеби едвај го чека слободен за да му подари љубов-кога вие веќе неможете........
     
    На mims-89 и Me.Myself.and.I.Ava им се допаѓа ова.
  9. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    При вакви случаи најдобро е да си даде човек пауза, не се гледајте одредено време така ќе сватите дали си значите еден на друг.
     
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Неможеш да се плашиш како он ке се справи со животот ако ти не си тука...тоа веке нема да биде твоја одговорност,можеби звучи сурово,ама вистина е...многу е полошо ако останеш со него кога неможеш да го гледаш (можеби се изразив премногу остро),тука веке стануваш лицемерна...ако се смеееш со сила секогаш кога ти се плаче и ако имаш секс со него,а несакаш-тука веке почнуваш да лажеш...што значи го повредуваш него,и се повредуваш себе...ако е таков каков што го опишуваш,мислам дека заслужува да се тргнеш од неговиот живот за да може да најде девојка која ке го направи вистински срекен...
     
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Долга врска но без љубов,што би направиле?

    Повеќето долги врски одат ради реда,ај биле подолго време заедно и ај сега нема смисла да раскинуваат а се згаснало муѓу нив,и каде е тука поентата?? тука нема никакво задоволство повеќе,подобро квалитетно сам отколку во неквалитетна врска
     
    На blueteacher и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  12. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Во контекст на постов... Добро, за 4 години да си со некој навистина не може да не ти чини, па и жал да ти е, не може толку време да седиш од сожалување со некого, тоа е малтретирање. Врска е у осталом, не брак. Тоа е предолг период за некој да сфати дека не му е убаво. На крајот на краиштата, која е поентата на една врска? Одиш од една во друга дури не го најдеш правиот, нели. Не знам, 4 години со некој не се седи ако нема зошто, а дали има се гледа многу порано. Јас бар не верувам во снемување љубов, или има или ја немало од старт. Имам другарка зимата 5 години направија, нит згаснато нит бутур. Ако се сака се може, ако му е на некој "пет пари не давам" ставот нормално дека ќе се изгуби све.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Само што заврши мојата подолга врска.
    Имав прекрасен човек до себе, но човек кој го гледам како брат, другар, пријател, а не човек со кој ќе го делам животот. Верувајте многу е тешко да ставиш крај на нешто што траело толку долго, кога сте поминувале поголем дел од времето заедно. На крај се се сведуваше на навика, барем од моја страна, и нормално сега чувствувам некоја празнина.
    Последниот месец ми беше многу тежок, иако бевме и на одмор, ништо не се смени, само се измачував. Некогаш дури и измислував бизарни причини за да не излезам, или за да одам со другарките.
    По долго размислување ставив крај, не е сеедно, но подобро вака отколку да му давам лажна надеж.
     
    На candise20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Би собрала доволно храброст и аргументи за да ставам крај со згаснувањето на последната искра на љубов .
    Се останато е измачување,обострано.
     
  15. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    би ставила крај не знам некако не можам да бидам долго време со некој што не го сакам не би го поднесувала ниту пак би го сакала во моја близина едноставно за да бидат двајца срекни заедно потребно е да има љубов од двете страни. за да успее една врска не треба да сака само едниот
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Како што спомна една феминка пред мене, ова би било измачување, и за мене и за него.
    Незнам зошто би постоела таква врска, ако нема љубов. Таа е најважниот фактор за една врска да опстане. Глумењето би траело месец, два, три, ама не може да трае вечно, затоа што такво нешто не би издржала. Барем јас не. Подобро е да се стави крај, што побрзо толку подобро и побезболно.
     
  17. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    28
    Ете ова ни заебува работа на сите.
    Не можам да специфицирам, но сето ова што го наброја е потребно зе една врска.
    Не дека и јас не сум се нашла,во иста ситуација,мислам дека митот за љубовта е доста презголемен, па што ти треба кај некој човек во една врска ? Да биде прекрасна личност, да те цени и почитува, да ти биде потпора,другар на кој што можеш се да му кажеш,некој што ке знае да те искара кога ке биде тоа потребно,некој од кој што безусловно ке имаш третман како кралица, некој што ке го чуствуваш близок како брат.
    Мислам дека сеуште не ни се годините дојдени до тоа ниво,за да перципираме вакви вредности кај некој човек, не зборам конкретно само за тебе или за мене,општа појава е тоа.
    Сликата која сега си ја создаваме за нашиот идеален партнер, многу тешко се реализира во реалноста.
    Но како да ни е во крв да заебуваме прекрасни нешта, од некој апсурдни причини, дали тоа било мислењето на околината, мислењето на блиските, неможноста да се носиме со одредени проблеми, или пак и да налета нешто совршено според наши стандарди,пак ке му најдеме мана.
    Сега ке ја цитирам тетка ми - Ништо не паѓа од небо,па дури ни љубовта, за се треба да се потрудиш. Колку повеќе размислуваш за одредени работи толку повеќе самата си ги комплицираш истите.
    Ако погледнеш од агол на постара девојка ке заклучиш дека токму тоа се бара во животот, некој кој ке ти биде сето она што го наброја погоре, последно е љубовник.
    Знам случаеви каде што девојки излегувале од врски со прекрасни луѓе само поради некој баналности,без да размислат што губат при тоа а губат многу,бидејки општо таквите луѓе се премногу ретки,па или цел живот ке бараат некој таков,а гордоста не им дозволува да му се вратат на истиот, или пак завршуваат со првиот подобен што ке налета, не ретко завршувајки со развод,или со „трпење“ цел живот.
    Најбитно нешто, е да знаеш да го цениш она што го имаш ништо повеќе не треба.
     
    На ida123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    навиката е тешка работа.. како тоа може чувставата и емоциите да се сменат во рок од една недела а пред тоа години и години наназад си ја тупел главата за да стигнеш до тоа денес? по некој период повторно ќе сакаш да се вратат тие моменти денови спомени бидејќи можеби нема да ги имаш со некој друг.. затоа пред донесувања на секаква одлука треба да се мисли на последиците па потоа да се дојде до крајниот заклучок. х)
     
  19. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Во таква ситуација јас без размислување би седнала со типот и би разјаснила се да зи знаеме како стојат работите и тогаш кога ќе се знае се мислам дека никој нема да седи во врска без љубов туку секој по својот пат ќе си продолжипоубаво спречити него лечити утре во брак со деца полошо ќе биде вака додека е во врска да се раскине.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не гледам поента на тоа да се врзуваш за некој без да го сакаш, оти тоа е обврзување. Обострано мачење и е непотребно. Би раскинала.