Би ја раскинала таа врска. Ако нема љубов има некое чуство на одбивност кон партнерот и игнорирање. Најдобро е да се стави крја отколку да се мачат и двајцата. А навиката останува.
би раскинала , па првиот што ке ми се пушта ке се омажам за него , еден .два месеци после раскинувањето ке се мажам за друг де во мода е сега тоа
РАСКИНУВАЊЕ! Јас бев 3 години во токсична врска. Имаше љубов на почеток но згасна после неверствата од негова страна и ограничувањата каде и со кого можам да одам! ако не оди крајот е најдобро решение.
Ќе ја прекинам, кај мене секојпат пукнала на 10ти ден буквалноТоа е максимумот до кој можам да издржам со личност која нит ја сакам нит ме сака.Можам да глуматам дека чувствувам нешто со месеци ама за џабе ќе си арчам време.
Можеби прашањево не е за овде, ако не е слободно префлете го во соодветната тема. Дали би влегле со некој во врска но без љубов?
Па не се раѓа од одма љубов. Нормално прво ќе ти е привлечен, ќе си дадете шанса и постепено или ќе се заљубиш или ќе ти пројде меракот и ќе му раскинеш. Не иде од одма тоа.
Да не отворам нова тема ќе се изјаснам овде на оваа. Се прашувам кога има некоја подолга врска дали и на двајцата им здосадува по година-две, едноставно се им е поминато, изживеано, или само мене така ми се чини, хахахаха )) Ми се чини како да се заедно од навика, како стари добри пријатели Во право сум или грешам?! Со дм сме веќе неколку месеци заедно, топ ни е, ама на моменти се прашувам не требало ли да се случи покасно да го запознаам, нема ли да ни здосади по некоја година... :/
Тоа здосадувањето доаѓа кога не сакаме со прст да мрднеме за да работиме на врската. Љубовта и страста се одржуваат со работа, ама има луѓе што скокаат од врска на врска само за да го осетат тој првичниот момент на заљубеност, па кога ќе помине мислат дека не го нашле вистинскиот. И исто со следниот па со следниот, и нив никако не им се наоѓа вистинскиот. А уствари ако работите двајцата на врската, и кога ќе сте стари ќе сте заљубени. Не може да изживееш работи во кои уживаш. Милион кафиња имам испиено со маж ми, па пак секое наредно кафе со него со душа го чекам. Ама за работа на врската треба да признаваш дека не си во право за многу работи, да се извинуваш, да одржуваш ветувања, треба да исправаш грешки, да растеш, а многу луѓе не се спремни на таков чекор па полесно е човек да си каже дека не е до него, туку другите му се здосадиле