Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 19 мај 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Не знаев каде точно да ја пикнам темава, па ако е грешка, слободно нека ја преместат администраторите. Прегледав се' и не ја видов оваа тема, се надевам не ја повторувам.

    Какво е вашето мислење за тие долги врски, зборуваме значи за 5+ години, и одеднаш раскинување, а за 1 месец ве известуваат дека некој/а ќе се жени/мажи со некого кого го сретнале буквално пред 5 минути? :^)

    Дали сметате дека станува збор за страв од останување сам, или можеби за нереализирани чувства од првата врска , кои се надеваат дека ќе ги реализираат во бракот со новата личност која ја познаваат неколку недели? Колку е нормално да се влета во таков брак и кои се причините? Дали таквите врски и бракови имаат шанси за опстанок?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.804
    Сум видела многу вакви бракови. Всушност една бивша колешка тукушто го направи ова. Одеше девет години со еден дечко, ама и раскина. По два-три месеци објавува ќе се мажи. Јас се запрепастив. Мислам дека ова е едноставно од страв. А може и да мислат дека штом веќе ја загубиле најголемата љубов сеедно е со кого ќе се земат, важно да не бидат сами. Не знам... ако има некоја со вакво искуство нека опише како се чувствувала. Ние другите може само да нагаѓаме.
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Знам многу вакви примери и точно дека е чудно ама многу добро ги сфаќам, затоа што и јас самата имав 5 годишна врска а после 4-5 месеци си фатив друг дечко и тоа се заљубив во него на прв поглед, буквално само што се видовме знаевме дека мора да бидеме заедно и се фативме одма само што се запознавме :) Има луѓе по 10 год. се во врска па раскинуваат и за два три месеци со друг се мажат. Еве баш пред некој ден една моја познаничка се ожени со еден а само два месеца идеа, а претходно беше во врска 12 год. со претходниот дечко. Моја братучедка одеше со дечкото 10 год. и заедно живееја во друга држава, па еден ден им текна дека не можат веќе заедно и раскинаа. Уште многу вакви примери ми текнуваат ама да не објаснувам многу да не станам досадна :$ Кога си со некој по 10 год. а љубовта почнува да се намалува и истовремено се зголемува монотонијата, тогаш среќата се бара надвор од врската, кај некој друг партнер :^)
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека филозофијата е следнава: одиш со некого цел живот, мислиш дека го знаеш, дека ќе се земете и одеднаш се случува крај на врската од X причини ,нормално е потоа да не сакаш да си трошиш време на нова врска туку како памет од претходното искуство дека никогаш неможеш да знаеш што ќе се случи се решаваш на брак, ако не друго барем тие 5 години поминати во врска си можел да ги поминеш во брак, да добиеш деца. Раскинувањето на долга врка не е помалку болна од развод.
    Јас сум во врска скоро 5 години, ако се случи да раскинеме нема да му ја мислам, прва прилика да запознам некој што ми одговара ќе сакам да си оформам семејство, да добијам нешто од времето кое го вложувам а не да ризикувам уште 5 години од мојот живот. Барем јас така размислувам .
     
    На 1-Lady-in-red и anab им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    81.261
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас не мислам дека би направила такво нешто. Никогаш не сум ги оправдувала долгите врски, никогаш и не сум ги практикувала... најдолгата врска, ако не ја сметам сега оваа, ми била шест месеци. Сметам дека 6 месеци до година дена е сосема доволно за да сфатиш дали сакаш да бидеш со некого или не, и следствено на тоа ќе знаеш дали вашата врска има иднина. Зошто да бидам со некого во врска ако не ми е добро со него? И да, сум била сведок на случаи кога луѓе иделе повеќе години со некого и паф - прекинале, па од нигде никаде со некој друг за многу кратко време планираат свадба. Мислам дека едноставно се презаситиле, бидејќи многу рано во животот започнале сериозни врски. Не е дека не ги оправдувам тие врски - секој со својата среќа, нели? А ако се земаат со следниот што ќе го сретнат од страв да не се остане сам - па не знам, јас не би била со некого по секоја цена, колку да не сум сама, затоа што знам дека ќе го замразам, кога-тогаш.
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    После раскинување на толку долга врска, дечкото или девојката немаат време одново да започнуваат уште една долга врска и одново да поминуваат низ фазите на запознавање.. Туку сакаат побрзо да најдат некој со кој ќе оформат семејство, затоа што знаат дека времето им мине.
     
    На crazylady, greeny989 и anab им се допаѓа ова.
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Јас пак познавам случај каде девојката одеше 18 години со дечкото. И раскинаа и сега таа се мажи за друг.18 години , замислете, тоа воопшто не е малку, и затоа не можам да сватам како можат некои тоа да го направат.Јас разбирам дека имаат причини, ете на пример девојката која јас ја познавам, бившиот не сакал да ја жени, на толку години врска, и плус ја малтретирал, и ете таа раскинува, веднаш се фаќа со новиот и по два месеца објавуваат свршувачка. Она што не можам да го разберам е како можат така да излезат од дооолга врска. Зар не виделе во првите година дена, каков е човекот, што ум има , како се однесува спрема нив, па после толку години „си ги отвараат очите“ :^) Еве конкретно за мојот случај, не ја осудувам но каде и се биле очите 18 години, ако не и било убаво со тој, не знам зошто чекала годините да се натрупаат.
    ЈАс не би можела такво нешто да направам. Или кога би имала причина и кога би го направила, мислам дека цел живот би чувствувала голема празнина во душата. Не знам, таква сум јас, носталгична :)
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.449
    И мене ми е чудно ова анфејтфул што го кажува. Зошто им требало толку долго време да сфатат дека тој не е вистинскиот за нив. На пример девојката што била во 18 годишна врска веројатно знаела дека типот не сака да се жени, но се надевала. Тоа е голема грешка, и има многу парови што зимаат и веднаш се разведуваат токму поради тоа - знаат за мааните на партнерот, но мислат дека во брак ќе се смени.

    Разговарав на темава со една моја пријателка која беше и во брак,па се разведе. Нема деца, не стануваше збор за малтретирање и слично, туку едноставно сфатиле дека веќе не се сакаат, па затоа мислам дека може да ја ставам во оваа категорија. Ми рече дека не бил веќе ист, а не била ни таа. Почнале врска кога биле на факултет, и тогаш биле многу слични, се им било ок. После тоа се земале, малку работата ги раздалечила, двајцата морале често да бидат отсутни, а и таа била многу пореализирана во својата професија од колку тој во неговата. Бракот веќе почнал да се лади, и таа наводно се обидувала да внесе свежина, да ги врати работите како порано, но тој воопшто не се трудел. И така девојкава еден ден се разбудила од спиење, сфатила дека не го сака и никогаш нема да биде исто, и му рекла на типов да си оди. И типот без размислување си отишол, што значи дека и тој размислувал за развод.Не било ни неверство во прашање. Нејзиното објаснување беше дека кога почнале врска биле исти, но потоа се развивале различно, и после некое време веќе воопшто не биле компатибилни. Мисли дека нејзиниот успех почнал да го гуши, плус немале деца - децата веројатно би ги врзале, често отсутни од дома, немаш толку заеднички моменти... и некако се' се разводнува.
     
  9. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    22
    Јас мислам дека можеби било како одмазда...колку бившиот партнер да сфати што изгубил или слично :lol:
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    мислам дека тоа е повеќе замачкување очи.си идел долго време со некој,одеднаш си сама,гледаш дека постоеле и други машки,почнувате да се гледате,почеток ко почеток е преубав,во облаци си зашто почетокот на новава врска е многу поубав од крајот на претходната.според мене тоа е само некаква илузија и нереално гледње на нештата..
     
    На crazylady и mime87 им се допаѓа ова.
  11. Jacy

    Jacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Vremeto koe go pominuvame pred brakot ne e nekoja garancija deka toj ke bide uspesen .kolku podolga vrska tolku pouspesen brak.Jas imav dolga vrska ako se racunaa 4 god mene toa dolgo mi izgledase :) go sakav toj covek no bev svesna deka so nego nikogas ne bi imala uspesen brak iako bev spremna da se omazam on me ostavi .Ne brzam da se omazam ama so segasniot decko posle dva meseci znaev deka sakam da se omazam .Mislam deka dogite vrski ja unistuvaat strasta ,das onaa sto i trebab na brakot za da opsatne nasproti site problemi sto se javuvaat vo nego
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludicka

    ludicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Kако ги цитам ваШите постови така и паника ме фака.Sо децкото идам веЌе 3 години, се ми е убаво со него,времето,караниците,заебанциите,но ме фака паника дека долгите врски не опстојуваат,мада не мора са де биде така.Mоите иделе 2 недели и се земале -љубов на прв поглед.Nо според мое мислење сметам дека убаво е доволо цовек да го познаваШ па со него да стапиШ во брак но не предолго да идете,зс секое време може да се поминува и во брак.идат луЃе предолго ,се забораваат па после не сакаат оци да си видат.Eдноставно ако ти одговара ок ако не на време раскиниIимам 1 слуцка Што мајка ми ми ја кажа дека нејзина колеШка идела со децкото се договорени за свадба на крај пред денот за свадба се јавуваат кај сите блиски дека ја откажуваат свадбата.е и тука страв да те фати.Sметам дека убаво е на време да му се укажуваат маните Што ги има за да не се пофторуват во брак единствено реШение не е во раскинувањето туку во објаснувањето Што и како смета па цовекот да смени неШто кај него па и самите себе си.
     
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.464
    АПСОЛУТНО СИ ВО ПРАВО...ОВА Е НАЈДОБРИОТ КОМЕНТАР И СЕ СЛОЖУВАМ СО ТЕБЕ 100%
    Не треба да се практикуваат ДОЛГИ ВРСКИ...навистина е презаситеност, ниту долги ВЕРИДБИ и живеење заедно освен ако навистина немате намера за брак.Јас познавам МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ ШТО ИМАА ДОЛГИ ВРСКИ И СЕ ЗЕМАА СО ПРВАТА ПРИЛИКА ШТО ИМ ДОЈДЕ ПОСЛЕ РАКИНУВАЊЕ. ЕДНА СЕ РАЗВЕДЕ (БАРЕМ ИМАШЕ ХРАБРОСТ) ДРУГИТЕ КОНТИНУИРАНО СЕ „ВАРААТ“. Така да...долга врска...благодарам не!
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22
    Многу ми е страв да не ми се случи вакво нешто :( идам со дечко ми скоро 8 години од мои 15, живееме заедно, го сакам, но понекогаш мислам дека треба да променам да бидам со друг макар за кратко... тој сака да правиме свадба, но јас не се согласувам и мислам дека е рано ...ужас
     
  15. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    30
    Тоа е точноо ..
    Долгите врски баш баш и не успеваат .. Некој ке одат 5 години заедно .. и полсе одма раскинуваат .. а некој па 4-5 месици и оп одма глеаш брак. Стварно не ги свакам таквите луге.
    После толку долга врска раскинување и одма после брак со некој друг(а) .. а иначе како му текнал(а) на тој-таа да се венча онака преку нок ли .. :lol: стварно не разбирам .. но сепка повекето случаи се такви за жал :worried:
     
  16. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22
    Мојата филозофија за ова е дека после толку долга врска многу лесно може да ја зигубиш главата по некој, ти треба промена, нешто интересно и во секој љубов на почетокот летаат пеперутки, ти се врти во глава итн. па така лесно се впушташ во брак, а ако сте заедно долго време ги анализираш работите многу детално и се нешто не ти дава да се одлучиш на тој чекор
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.449
    Не може да се генерализира дали долгите врски опстојуваат или се осудени на пропаст.
    Јас бев во врска 5 години кога почнавме да живееме заедно, а после една година стапивме во брак. За тие 5 години студиравме, така што заеднички жиот не доаѓаше во предвид.

    И многу луѓе во мојата околина имале долги врски, па се земале. Некои имале криа па ја решиле, некои не. Има и такви кои раскинале, ама тие цело време се мислеле дали да раскнат или не, уште од почеток на врската, па подоцна се решиле.
     
  18. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    А што е подобро, да се энааат еден месец и така брэоплето да влеэат во брак и после да се эапоэнаваат. Јас па энам многу парови, што иделе доста кратко време и се эемале, и после идат проблемите. Се си е индивидуално, треба и да энаеш како да одржиш долга врска, бидејќи многу ги эемаат партнерите эдраво эа готово и не ги третираат на ист начин како на почетокот,што според мене е најголемата грешка.
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Должината( читај времетраењето) на врските не е гарант за квалитетот и трајноста на истите :!:
     
    На Thallia и anab им се допаѓа ова.
  20. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    22
    тотално се сложувам, може со некој да си 20години и пак да не штима... не го оспорувам истото... имам квалитетна врска само понекогаш сакам поголема слобода