е морав да пишам,значи не ми е јасно како може некои девојки при маж и златни деца да се слушаат со бивши.Не дека незнам како е и јас имав скоро 4 годишна врска и мене ми предлагаше брак не еднаш 3 пати но не прифатив,со маж ми одев 8 мес и се омажив.и мене ми е тешко кога ке го сретнам најубавите години со него сум ги поминала,но сепак кога ке се сетам дека покрај мене имам два ангела што ме сакаат никогаш не би направила такво нешто.поздрав можеби грешам но тоа е мое мислење
Mа вопшто ти не грешиш, ама да ја знаеш мојата ситуација може и ке се замислиш, ама како е така е, со тоа пријателско јавување на телефон не се осекам како да изневерувам, и на тоа и ке остане. И мојов пример го напишав за да ви кажам дека не секогаш е подобра таа опција, веднаш мажачка...( па мажачка зашто трудна си останала па никако). Немам мвреме да напишам зошто го имам ова мислење но штом можам ке ви ја опишам ситуацијата и ке можете реално да ми `судите` И ненушка убаво си напиша ДВА ангела што те сакаат, е кај мене е ЕДЕН што секогаш ме сака(керкичката) А ДРУГИОТ по потреба-- зависи од неговото расположение..
Пеперутка мислам дека те разбирам, бидејќи можеш да го контролираш разумот, а не чувствата. Но ова не значи дека би било во ред да го изневериш сопругот со бившиот. Тоа што било, поминало. Не сте биле судени еден за друг. Само ме интересира дали твојот сопруг знае дека контактираш со бившиот? Инаку што се однесува до темата, и после долга врска не сметам дека треба да се омажиме за некој кој го познаваме само два месеци. Долгата врска не е предуслов дека секогаш ќе останеме заедно или дека ќе имаме успешен брак, но мислам дека би имала поуспешен брак со човек со кој сум била во врска 6 години, отколку со човек со кој сум била во врска 6 месеци. Секој почеток е најубав. Најчесто после излегувањето од долгата врска се чувствуваме уморни од се, па таа нова врска ни изгледа повозбудлива (иако во суштина е исто, само партнерот е различен) па затоа веднаш стапуваат во брак.
Неможев а да не го искоментирам ова.И во мојата фамилија имаше ваков сличај девојката одеше со дечкото 18 години и тој несакаше да ја жени и таа мораше по сугестија или поточно со голем притисок и голема подршка од сите да го остави и по еден месец се сврши со друг. Се прашуваш каде и биле очите??? Па таакога пошла СО НЕГО БЕШЕ САМО ДЕТЕ КОЕ НИ НА КРАЈ ПАМЕТ НЕ РАЗМИСЛУВАШЕ ЗА БРАК и со тек на време како што се нижеа годините така и поврзаноста и надежта,и сепак 18 години не е мала работа човек може многу да се смени, знам колку и беше тешко кога го остави но со подршка од сите тоа го преброди и сега е пресрекна и со новиот сопруг и очекуваат принова
Мене лично не ми се допаѓа стапување во брак со човек кој недоволно го познаваш... како што раскажувате за случаи каде после 4,5,6 годишна врска се мажи со некој друг кој едвај го познава да речеме 3,4,5 месеци! Тоа е погелем ризик бидејќи не го ни познава човекот како карактер и не може ни да претпостави каков маж и татко ќе биде! Додека пак во подолгите врски го запозаваш човекот подобро и свесно велгуваш во брак, па ако не функционира знаеш дека имаш вина и ти што воопшто си се впуштила во заедничи живот со тој човек! Во долгите врски имаш време да се предомислиш,одиш со некој 2 години, се освестваш дека има 1000 мани што тешко ги толерираш и раскинуваш! Знам дека не е лесно бидејќи имам прекинато една врска (во незрелите години 16,17) која траеше околу две години, ама сватив дека таков човек не можам да поднесам до мене! Сега сум со дечко ми исто така долго скоро 7 години и 100% сум сигурна дека тој ќе биде татко на моите деца бидејќи го познавам како карактер! Всушност тоа е предноста на долгите врски, подобро се познавате и имате време за да се премислите пред брак! А во кратките врски пред брак е ризик, или ќе ти биде убаво или нема! Е сега некому му се испалаќа ризикот и затоа тврди дека е подобро каратка врска пред брак, но на многумина им се сака назад во долгата врска за да живее со човек што го познава а не со човекот каде само моменталанат љубов и страст ја довеле! Мислам дека кога раскинуваш долга врска па набрзина се жениш со ,,нов дечко,, набрзо ќе научиш дека откако ќе исчезнат страстите, единстевното заедничко со ,,новиот,, се само децата!
да после раскинуванје не е веке долга а бракот со сосема нов деЧко ке ти помогне да го заборавис после некое време ке видис сто имас до тебе и него ке го засакас
Па не знам баш за ова. Не ги сфаќам девојките кои влетуваат во брак со личност која ја знаат месец дена, само затоа што претходната неколкугодишна врска се распаднала. Ми доаѓа како некој вид спогодба, ајде ќе се омажам, "ради-реда" колку да не останам сама на светов. Зашто реално така размислуваат девојките. Врската од 5 години да речеме пропаднала и брзо ајде сега ќе се омажам со првиот кој ќе ми свирне. Ако не резултирала во брак, не мора да значи дека не треба да се инвестира време и трпение во наредната врска.
Мојата најдобра другарка пред две недели се омажи после тригодишна врска, со човек кој го знаеше точно еден месец јас бев стварно изненадена, но сепак, ја знаев нивната ситуација, во врската и беше не баш сјајно, цело време, сакам не сакам, кога таа го молеше, тој беше ладен, кога тој ја молеше неа, таа беше недостапна и така до недоглед. Плачки од двете страни којзнае колку, колнење во вечна љубов, се. Некако издржаа, три години сепак, ама внатре во нив вриеше цело време. И дури сега него му текна да и каже дека без разлика што се случувало со нив, тој сепак ја сакал и имал сериозни намери со неа зимава. Јас тоа го викам „не знам што сакам“ Сега откако ја изгуби му текна! Но, другарка ми(пошто и јас бев изненадена од одлуката нејзина) само кратко и јасно кажа-знаев дека тој е ТОЈ. Што има да чекам? На сите ни е нејасно, ама искрено да ви кажам, ја знаете мојата драма(ко што рече Трендафилка ) и можам да потврдам дека не можеш никогаш да знаеш што те очекува понатаму. Еве летово и јас се поосомневав дека можеби не е тој вистинскиот, па од каде да знам дали ќе се земеме. Јас сакам, ама каде ќе отидеме, не знам Да, не оправдувам вакво залетување веднаш, ама мислам дека не е секогаш за „да не остане сама“. Другарка ми има едвај 21 година, па нели немаше да остане сама!? Ама ги гледам еве, се гледаат како цел живот да се знаат, со љубов, си гугуткаат, таа ми вели дека е премногу среќна, и се гледа на неа, блика. Тоа е, не можеш да знаеш каде ќе те одведат чувствата!
Неможам да сфатам како можат да се мажат до некој што не го познаваат доволно. На почеток секогаш е убаво во врската, но проблемите доаѓаат подоцна... Мислам дека сепак потребно е да се помине одредено време заедно за да видиш како ке функционирате на подолг период, 1 месец е премногу малку за некого вистински да запознаеш.. Кога ке ми текне, првите неколку месеци јас се срамев од мојот дечко, ми беше срам да се појавам пред него без шминка , неможев да споделувам се и сешто, ми било незгодно да го искритикувам и слично... Ама сега поселе 2 години се е сосема поинаку... Сега за сега не можам да се замислам со друг, освен со дечко ми, а и ако НЕДАЈ БОЖЕ раскинам некогаш со него, знам дека ке ми треба многу време за да го заборавам, и да си најдам друг АСАЛЕН, а камо ли да се мажам.
Еве братучетка ми имаше дечко 14 години и раскина со него па се ожени со друг за 2 месеци ама претходно го знаеше доволно добро па сега и е поубаво од кога било.А најинтересен факт е што неговите баба и дедо не дозволуваа тие да се женат и затоа тој чекаше толку, ама нејзе и скисна чекајки и се ожени и на нејзината свадба умре неговиот дедо, а по една недела и баба му.
Истото и се случи и на моја другарка.Беше со еден дечко осум години,ама беше кога он сакаше ,пошто нели опасен фраер,па држ недај..А таа го сакаше,па си се надеваше дека еден ден дечкото ќе му проработи паметот во глава..И на крај,се одлучи,го остави,фати друг дечко. За пет месеци се зедоа и имаат прекрасен живот,преубаво двегодишно бело девојченце кое го обожавам,а нејзиниот бивши,до ден денешен прашува кој ќе стигне за неа..Некогаш ако треба да ти е убаво во животот,ќе ти биде убаво и со некој што го познаваш пет месеци,и со некој кој го познаваш пет години..Чудни се животните патишта,нема некое правило за среќа..
Девојки, ви верувам на вашите коментари и искуствата на ваши блиски, нормално дека не би лажеле. Ама јас лично не би земала некој што го знам 1 месец. Не го оправдувам тоа "па ќе се запознаеме во бракот имаме цел живот пред нас." Далеку било дека некогаш 100% ќе го познаваш твојот дечко / сопруг каков е, може и 10 години да поминеш со една особа, а да немаш поим што се' крие во себе, ама па за 1 месец, шансите се уште помали. Како и да е, секој со својата среќа. Верувам дека им е убаво на девојките со такви искуства, а тоа е најважно. А бившите нека се апат за газот сега.
Се сложувам со Трендафилка! И јас спаѓам во категоријата на луѓе кои сакаат подолго и подетеално запознавање на човекот пред да се направи тој крупен чекор стапување во брак! Не би се мажела за некој што едвај сум го запознала, јас сакам да го видам во различни изданија, да го видам и среќен и тажен, и храбар и слаб, и убав и неубав...секаков! И долгите врски не се гаранција дека во бракот се ќе функционира перфектно...ама па кратките се уште поризични! Во долгогодишно забавување со еден човек секако дека го запознаваш начинот на негово однесување,размислување, реагирање додека пак во кратките врски си водена единствено од страсите и моменталната љубов! Не дека после каратка врска 100% следува разочарувачки брак, возможо е и да се прилагодат и двајцата еден со друг, возмоно е и да се разбираат и сакаат за цел живот но возможно е и да се разликуваат меѓусебно во сите полиња од животот па тоа да предизвика несреќа за двајцата! Затоа би и рекла на секоја девојка... запознај го подобро, не брзај бидејќи брачниот другар ќе треба да биде и тактко на твоите деца а таа чест не му се дава на секого!
Сестра ми го познаваше зет ми 3 месеци, четвртиот се земаа. Јас бев многу против, ама еве ги 4 години во брак, сега им се роди второ дете, бар до сега ми се нема пожалено дека не и е убаво. А јас сеуште киснам во 7 годишна врска.....
Морам само да се согласам со Џули. Точно е, нема правила и навистина никогаш не се знае кога и како среќата ќе ти затропа на врата. Сведок сум на повеќе раскинувања на долгогодишни врски, после тоа во релативно кратко време девојките си нашле други дечковци и сега се земени, некои веќе имаат деца итн. Не знам зошто е тоа така, но добив впечаток дека после една навистина долга врска, која ете не завршила со брак, како да не им се чека на луѓето па стапуваат во брак со наредниот партнер кого ќе го сретнат. И обично, барем засега - пу пу, животот им сервирал супер квалитетни луѓе. Како надомест за претходните со кои не се нашле и покрај тоа што поминале толку време заедно. Ама сведок сум за жал и на неколку очајни обиди да се задржи новиот партнер кој се појавил после долгогодишна врска - ваков, таков, крив, прав, хоштаплер....битно има машки органи за репродукција и има да остане со мене до крајот на животот. Јас го фатив! Мој си е! Оп СТОП! И сега крај со крај не можат да сврзат. Значи, ете - нема правила! Јас сепак на местото на сите тие кои сакаат да се земат со некој после кратко одење, би била претпазлива. Една работа е да љубиш некого а друга да си пуштиш в куќи човек кој едвај го познаваш. Дури не научите взаемно барем кое ви е омиленото кафе, не стапувајте во брак! (јас тука од лично искуство би додала - И дури не го научите како се однесува во тешки ситуации кога е потребно да се делува, исто ви е како да не сте го запознале воопшто)