1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 19 мај 2010.

  1. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Имав врска од 6 години која ја раскинав зашто се изгуби хемијата меѓу нас, немаше веке љубов.

    Се запознав со другар на мажот на мојата најдобра другарка и по два месеци одење, почнавме да живееме заедно. По неколку месеци останав бремена, се зедовме и еве сме во брак три и пол години. Супер ми е и сум пресреќна со него. Од самиот страрт се виде дека имаме многу заеднички работи и заеднички гледишта кон животот. Можеби и бев повозрасна (29 години) и полесно можев да го оценам.

    Ризик има, и навистина треба да сме претпазливи.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Од мала, од прва во средно започнав сериозна врска... Одевме 5 години и нешто. Врската на почетокот ни беше онака детска повеќе, но маленко си бев тогаш. Тој ме контролираше на секој можен начин, ми забрануваше многу работи, ме изневеруваше... Едноставно јас му бев марионетка. Но смотано јас, го сакав, иако тој ми раскинуваше јас го молев да сме заедно. Така беше првите 2 години. Потоа се беше навика. Плус моите дома знаеја за него, се запознаа. Наредните три години секој ден се каравме, не се поднесувавме еден со друг, многу пати ми префрлуваше за моите другари од детството со кои се уште се дружев. Последната година од врската немаше никаква интимност меѓу нас. Едната причина беше што тој ми беше премногу одбивен (з.ш јас му раскинував,а тој се колнеше ќе се убие и слично само да останеме заедно и јас од страв пак му се враќав), немаше љубов меѓу нас, имав закачено инфекција поради него ( јас од него, а тој ја закачил најверојатно од некоја од неговите курвички)... Имав многу проблеми, стигнав и до болница поради нервози-желудникот ми реагираше на тоа. Кога почнав на факс проблемите се зголемуваа, глупи прашања како кој ти е тој што ти кажа здраво, од кога го познаваш па здраво да му кажуваш бла бла бла значи љубомора невидена....Главната причина беше баш таа љубомора поради која ја снема љубовта....
    Еден ден некако собрав сили и и објаснив се на мајка ми и таа ме подржа во намерата да го оставам иако претходно се противеше на тоа.
    Да не бидам офф топик сакав да кажам дека, по таа долга и катастрофална врска, во меѓувреме пред да и ставам конечен крај на таа врска, запознав човек кој ми го промени светот, човек кој ме научи дека животот не се состои од секојдневни нервози и солзи, ме научи тагата да ја заменам со насмевка, не ми даде никогаш повод јас да се растажам...
    Откако и ставив конечен крај на таа врска, со оној другиот човек веднаш влеговме во врска, јас само што излегов од долга врска,а тој само што се разведе по едногодишен брак (без деца)... И двајцата поминавме низ многу осудувања од другите, дека требало да почекаме да помине време бла бла бла....
    Јас и тој сме огледало еден на друг !!!! Го сакам неизмерно многу, нема доволно зборови во нашиов јазик со кои би можела да објаснам колку го сакам :inlove:
    Ние почнавме заедно да живееме по неколку месеци, а еве денес очекуваме бебенце, си спремаме свадба и никогаш во животот и на двајцата не ни било поубаво...


    Ова беше мојата кратка приказна поврзана со темава.... И за крај-ДА ги поддржувам девојките што постапуваат така, секоја си има своја причина....
     
    На sashamkd, UniqueCreature, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Блонд, нашите животни приказни ни се поклопија во некој дел, и јас излегов од долга врска (само што кај мене бившиот не беше љубоморен, туку тотално незаинтересиран - почна да оди по цркви, да пости, а со самото тоа и помала интимност). Мажот ми исто така пред мене беше една година во брак без деца. Како што напишав и јас набрзо откако влеговме во врска си останав трудничка, па наскоро си направивме и прекрасна свадба. Имаме прекрасен брак овие три и пол годинио и таков ти посакувам и тебе.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oldy

    Oldy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Па баш затоа би се оженила така со некој што го знам малку време кога и по 10 години неможеш да си сигурна каков е твојот дечко/сопруг.И ја знаеш таа без ризик нема шизик :D
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Инола, интересно е како понекогаш некоја виша сила си ги замеша прстите, ти ги измеша патиштата и те донесе на место, време и со некоја личност што претходно никогаш не си помислувала дека ќе е така....
    Во секој случај баш ми е мило за тебе, да си се сакате со твојот маж уште многу многу години..Ете ве осудувам на 1000 годишна љубов :D
     
    На Inola му/ѝ се допаѓа ова.
  6. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Искрено, не можам да сфатам како луѓево после долги врски кои завршиле неуспешно за некој ден стапуваат во брак.
    Јес да чувствуваат празнина, навика, се плашат дека ќе останат сами итн итн.... ама брак? Друга врска да, мислам дека многу од нас би влегле во друга врска и тоа највеќе поради горенаведениве причини, ама бракот е сосема друга работа, јас барем така го сфаќам. Бракот е засекогаш, фала Богу ако од некои причини не успее, има и развод, нели...ама подобро да се спречи отколку да се лечи, да се запознаени барем малку од малку, не само мажи се и крај. Да, сфаќаат дека немаат веќе време и дека сакаат деца, но тие деца после треба да растат во здрава средина, ама како ќе им ја обезбедиме таа доколку сме во брак со неадекватна личност...
    Познавам многу такви. На некои им се посреќило, ама на некои баш и не. Пред некој месец баш една познаничка излезе од 7 годишна врска и по 2-3 недели се омажи со тотален странец...и по неполни 2 месеца се разведоа...Сега е крајно разочарана и не си личи на себе ама тоа ти е...
     
  7. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Јас па неможам да сфатам како по толку време заедно сфатиле дека врската не им оди. Одат на пример повеќе од 5 години и тогаш сфаќаат дека нешто не е во ред. Има различни причини на кој се прекинува таква врска, но сум познавала и примери кога врската од толку години за обични глупави нешта е прекината. Се чудам како сфатиле дека по толку време не се еден за друг а поминале дури и 10 години заедно. Зошто губат толку драгоцено време, па што е и најтешко за многу краток период стапуваат во врска со друг/а и веднаш потоа и во брак. Денес луѓево како тотално без чувства да се. Ваквиот начин јас воопшто не го оправдувам, освен ако нема некоја сериозна работа. Зошто да му го губиш времето на некој или тој/таа на на тебе кога немаш сериозни намери и кога си подготвен/а за миг да уништиш нешто што се градело толку време. Во толку долга врска нормално е да има кризи никој не може да предвиде што ќе биди во иднина ама вакви нешта не треба да има барем не веднаш по раскинувањето. Тоа не е решение да се заборави се и веднаш да се почни одново. Како погоре што е наведено тотално се согласувам зошто веднаш брак без разлика какви биле причините за прекин на долгата врска. Ама денес се може да се очекува ......
     
  8. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Milicka, сигурно не си ни била во прилика да имаш долга врска со оглед на тоа што имаш 20 години. Во таа врска се стекнуваат навики, се гради нешто, се создава круг на пријатели. Не е едносѕавно да се напушти човек со кој си бил толку време. Ова зборувам за врски каде не е причина неверството. Не е дека ако на некој му требаат 10 години да поминат за да сфати дека не е створен за својот партнер или обратно е глупав или направил грешка. По подолг период самите се менуваме, нашите сфаќања па и потреби не се исти како пред 10 години. Може да настане монотонија, која што можеби само пред една година ја немало, и едноставно чувствата да згаснат.
     
    На blond и irenna им се допаѓа ова.
  9. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Јас лично сметам дека е следново
    Се впуштаат во врски од 15 години кога ти е време за живеење и искусување на разни нешта во животот,се обврзуваат за некој само зошто мислат дека така треба,треба да имаш дечко без да знаеш што е тоа што го сакаш кај машко,зошто што е тоа искуство на 15 години??? :fubar: Од каде знаеш што ти смета тебе кај некој кога не знаеш ни самиот кој си и што треба да поправиш??И подоцна кога ќе созреат сваќаат што сакаат, веќе им се изживеано,сакаат слобода зошто нели се врзани веќе 5 години и не можеле да мрднат и сакаат нешто ново нешто свежо.И забораваат потоа дека идиме во зрелите години каде што љубовта не е замо пеперутките туку е личноста што ја имаш до тебе и тоа што си ти кога си со него.сакаат да се врати тоа првично чувство од пеперутките но нели сега сме големи па не може да е со ист интензитет...па се разочаруваат премногу,не наоѓаат она што го бараат и чисто онака за утеха оппп во брак.
    Јас имав другарка која се мажи на третото гледање со сопругот да речам сега.И сите се изненадивме.А нејзиниот одговор беше...се скарав со бившиот по 3 години сватив дека не е тој за мене.И сега овој е за мене.Има се што сакам.А зошто по толку време сватила,зошто и било толку време потребно??Точно заради тоа што реков,зелена била па не ни знаела што сака па пораснала сега и сватила дека била со него чисто по случаен избор онака едно мување во петок навечер на 16 години.
     
    На Hopeful, sonce777 и milicka19 им се допаѓа ова.
  10. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Мимоза, се согласувам со твојот пост, зашто има многу вистина во него. Навистина, девојки што биле со некој во долга врска, особено ако им е прв дечко, не може да знаат дека има и подобро од него што повеќе ќе им одговара.

    Но прашање е како да раскинеш со некој со кој мислиш дека ти е убаво и мислиш дека така треба да функционира една врска, а немаш појма дека треба да биде поинаку. Затоа некои врски траат подолго, додека не им се отворат очите.

    Мајка ми има една добра мисла, и јас ќе им ја пренесам на моите деца...ТРЕБА ДА БАКНЕШ ПОВЕЌЕ ЖАБИ ЗА ДА СИ ГО НАЈДЕШ ПРИНЦОТ

    Е само не ми е јасно како твојата пријателка од три гледања сфатила дека тој е вистинскиот :)
     
    На Hopeful и blond им се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Се согласувам со тоа што го кажа Инола како да ја прекинеш врската кога со него ти е убаво.Еве јас со дечко ми сум во врска 9години неколку месеци.Се почна на шала,јас воопшто не сум планирала дека ќе бидеме во врска толку време.Тие работи неможе човек да ги предвиди,дека ќе биде во врска толку време,едноставно се случува спонтано.Свативме дека ни е добро заедно и едноставно немаше причина да прекинам.Зборувам за почеток,нормално дека секогаш неможе се да биде добро,па затоа натаму треба и да се вложи труд,кој треба да биде обостран за да успее врската.Е,сега неможам во гради да се удирам дека секогаш ќе бидеме заедно и дека нема шанси да прекинеме,зошто како што кажав погоре тоа човек неможе однапред да го знае.Но кога би дошло до тоа,човек треба да оди понатаму и да не ја губи надежта.А зошто потоа започнуваат нова врска во брзо време или пак стапуваат во брак, јас сметам дека тоа го прават од страв да не останат сами.Времето брзо минува и ако некој потрошил 10години од својот живот за една врска,нормално дека нема уште 10 да потроши на друга.Едноставно се задоволуваат да најдат некој што ќе и одговара и продолжуваат со него понатаму.Мислам дека сето тоа е нормално,зошто секој сака да има некој покрај себе,никој несака да биде сам.
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimozamime

    mimozamime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Конкретно не знам како сватила баш на три гледања ама сигурно сватила дека е подобар од претходниот.Секоја жена си има свои критериуми за својот принц.Не мора да ги исполнува сите доволно е 60% да се тие што ги сакаш.Ако знаеш што сакаш кај човек многу лесно ќе ти биде и да го цениш тоа кога ќе го најдеш.А се познава човек каков е дали на три пет гледања...кога си позрел и поискусен полесно можиш да ги процениш луѓето особено пак ако си имал повеќе жаби во животот па знаеш да процениш дали е нешто друго.
    А кога во врската има монотноија а знаеш дека ти било некогаш убаво со него...живеј ги спомените сеќавај се на она што сте го поминале заедно.Ништо не се повторува па нема ни чувствата да бидат некогаш исти еднаш кога ќе заминат.Само се претвораат во нешто друго што според мене вреди повеќе а тоа е почит и разбирање.Не очекувам од мојот споруг ете да речиме да ме опсипува со љубов и внимание и секој ден да ми кажува дека умира за мене...доволно ми е да ме цени да ме слуша и да ме поддржува и да ме врати два чекори наназад кога знае дека грешам.Кога ќе го погледнам во очи не да се губам од љубов туку да гледам стабилност.Некој кој е до мене за мене.Бракот не е изграден врз љубов.Таа е само еден столб од него.
    Така да за да не пукне една врска која била долго долго време негувана...треба да се разбере дека има причина зошто се вика врска,треба да се одржува и почитува она што некогаш било.
     
  13. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Не се работи за годините и искуствата туку според мое расмислување. Не треба да имам многу години за овие работи да не ми се јасни. Очигледно не се сфакаме. Темата убаво гласи Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко? Човек не се менува така лесно неговите желби и потреби можат да се сменат а не се исти како пред 10 години со факт дека се впушташ во врска од 15 години, времето за кое треба да го проживееш најубаво што можеш ти се затвораш во круг со еден човек тој тие и другар и дечко и се останато. Ќе ти стане се монотоно тогаш и кога ќе поминат неколку години си сфатил каде си погрешил и бараш да раскинеш и што потоа....ете погоре убаво објаснала да не го повторувам истото. И друго нешто секоја минутка е драгоцена зошто да го губиш со некој времето а знаеш дека нешто не штима како што треба. Не се потребни 3, 5 или 10 години да сфатиш некој каков е, тој сигурно во тоа време не бил идеален, правел грешки а ти си гледала низ прсти со надеж дека ќе се смени и дека има љубов помеѓу вас и така времето си минува и ти сфаќаш дека тој не е за тебе од кога поминале 10 години го оставаш и веднаш нов и брак со тој истиот. Која е логиката тука неможам да сфатам имаш доверба во некој што го знаеш само неколку дена од твојот живот а зад себе оставаш некој што си поминал еден голем период со него си делел мислења, постела, среќа, тага, убави и лоши моменти .... Ние не се менуваме еднаш го градиме својот карактер околносите околу нас можат да се сменат а човек само да се прилагоди на нив. А чувставата не само во долга врска и во брак се губат се се сведува само на потреба еден од друг затоа не гледам ништо поразумно од твојот пост. Што ако и со тој новиот во бракот по 10 години не најдеш ништо заедничко се да се изгуби како во вркста ќе се разведеш и што понатаму. Ретки се тие случувања каде се е ок понатаму со човек што не го знаеш доволно не е пожелно да го делиш остатокот од животот тоа сакав да го потенцирам ;)
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Како што рекоа и другите многу бројни се ваквите примери. Сите се прашуваме зошто? Причината според мене е изгубеното поверение. Значи оделе 5,10 години и раскинале. Па сега си велат дај овој/оваа да си ја/го ставам на суво да не биде пак разделба. Мислам дека со тек на годините врската се претвара во пријателство, страста се намалува, потребата еден за друг станува се помала и сето тоа доведува до крај. После месец -два наоѓаш друг партнер со него ти е интересно, занимливо , едвај чекаш да ти се јави , едноставно не е така монотоно како што било во претходната врска- И доагаш до заклучок Ние сме еден за друг :D
     
  15. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Milicka, прво да ти кажам дека никогаш не сум имала врска од 10 години!!!! Мојата претходна врска траеше 5 години, а со сегашниот сопруг почнавме да живееме заедно после два месеци откако се запознавме, тоа ти е еден вид предбрачна заедница. Формално во брак стапивме по една година.

    Второ, велиш: "Ние не се менуваме еднаш го градиме својот карактер околносите околу нас можат да се сменат а човек само да се прилагоди на нив". Е да знаеш колку ќе бидеш променета по 8 години, тогаш ќе знаеш дека сум во право. Не може да имаш ист поглед на светот на 20 и на 28 години, верувај ми. Денес имаш едни критериуми за тоа каков човек сакаш да имаш во животот, тогаш ќе имаш други.

    На 20 години можеби ќе сакаш момче што е забавно во друштво, што знае да ти угодува, да е добар во сексот. Што ако тоа момче после 8 години ги има истите карактеристики, а на пример, абер нема да се вработи, да го заврши факултетот, да те побара за жена, и не сака ништо од тоа да направи...Е верувам дека ќе се промениш и ти до тогаш, а и твоето мислење. И номално ќе се оладиш и ќе го оставиш, па кога ќе најдеш некој што одговара на твоите критериуми, нормално дека е сакаш да го задржиш... :)

    Можам многу да пшишувам, ама сум со мало дете кое не ме остава ;)
     
    На okcenzi и papuca им се допаѓа ова.
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Во право си навистина но целта не мие да се докажуваме кој колку повеќе знае и колку е искусен во животот и ред други нешта, туку стриктно на темата јас со мое мислење приложив дека тоа не го оправдувам не посебно кога тоа се случува премногу брзо. На секој може да ни се случи тоа па дури и мене. Јас сум еве скоро една година во врска и некогаш и мене ми станува монотоно, ми недостасува онаа слобода што ја имав пред тоа, друштвото, забавите но тоа е се оние наши грешки кога стапуваме во врска премногу мали. Но кога ќе размислам и моите години не се малку, како што си врват годините па потешко е да најдеш онаков партнер како што посакуваш и да формираш врска, не е работата најди некој оди извесно време и одма стапи во брак па потоа живеј како што ќе живееш. Како што и некој спомнаа, луѓето се плашат да останат сами па по секоја цена ќе стапат и во брак ако треба со некој што вчера го запознале. Сакав да кажам дека во таа смисла не ми изгледа некако баш најдобро таа одлука: Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко. Мислам ме разбираш јас не го негирам ова што го пиша тоа е точно потполно си во право, но што и ако во бракот со таа нова личност по неколку години истово се случи никој на тоа не размислува или ќе трпиш се за да не останиш сам, што немора да значи тоа еве можи па сосема да се случи обратно се да биде ок. :D Е тоа беше мојата дилема, можеби доволно не бев јасна па да ме сфатите што сакам да кажам :)
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Најголемата причина поради која пропаѓаат долгите врски е тоа што партнерите на вложуваат напори и не си посветуваат внимание како на почетокот на врската. Имам другарка која прекина 9 годишна врска со дечко за кој знам и сигурна сум дека стварно го сакаше и за три месеци се омажи за друг. Кога ми кажа дека раскинале, не ја сфатив сериозно, ми изгледаше нвозможно, иако во последните месеци таа нон стоп ми се жалеше дека не им одело, дека неможела веќе да издржи со него, дека ја навредувал, не се трудел околу неа, си терал по свое итн. Но после неколку недели фати нов дечко, а набрзо и се омажи за него. Сега веќе имаат две дечиња. Сега кога зборуваме за тоа, ја прашувам што мисли дали ја донела правилната одлука, зошто претходниот дечко долго време не можеше да се помири дека ја изгубил, и праќаше цвеќиња на работа, ја молеше и такви ствари. Секогаш ми одговара дека во ниту еден момент не се покајала за одлуката, дека со сегашниот маж имаат взаемно почитување и доверба, дека се чувствува сакана и сака, и приредува изненадувања, ја шета, и посветува внимание, внимава што ќе каже, внимава да не ја навреди, едноставно и двајцата вложуваат и ја негуваат љубовта. Тоа можеби и е лекција од претходната врска, научила што треба да му дозволиш, а што не на еден маж.
     
    На lebarka, milicka19 и blond им се допаѓа ова.
  18. papuca

    papuca Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3

    Ех, колку само вистина :) јас со дечко ми идеме некои 3-4години, знам дека на почетокот беше се супер, баш она што ми требаше, забава, зезање..ама СЕГА, на 26години, кога абер нема за озбилни ствари, и секогаш вели дека му е рано да се врзе, мене се' повеќе ми смета... :(
     
    На lebarka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110

    Значи таа сега има се што немала со бившиот, но таа кажува што има сега со него, но не приметив дека кажува колку е заљубена и колку страст има во новата врска ( може само ти пропушти да го напишеш тоа ) Ова го пишувам за тоа што тука некаде се најдов јас, значи имав врска не баш долга, бев лудо заљубена но за возврат не добивав ништо освен болка. Сега сум со дечко неколку години имаме взаемно почитување и доверба, се чувствувам сакана и сакам, ми приредува изненадувања, ме шета, и посветува внимание, внимава што ќе каже, внимава да не ме навреди, едноставно и двајцата вложуваме и ја негувааме љубовта. Дури тој повеќе вложува од мене,што ме тера некогаш да се запрашам дали го сакам него, или сакам го сакам начинот на кој тој ме сака, и не знам колку тоа е погрешно ако е така.Од толку што бев повредувана во љубовта во него најдов заштита и секако среќа, но не сум начисто колку љубов има во сето тоа од моја страна. Духот на минантото се уште живее длабоко во мене, иако некогаш не сум ни свесна за тоа. Не би му се вратила на бившиот за тоа што навистина не сакам, но факт е дека некој што бил во твојот живот и ти значел без разлика какви спомени те врзуваат со него, сепак те врзуваат.
     
    На okcenzi и sonce777 им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Секоја чест на искреноста, ретко која девојка прво - го сфаќа ова, и второ - успева да си го признае, самата на себе, а подоцна и на другите.
    Во секој случај се надевам дека ќе откриеш, ова е една од оние недоумици со кои се соочуваме ние девојките, затоа што и мене ми се има случено, слично како и проблемот - дали сум со некого од вистинските причини или само поради фактот што се плашам да останам сосем сама.
     
    На okcenzi и lebarka им се допаѓа ова.