Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 19 мај 2010.

  1. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Јас исрено сум против стапувањето во брак после многу кратка врска. А сепак кога ќе размислам не ми јасно зашто имам такво мислење. Можеби тоа е мојот страв затоа што сум подолго време во врска, а се уште нема никакви знакови дека ќе стапиме во брак. Едноставно такви се околностите.

    Од друга страна пак, ќе ја земам за пример сестра ми. Таа имаше врска добри 9 години со еден супер дечко, барем на прв поглед. Значи воспитан, образован, интересен итн. Се што би сакала некоја девојка. Но, и денеска не му е јасно дека не е рано да се жениш во 30тите години :)) Шала на страна, едноставно мислам дека тој човек никогаш нема да се ожени, или можеби ќе се ожени во 50тите години од животот за некоја 20 годишна девојка. На сестра ми тој дечко и одговараше, меѓутоа ете едноставно сфати дека со него треба уште многу да чека ако сака да има деца. А можеби тогаш ке биде и веќе касно! Раскинаа... И многу брзо најде нов дечко кој е и една година помлад од неа. Искрено мислев дека нема шанси да е тој озбилен. Однесувањето му беше далеку помладелачко отколку на нејзиниот претходен дечко. Мислев, ех овој нема шанси да има намера да се жени. И фала богу, згрешив. Се верија после 5 месеци, и набрзо правеа свадба. Мислам дека не сум ја видела посреќна сестра ми, а зет ми е одличен татко и баш е одговорен...

    Зборот ми е дека се зависи од околностите. Некогаш се залажуваме, идеме долго со некого едноставно мислејќи ете така треба да биде. Или немаме време, или едноставно не сакаме да се соочиме со вистината дека таа врска не е веќе врска. И пак, не е добро ни одма да се залетаме при следната дадена прилика. Може да се случи новиот партнер да има дури и полоши карактеристики од претходниот...
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Па чести се вакви случаеви денес. Искрено јас мислам дека во ваков случај не станува збор за љубов. Не може тукутака да се избришат многуте години поминати заедно и да се заљубиш во нова личност. Јас не викам, можеби навистина ќе им биде убаво со новата личност, но дали ќе има страст, љубов или се ќе се сведува на почит и основање фамилија. Мислам дека има и парови каде некој од инает ќе се одлучи на брак со друг, а тука веќе се прави и најголемата грешка во животот. Па после долга врска ти за еден месец неможеш да расчистиш на што си, не па да стапиш во брак со личност која ја знаеш кратко. Главно кога ќе ги запрашаш зошто најголемиот дел ќе речат, убаво ми е се разбираме, ме почитува. Но каде е љубовта, страста? Мислам дека најчесто на ваков чекор може да се одлучат и поради годините, ако веќе им подзаминуваат, па се плашат да не останат сами или се решени да основаат семејство, а и родителите може да притискаат од дома демек време е за брак. Во секој случај јас сум против ваков брак, затоа што мислам дека после долга врска потребно е малку подолг период да сфатиме што сакаме и да бидеме сигурни дека не сакаме да сме со таа личност. А исто така барем и малку подолг период да сфатиме дека новата личност е за нас. Јас не сум имала искуство, но токму во овој период моја блиска личност е во таква ситуација, па затоа и дадов мислење.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Девојки, со другарка ми уште не можеме да ставиме крај на овој разговор, се омаже така лесно, сега признава (по месец брак) дека во тој миг кога решила дека ќе се мажи не мислела на ништо друго освен тоа да скрие глава некаде :tmi: Баш пред некој ден и се јавил да и честита бившиот, личи на ладна ама јас ја познавам, не и е сеедно. Бремена остана одма,одма за пет дена што се вика, и на сето прашување и најдругарско кажување, вели дека не било битно дали е сега или по пет години врска, човекот требало да се учи со неа како таа со него :worried: не знам, ете изгледа теоријата дека се мажат/женат со мислата „само да не се остане сам“ е сепак точна и неизбежна...само се надевам дека нема да се покае :|
     
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право и јас тоа го кажав во предходните мислења но не ме поддржа никоја. И јас сум против стапувањето во брак по долга врска. Познавам доста добар пример каде девојка по неколку долги врски и тоа по 5-6 години , се мажи на видување од еден месец. Сега животот и е хаос нема разбирање ни со него ни со неговите дома, но и покрај тоа се трпи за да не остане сама бидејќи има 29 години. Нејзиното време за избор изминало целиот свој живот го потрошила на некој што и 5 пари не вредел ама тоа тие. Брак не се заоснова на такво начин па и без да знаеш некого па ни од каква и што фамилија е. Едноставно кажано тоа тие хаос
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Читам и плачам.... ;( Идам со дечко ми 4 години, се сакаме, се пазиме, се мазиме, се караме знаци се како обична врска.... но мн често размислувам на оваа тема... што ако еден ден се се урне... се пропадне.... зошто сум губела време.. ке се измачувам, нервирам... иако понекогаш посакувам да ја раскинам врската ( а немам храброст.. мн го сакам знам дека ке тагувам), да поживееме некој слободен живот, па за некои 5 години пак да се сретнеме и да биде како сега, да се земеме, да имаме фамилија.....

    оооооффффффф се си изнаказав... полесно ми е малце
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    А чекај, сакаш да раскинеш или? Тука станува збор за врски кои веќе пропаднале, ако така се плашиш, ништо страшно, и јас се замислувам некогаш па што?
    Никој не знае што го чека во иднина, ама зад секое разочарување има и весела позадина ;)
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Незнаеш што те очекува во животот и ако така размислуваш ништо нема да добиеш, само ќе направиш да не можеш да уживаш во убавите моменти сега. Препушти се и уживај, а како ќе биде во иднина, само Господ знае. :) Ако треба да сте заедно ќе останете цел живот заедно, можеби и нема да бидете заедно, но ќе имаш некој со кој ќе ти е уште поубаво.
    Значи не се оптеретувај уште сега со иднината, уживај во сегашноста!
     
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.257
    Знам ист случај, сега девојкава е среќно мажена што ми изгледа сосема во ред, после 18 упропастени години, влевала надеж дека ке основа семејство со некого, за џабе.

    бај д уеј Unfaithgul18 од кој град си? :)
     
  9. susannah

    susannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    eve vaka.sakam na nekolku crti da vi objasnam.se iznacitav deka poveketo devojki ne podrzuvaat stapuvanje vo brak po kratok vremenski period.Licno jas imav decko i odevme 6 godini.Po mnogu karanje vo poslednite meseci resiv da stavam kraj,veke bese se preterano.Staviov kraj i po 4 meseci se otidov vo makedonija(inaku sum vo stranstvo a i mojot togasen decko bese ovde).Si otridov vo makedonija se zapoznav so mojot soprug so e postar od mene 9 godini.Pominavme eden mesec zaedno-cel avgust.Jas pak se vrativ i duri si otidev za makedonija posle 4 meseci.Za nova godina si bev vo makedonija si pominuvav celo vreme so nego(inaku odmorot mi e samo 2 nedeli).Celo vreme dremev na internet i pravev pogromni smetki....svativ deka mi treba deka toj e toj so mozam da zivejam so nego.Si otidov vo april se verivme i sedev samo 3 nedeli i pak se vrativ.Od april do juli pak istata porikazna dremev na net i vo juli si otidev i napravivme svadba i toj izvadi viza i se vrativme vo septemvri zaedno.Sega mi epten ubavo vo brak sme veke 3 godinia po nekoja slucajnost izleguvam na vecera so mazot mi i go videv mojot bivsi vo istiot restorant,toj komsija mi postanal.Se pozdravivme kulturno i utredenta gledam me dodadel na fb,mi praka da mi kazuvat negovite drugari me sakal ako me vide uklucena mi pisuva ljubavi zlato srce...fativ i go blokirav mi bese odvratno toj da me vika zlato srce a znae deka me izgubil zasekogas.Sakam samo da vi poracam devojki ne ja osuduvajte kratkata vrska ne znaete so se ve ceka vo zivotot.Kolku i da mislis deka eden covek go znaes dobro toa e laga...covekot se menuva...
     
    На macence85, SexyPrincess, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ufff mnogu vreme ve citam i konecno dobiv sila da se registriram vaka: jas imav 6 god vrska se verivme brak samo vo opstina posto cekavme nekoi rodnini da stignat pa da pravime i vo restorant i vo crkva dobro ama posle 3 meseci brak nie se razvedovme odednas pocna se da ni smeta se edno nesto da ne ni odgovara...znaci od nervozi mislev ke poludam i fino lepo mu rekov sakam razvod....si otidov doma 3 meseci ne mi davase razvod nakraj morase posle 6 meseca go zapoznav segasniot mi :* za mesec dena vrska pocnavme i zaedno da ziveeme i mi e preubavo...taka da vrska golema ne blagodaram
    [mod-kirilica:1rycu34y][/mod-kirilica:1rycu34y]
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ако биле судени, имаат. Можеби вака страста подолго ќе им трае, постојано ќе дознаваат нешто ново едни за други, па ако им се посреќи ќе опстанат. :) Иако...јас сум за долга врска и брак. Така сум си зацртала во главчето од прцул кога бев и така сакам да ми се случи. :)
    И знам дека не е тука местото на мислава, ама морам да ја споменам. Професорката англиски ни ја кажа, станува збор за оние договорени бракови, она во некоја серија ја чула. Нешто вака гласи: кај вас (Европа, Америка, Австралија...) стапувате во брак кога водата е се уште топла, кога врие и потоа станува млака па оладува и нема веќе чувства. Кај нас стапуваме во брак кога водата е ладна, потоа се загрева и за на крај водата да врие и да ни цута бракот.
     
    На dushiche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EliBo

    EliBo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Ова како некој тренд стана јас лично знам многу такви примери. Едно не ми е сватливо само 5+ години не си успеал/а да сватиш дека партнерот/ката не е за тебе, а некој/а што го/ја познаваш 5 дена си толку сигурен/а дека само тој/таа и никој/а друга. ОК можи си сватил/а после долга врска дека нема фајде од толку влечкање ама пооди барем година па реши се за тој чекор. Не е само земи се и после не ке се зголемвал бројот на разводи. Додуша ништо не е мерило за ништо има одат по 10год па по 3 месеци брак се разведиле :tmi:
     
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Знам многу вакви примери.
    Идат 5-6 години, што е подолг период за убаво да се запознаат и се, и се случува ненадејно раскинување, и после некој месец веке и фатиле нов дечко и се спремаат за брак. Мислам дека тоа се случува поради тоа што несакаат повторно да ги поминуваат истите работи и од страв дека ако подолго време имаат врска пак би и дошло крај. Но има и такви кои сфакаат дека претходниот партнер не им одговарал и можеби е краток периодот но сепак се заљубиле во другата личност.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Во потполност се согласувам. За да сфатиш дали некој ти одговара треба највише година време, а не пет години.
     
    На Gioia и Westlife им се допаѓа ова.
  15. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Прочитав различни мислења и ставови по оваа тема, па ајде да кажам и јас нешто.
    Многу од вас ги осудуваат оние кои после долга врска, за брзо време стапиле во брак со некој нов. И јас бев на тоа мислење до пред некое време, поточно додека бев во долга врска.
    А сега гледам дека не е баш така.
    Еве јас година и пол сум сама после 9 годишна врска, која заврши, не поради недостаток на љубов туку поради сосема други причини. Ајде си давав време себе си да заборавам, да преболам, да се опоравам... ОК! Се доведов во некој ред, не дека го заборавив, ама најтешкото помина.
    Ние жените сме осудени со тој наш “биолошки часовник“ кој не ни остава баш секогаш доволно време да се мислиме и премислуваме. Ако мене ми требаат години за да запознам еден човек вистински и целосно, тогаш кога ќе раѓам јас прв пат? На 40??
    Јас сепак велам секој со својата среќа, сепак, не ги осудувам оние кои се решиле на тој чекор, секој си знае најдобро за себе.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на ваква одлука можат да влијаат многу работи- исцрпеност од долгата врска и ако била малце проблематична, може личноста не сака пак да го повторува или пак на личноста и се брза за мажење/женење (заради свои поставени цели).
    Но, не е ни толку добро зошто во многу ситуации како што брзо почнала, така брзо и завршува (не е секогаш секако)
    Не дека долгите врски со сигурност ќе имаат долг брак, но мислам дека е потребно повеќе од неколку месеци за да знаеш дали ти одговара некоја личност, за животот да си го поминеш со неа, сепак тоа е голема одлука.
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сум била сведок на една таква ситуација. Секако, секој има право да живее онака како што сака, само некако, 10 години со некој, и одма после 2 недели се омажила за друг, малку ми е..Ама кој како си го нареди. И мислам дека во таквите ситуации, не станува збор за недостиг од љубов, туку за нешто сосема друго.
     
  18. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Според мене тоа е најнов тренд, колешки од факултет, пријателки па дури и братучеди така постапиле.. Искрено се си има предности и недостатоци, но лично јас никогаш не би се омажила за човек што го знам само 2 недели. Бидејќи две недели се многу малку време за да запознаеш човек во вистинското светло, може секаков да биде.. понатаму. Искрено за човек да го запознаеш минимум 90 дена треба да контактирате, но и тоа не е доволно според мене да кажам ДА.. секој има свое мислење, воопшто не ги осудувам таквите бракови. Низ муабет една моја братучедка ми рече „баш ми е интересно и убаво, се запознаваме во брак “ - но нејзиниот сега веќе сопруг е „срцка“, душа од човек, ете неа и се потрефи. Но никогаш не се знае. Јас не би.. искрено..

    П.С
    Љубител сум на долги врски, сум била во долга врска, излегов од неа на 19 год.(мала бев за мажење, а и да не бев) не ни помислив да се мажам за новиот дечко со кој и ден денес сум веќе две години.
     
  19. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Па и не е баш најнов тренд.
    Баш прееска со мм зборевме за муабетов, за едни луѓе, а и јас бев сведок на ваков случај, дечко и девојка се во врска од прва година средно, се запишуваат на ист факултет и планираат свадба кога еден ден дечко и и рече дека ќе се жени со друга, и и кажа да заборават на се што било и да си оди кај нејзините а станот да го вратат.Девојката беше во депресии, а тој преку ноќ се ожени, дали му здосади или беше друг проблем незнам само знам дека девојката ја снема после тоа.Исто така и на другарка и се деси, дечко и сегде сам излегуваше и му наместија друга, остана бремена и свадба направија..Глупаво е многу ама тоа е секој си бира како сака..
     
  20. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Најнов тренд??
    Не знаев дека и оваа работа може да се вброи во “тренд“... :^)
    Не мислам дека некој посакува да му се расипе долгата врска во која години вложувал, години давал се од себе таа врска да успее, па после тоа да биде “во тренд“ да ја раскине врската и да го однесе пред матичар првиот што ќе го сретне на улица... |(
     
    На ilyan, Kitten, Lavander и 1 друга личност им се допаѓа ова.