1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска, раскинување... и БРАК со сосема нов дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 19 мај 2010.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    За мене ова чиста глупост и ваквите постапки не ги оправдувам.
    Си имала долга врска 4-5 години, раскинувате и после месец дена ајде се мажи за друг, ги убедува сите околку неа дека го сака :^) не ме лажиш мене, сама се лажиш.
    Како во еден месец успеа да го преболиш бившиот, како одеднаш забораваш се што си доживеала со него и да се заљубиш во друг до толку за да се омажиш за него..

    Јас никогаш не би наравила такво нешто, ќе ми треба многу време за да се опоравам и да почнам нов живот.
     
    На buba4e89, srcence1607, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Неможев ни јас да ги сфатам овие работи се додека не ми се случи на мене. Од тогаш неможам никому да судам, сепак секој си знае како му е и си е кројач на својата судбина.

    Кај мене немаше опоравување ниту патење....едноставно доаѓаш до некоја точка кога сфаќаш дека самиот се залажуваш и дека нема да биде подобро, нема љубов и едноставно гнилежот на врската веќе секој околу тебе го осеќа. Потребно веројатно е да ти се случи некој животен пресврт за да ставиш точка. Така беше со запознавањето на мојот сегашен маж (всушност не беше запознавање, се знаевме долги години, па ќе го наречам повторна средба). Тогаш решив дека е време да заврши мојата 8 годишна врска, бидејќи времето со него само ми се трошеше, а задните 2 години живеев само во агонија...Живеевме веќе три години заедно, јас имав веќе полни 30 години. Сите конци ги тегнев јас, јас инвестирав во врската, јас бев иницијатор, и едноставно се потрошив. А тој си беше отсутен, не го интересираше нашата иднина, а не добивав никакво внимание, немаше ни ниту едно "те сакам".

    Го "запознав" маж ми и беше спремен да ми даде се што неможеше тој. После три месеци врска останав бремена, што беше случајно, но знаев дека тоа е "тоа" и дека сакам животот да го поминам со него иако кратко се познававме како дечко и девојка, бев спремна на ризик полека да го запознавам додека ја градиме иднината. После 7месеци од врската се земавме.
    Можам да кажам дека ми е преубаво, и не верував дека некогаш ќе бидам волку среќна. Да завршев во брак со бившиот, веројатно ќе бев многу исфрустрирана и огорчена личност како што и веќе станував последната година.

    Од тогаш наваму, тотално ги разбирам долгите врски кои не успеале и претпоставувам зошто не успеале. Ги разбирам и тие кои немаат време многу за чекање , биолошкиот саат си отчукува..
     
    На auslader, Mishela, Tanja03 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Многу убава приказна. Жените се секогаш поголеми борци за било која работа, па така и за врска и за брак.
     
    На drasko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Гледам дека сите викате го познавала 2 недели и се земале.
    Од каде сте сигурни дека нема случаеви и да го запознае додека е во врска па да сфати дека почнува да чуствува нешто према друг.
    И тоа е тоа - штом се појавил втор се е јасно.
    Па и љубовта ако е возвратена ете брак.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    Овој случај најчесто се случува на денешницава, некој ќе си помине мн убаво, а некој ќе пати |(
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ти си една среќна личност, штом си нашла добар дечко, кој очигледно се покажал и како и добар маж. Сепак си ризикувала. Што ако дечко ти , како сопруг би се сменал? Има луѓе кои одат со години и пак не знаат некои работи за партнерот,никогаш не се нашле со партнерите во ситуации во кои сите си ги покажуваат вистинските лица и човек може многу да се изненади. Сепак мило ми е што си среќна тоа е најважно. Сепак сакам да те прашам дали би влетала така лесно во врска после толку долга врска и би била толку „слободна“ во врската кога не би имала 30 години туку ете 25-26 или 21-22, ако за долги врски ги сметаме сите подолги од 3 години? Дали би ти било сеедно што си останала бремена со дечкото со кој одиш само 3 месеци или повеќе би внимавала(не би имала незаштитен однос, би пиела антибеби пилули и сл) кога не би имала 30 години и не би го чуствувала тој општествен притисок , како и притисокот дека биолошкиот часовник отчукува?
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Па затоа реков дека ризикував. Подобро да ризикував отколку да останев сама, без потомство. Според мене многу е важно потомството, а ако со секој нареден чекав по неколку години да го запознаам, може и да останев сама. Можеби сурово но јас барем така гледам на работите од овој аспект, кога возраста е во прашање. Да бев помлада, без многу размислување ќе раскинев таква врска, без разлика колку е долга, ако знам дека имам време за нови врски. Слепо се надевав дека работите ќе се подобрат, и ми беше страв да останам сама. Но навистина имав среќа да налетам на маж ми во прав момент :)
    А што се однесува до останувањето бремена, дефинитивно многу пазев кога бев помлада, сепак освен бирањето прав човек за мене ми беше важно да се изреализирам, да завршам факултет и да имам работа, што во овој случај веќе сите коцки ми беа склопени :)
     
    На auslader и kjukli им се допаѓа ова.
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Е ги има вакви примери многу. Заедно се подолго време, раскинуваат и барем еден од партнерите се мажи/жени со друг/а и тоа за доста кратко време. Во секој случај подобро така да се заврши тоа додека е време отколку кога ќе се земат ако не им оди ќе се скине таму каде што е тенко. Конкретно за љубовта некој спомнал се земаат за 1 месец не сфаќам како може некој за 1 месец толку брзо да заборави една личност и да се заљуби во друга?! Некој праша што ако го познавал/а од порано. Има и јас многу луѓе што ги познавам па вака кога ќе си размислам со ниту еден од нив не би била во врска. Некој како пријател ти е добар, но врска од друго. Неможеш да знаеш каков ќе биде во врска а уште помалку во брак. Има некои кои се премногу љубоморни во врска. Кој би издржал со претерано љубоморен партнер? Никој. Јас лично не би се омажила никогаш со човек со кој сум во врска еден или два месеци. Кажав како пријател со мене може да е ок, но некогаш требаат и години за човек во вистинско светло да го запознаеш.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Многу ми се смеши размислувањата од типот ДА ПОСЛЕМ ДОЛГА ВРСКА ЌЕ СТАПАМ ОДМА ВО БРАК ДА НЕ ГУБАМ ВРЕМЕ,демек нема време за запознавање и поминување низ истите вази во врска пссс безвеза...По очајнички потег за мене нема искрено.
    Како прво секоја врска е различна и не е иста како претходната,како второ бракот според мене е обично парче хатија и ништо друго и во брак требат многу повеќе работи отколку само ЉУБОВ бракот не го одржува само љубовта тоае факт.Да сите го разбираме онај почетнички фазон на пеперутки летање во почетокот на секој врска па таква била и претходната нели?,ама потоа со тек на време кога ќе почниш да го запознаваш на вистински начин партнерот и ќе почните во секоја ситуација да си ги покажувате роговите без цуци муци ќе видиме тогаш каде ќе ви одлетат пеперутките во наводниот брак од неколку месеци запознавање...
    После долга врска каква и да била врската си поминал све и свашта со една личност само што го немало тој лист хартија БРАК,си раскинал во ред, и да запознајш некој друг толку години назад неможиш да ги избришиш со гума и толку работи поминати,а и човек со кој си поминал толку време не се заборава за неколку месеци убаво рече во претходните коментари една феминка,дека тоа е страв и очајнички потег бидејќи послем секое раскинување на долга врска на ваков или онаков начин мора да ја поминиш таја фаза на преболување...А и за тоа на кое дереџе се стигнати денешните бракови,каде што секој втор или трет се распаѓа,дома живеат со нож под перница а надвор глумат све дека му е во ред и во секој втор брак се случуват неверства без око да му трепни на партнерите да сигурна сум дека на ваков или онаков начин според тоа ДОНЕСЕНИ СЕ ИСПРАВНИ ОДЛУКИ ако се лажиме...Еуфоријата во секој почеток можи гадно да те зафрки дефинитивно,ама поголемаата еуфорија ќе биди потоа како што реков откако партнерите ВО БРАК ќе си го покажат вистинското лице во секоја ситуација...
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас имав врска од 3 ипол години која ја раскинав поради монотонија, немање страст и потреба за секс со таа личност. Неможев повеќе и одлучив дека би било погрешно во име на 3 иполте години да се омажам за тој човек.
    3 месеци по раскинувањето на таа врска го запознав мојот сопруг, и по 1 месец почнавме заеднички живот, за кој јас сметам дека е брак уште од тогаш, да се разбереме потписот во матично мање више небитен е. Сите што ме познаваа ги шокирав, од каде, како,зошто... Незнам, ете, се случи, двајцата чувствувавме дека сме еден за друг создадени одма после толку кратко време.Неможе ни да се објасни, ни да се опише. Едноставно знаеш во себе.
     
    На sj *O*, crazylady, detelinka123 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Може и едноставно да нема конкретна причина за раскинување на долгогодишна врска но самиот збор брак кај нкој луѓе создава невреме во главата. Тоа невреме си носи страв од неуспех и уште какви се не мисли. Сметам дека кај вакви случаи е подобро да функционираат без тој еден лист. Доколку некој не е подготвен за сите работи кои сами по себе ги носи долгата врска и е спремен да остави некого на цедило себично и безобразно е да му го одзема времето на тој другиот.
     
    На Petar80 и mime87 им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Во право си.
    Јас една година и нешто се чувствував несреќно во таа врска, ме фрустрираше помислата на неа.
    Кога ќе сакаше да ме гушне, несакав, неубаво се чувствував нешто во себе ме тераше да го оттргнувам во тие моменти. А не пак кога ќе дојдеше време за секс. Толку несакав што избегнував да одам кај него дома, го викав да доаѓа кај мене кога е полна куќа, и секогаш бев нерасположена. Значи толку многу не се гледав со него во брак, неможев да се замислам, а времето си поминуваше. Лошото во сета приказна е што го цениш како другарче, и ужасно ти е жал да го повредиш, а од друга страна колку повеќе си со него толку повеќе заглавуваш бесцелно. Барав начини како да спремам терен како да го подготвам, да му кажам со кои зборови, затоа што немав ниедна причина да ставам крај, едноставно чувствата ги снемало. Им завидував на девојки што имаат милион причини да стават крај на своите врски и сакав да имам јас барем една, да му раскинам така и да си ја смирам совеста, да знам дека не сум излегла само јас свиња.
    Кога му соопштив, еве поминаа 2 и нешто години оттогаш, толку лошо се чувствував додека го гледав како плаче, додека ме прашува што ќе прави сега без мене во животот, додека прашува зошто... Морав да му кажам дека повеќе не го сакам и да му ја убијам надежта, да знае дека е крај, дека нема што повеќе. Се чувствував како гомно.
    Многу бракови се имаат случено поради причина што неможат да се одлучат на крај зашто ете многу време се заедно, потоа што ќе речат луѓето, како ќе прифатат твоите етц етц... Потоа луѓето се несреќни, фрустрирани, несакани, се губи сексот, страста и да не набројувам.
    Јас мислам дека кога ќе дојдеш до моментот да се запрашаш дали го сакаш тој човек или не сум сигурна дали го сакам, треба да се стави крај. Во љубовта нема не сум сигурна дали го сакам. Или го сакаш, го љубиш, го посакуваш, или не. Нема измеѓу, нема не сум сигурна. Или е џа, или е бу. Кога некого се љуби, нема простор за што ако.
     
    На sj *O*, littleflower, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.819
    Долгогодишна врска значи запознавање и почнување врска на млади години, кога уште не знаеш што и како сакаш. На 18 години мислиш дека се е лесно и убаво, и дека штом е убав, се е супер. После 5 години врска со него, пораснуваш, сфаќаш дека не ти одговара, гледаш како другите мажи се пофини, позабавни, поинтересни, дека твојов не вреди и дека само насмевката му останала и го откачуваш. Неикој не може да ме убеди дека треба да се омажиш со некој само оти си бил во врска 5-10 години. Има уште живот, уште 50 години да речеме, и треба да си глупа да се омажиш со некој само заради времето поминато или годините во возраст.

    На 30 години секоја психички здрава знае што бара од мажот и знае што може да трпи или не. Лесно го проценува карактерот оти ич не и е гајле каков е часовникот негов, дали му се марка патиките. Бара ЧОВЕК, не дечко. И затоа се мажат за кратко време, знаат што сакаат и што им треба, знаат кои карактеристики им требаат. Не им треба време да дознаат, доволно се мудри веднаш да знаат се.

    На 20 години „све и свашта“ у врска е кога си се пијанчела и те однел до дома, на 30 е многу повеќе. Во дел од секунда дознаваш дали вреди некој за цел живот заедно.

    Не смеете да ги осудувате оти брзо влегле во брак и преболеле стар дечко. Оти на 30 преболуваш брзо, знаеш дека те чека нешто подобро оти вредиш повеќе.
     
    На auslader, lasthope, sj *O* и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.406
    Пол:
    Женски
    I mene mi se sluci toa, sosema neplanirano.Zapoznav nekogo I za kratko vreme sfativme deka nema potreba od cekanje poveke. Porano mislev deka treba vreme I vreme za da zapoznaam nekoj pa da se omazam. Vsusnost nikogas ne mozes nekoj da zapoznaes celosno, tuku smetam deka vo sekoj nov den od zivotot ke se zapoznavas I doznaes nesto novo.Jas go napraviv toa I ne zazaliv.
     
    На m.i.g, Adina, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    17.141
    Морам да признаам дека порано сум ги осудувала ваквите ситуации и ми изгледале како очајнички потези. Но сега откако имам многуу примери во моето окружување го променив мислењето. Скоро сите се со хармонични бракови. Ако после долга врска си стапи во брак не е гаранција за успешен брак.
    Сметам дека од секоја врска излегуваш со поголемо искуство и со поголема способност да процениш што ти одговара, а што не . А сето тоа го забрзува процесот.
     
    На m.i.g и Kitten им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    И јас сум пример како насловов. И фала богу супер ми е :)
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  17. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1433754373541.jpg
     
    На auslader, лавица19, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Cka сè е во ред со твојата теорија, ама ми падна во очи тоа што цело време ја спомнуваш 30ката како возраст во која брзо преболуваш, знаеш што сакаш и лесно е да пресудиш дали некој ти одговара или не. Што се оние кои на 20 и нешто стапиле во брак после подолга врска? Лично знам четворица такви (на кои ми текнува во моментов). Имале врска од 4-5 години, уште од средно, а неколку месеци по раскинувањето влегуваат во брак со некој друг. Еве Offspring (извини што ќе те земам за пример) е далеку од 30ката, ама кратко време било потребно да пресуди дали се гледа себеси со тој човек за цел живот.

    На темава, имам една другарка која секогаш вика: Абе дур немаме барем една поголема кавга кај што ќе го проценам и ќе видам како се однесува во таква ситуација, не се мажам за него! :D
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас него го сакав бескрајно и почитував ама како другарче, не како маж кој се љуби. Јас и ден денес кажувам дека беше предобар човек и дека во животов ништо не ми згреши.
    Но кога ќе дојдеш во ситуација да не се гледаш во иднина со него, кога вашите ставови во врска иднина, се разминуваат, нема што повеќе.
    Јас сакав да си отидеме од Мк, затоа што не гледав причина да останам во таа беспарица, сонував да имам деца кои ќе имаат се во животот, него на пример му беше ок платата во маркет од 100 евра. Ок додека сме дечко и девојка, а што кога ќе се земеме ами? А децата? Не иде тоа така. За некои работи се размислува уште на помлада возраст. Мене ме гушеше неговата неамбициозност, јас не гледав како во иднина би преживеале и ме ужаснуваше помислата дека ќе живееме во една соба заедно со нашето дете, и во иста куќа со неговите родители. Јас таков живот несакав/. Живот на просечна Македонка што вво животот и е само битно да се омажи и некој да и склепа дете. Да се разбереме, јас никогаш не сум барала богат дечко, за воља на вистината само еден од сите што ми поминале во животов имаше автомобил и малце повеќе пари, останатото беше просек или потпросек. Јас сакав со мојот иден маж да создадеме нешто свое и да се бориме во животот. А него му беше ок да жвее со своите родители, и не превземаше ништо во врска со тоа. Него уствари се му беше ок. Не му беше сеедно што е и подобро од тоа да му биде ок. Му беше ок да егзистирам како негова девојка и покрај тоа што секс скоро и да немавме, а кога го имавме стискав заби и молев бога побрзо да заврши. И реков, ова вака неможе. Ако е сега вака, како ами цел живот, многу години се во прашање. Ми беше жал за него, ама повеќе ми беше жал за себе да се фрустрирам во таква врска, каде нема љубов, ни страст ни секс.
     
    На lasthope, sj *O*, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.048
    Пол:
    Женски
    Не знае човек животот што ќе му донесе. Не го одобрувам избрзаното стапување во брак. Бракот е нешто за што треба убаво да размислиш. Некој е заслепен од љубовта и мисли така секогаш ќе биде па после од високо летање ќе падне на земја и тогаш ќе прогледа. Има исклучоци, не викам не. Секогаш има исклучоци и секоја чест за нив. Но јас себеси не можам да се замислам во брак со личност со која во врска сум одвај 3 месеци. И 5 еве нека се или 7. Барем две години да поминат откако сме заедно па после тоа може да се размислува за нешто такво.