1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска

Дискусија во 'Врски' започната од Lepaaa, 20 јуни 2011.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Незнам дали има ваква тема до сега, ако има веднаш клуч ! :)

    Суштината на темава е да објаснете (се разбира, сите кои имате искуство во "оваа област") како се чувствувате после долгата врска со вашиот партнер, дали чувствувате потреба од промени, потреба за нешто ново..?! Како сето ова да се надмине и како да се доведе свежина во вашата врска?

    едит: споделете некое искуство кое сте го имале на пр. како тоа се променила вашата врска од година на година, како тоа си ги заборавате годишнините или па обратно - се' се сменило кон подобро...
    Едноставно, изјаснете се во врска со долга т.е. подолга врска... :)
     
  2. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Подолга врска

    Eве јас ке кажам за мене, со дечко ми одиме скоро 2 години.Kако се чуствувам? Xмм, па зависи има и добри има и лоши страни, ако гледаме од добрата страна, секогаш имаш пријател до тебе, ти станува навика и едноставно не се замараш, лошата еве лично за мене е што се врзав усте мн мала имам скоро 18 год а веке 2 год во една иста врска и некогаш сакам промени го сакам оној тинејдзерски живот не да ги менам шо се вика како чорапи но така по релакс. годишнината не беше нисто посебно не е некој романтичар. инаку првата година ми бесе некако ко децка љубов а сега е некако посериозно а иако еве сега моментално баш се нервирав дека е изладен , а ке одиме ова лето на одмор 2цата. Nемам некој интересна љубовна приказна .. тоа е ..позз :D :D
     
  3. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Подолга врска

    Јас одам со дечкото веќе 6 и пол години.Воопшто не се каам за тоа иако одам со него од 17 години.Како и секоја врска имало и кризи,а и преубави моменти.Кај мене лично кризата беше негде кај 3 години,но толку многу се сакавме што иако се каравме пак се јавувавме еден на друг.Денес освен што ми е дечко,ми е исто и најдобар пријател на кој можам да му се доверам и искрено да ме поучи,без да се плашам дека нема соодветно да ме советува и дека негде длабоко ми ке ми љубомори.
     
    На Jane.Birkin и Lepaaa им се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Подолга врска

    Истото имам и јас да го кажам како и Анабела :) И ние одиме 2 години па има кризи... пред некое време тие кризи беа почести ама ете поминаа... Некако од време на време не чувствувам потреба да го слушнам затоа што веќе знам (скоро) во секој период од денот што прави тој и таман ќе речам да го слушнам, ајде ќе речам ете сега е таму и таму на пр. во теретана па да не досадувам, а и не сме во Дизниленд па на секои две минути да ни се случува нешто интересно :lol: Тогаш кога ми е така дури и се плашам да не се случува нешто со мене и ете сега барам нови методи како да внесам свежина во нашава врска...
    А за романтичар, и мојов не е некој преголем романтичар... Годишнината лани не ни беше баш нешто спешл :) а за месеците не ни зборам, нив не ги ни броиме...не правиме како некои парови на пр. си честитаат дури и за месец, си купуваат по нешто што ќе го обележи тој ден...(а јас баш би сакала, романтик сум си ептен :D )
    Сепак, народски кажано и докажано (во некои случаи, не во сите) е тоа дека после одреден период се ти станува навика...јас лично ја мразам таа реченица и сакам никогаш да не почуствувам дека сум се навикнала на него, на тоа да му се јавувам, да сакам да го видам и се тоа поради навиката :) глупаво е...а после подолга врска-како што гледам е нешто нормално... Јас сум против тие навиките и сакам секое јавување, секое гледање, секое обрнато внимание да биде од љубов и потреба да бидеш со саканата личност, да го слушнеш... Незнам, можеби многу барам, ама баш би било убаво кога се би било заради чувства, а не заради навика, зборувам општо, за сите парови кои зборуваат како ова им било навика, тоа им било навика и сл...
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Подолга врска

    Со дечко ми сме заедно речиси 2 години. Се запознавме на факултет, што значи на почетокот буквално се ни беше ново и непознато еден кај друг. Нормално, со текот на времето се запознавме и денес можам слободно да кажам дека чувствувам како да го знам цел живот, а не само 2 години. Како и кај сите парови, почетокот ни беше најинтересен, токму поради новото, неискусеното и непознатото. После одредено време, работите се менуваат. Сега, не гледам на него и на нашата врска како навика, но на моменти чувствувам дека не е како порано што беше. И си велам, ако ни е вака после само 2 години, што ќе биде понатаму ако сме сеуште заедно? Но тоа се кратки мигови кои брзо минуваат. Не велам дека сега не ни е интересно кога сме заедно или дека се намалил интензитетот на љубовта, но има разлика. Како и да е, убаво ми е. :inlove:
     
    На anabela931 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Подолга врска

    Исто е и кај мене, јас сум романтична душа а тој воопшто.За навика и верувам и не верувам затоа что мојата сестра со дечко и оди 7 години па верувам дека уште има љубов а не е само навика а иако работите не се исти како на почетокот нели ного нормално , но дефинитвно мојот сакам да ме гледа како потреба а не навика.А сегааа баш како сум се испокарала значии аууууффф !!! Гадно гадно ...Толку е изладен, незнам дали е само период ,криза или нешто слично но јас немозам да трпам. А сега баш треба да ни биде најубаво затоа што иде ново поглавје во нашата врска ( ако ме сфаќате на што мислам :D :D ) ама да не ми пукне филмот да јас на него да му приготван едно ептен ново поглавје (без мене ) Уффф извинете избегав од темата но пуста нервозаааа !!! ....
     
  7. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12
    Подолга врска

    Имам врска од речиси две години. Не постои нешто што има само позитивни страни, па така е и со врската. Имаше еден период кога постојано се каравме за ситници, за некои неповрзани работи, но го пребродивме. Свесна сум дека и во иднина ќе има уште многу лоши периоди, кризи, недоразбирања, но има нешто посилно и подлабоко што ти дава сила и храброст да успееш. Искреност, доверба, разбирање, почит, и секако љубов е она што моментално го имаме на претек, па што ќе биде понатаму останува да видеме. А што се однесува до прославувањата, годишнината, родендените и таквите денови сите ни се посебно обележани. И двајцата сме романтичари, но секако јас поголем и секогаш имам некоја нова идеја или некое ново изненадување. Па така, сега размислувам за нешто ново и интересно, како и да е , долга врска треба да се одгледува и навреме да се полева со вода, за да не ни венее :D
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Подолга врска

    Анабелче, верувај кај сите има такви периоди на изладеност... еве ние досега разговаравме на телефони некако ме напнува ептен кога зборуваме... Разбирам, се слушаме често но тоа не мора да биде причина да ми мрмори на телефон...и секој втор збор негов е Доброо, доброоо, доброоо... Ако немаш што да ми кажеш чао пријатно, легнувам се слушаме утре... А нее мрмори како некој мрмут ... Е ова го немаше на почетокот...секогаш имавме што да си кажеме !! И јас го чувствувам како оладен, и тоа на секое слушање или гледање е различно...еднаш е заинтересиран повеќе, еднаш помалце па стекнувам мислење дека не го интересирам веќе... :envy: :inlove: :envy: :inlove:
     
    На anabela931 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Подолга врска

    Јас сум во долга врска, заедно сме 7 години!
    И не сакам да изгледа демек совршено ни е (бидејќи не ни е де), но морам да кажам дека добро се разбираме, сеуште се сакаме, сеуште имаме одличен секс (дури би рекла и подобар од почетокот на нашата врска), правиме планови за заедничка иднина, сакаме наше семејство и се договараме кога да стапиме во брак (да,веќе и тие муабети на сриозно ги правиме)
    Јас и дечко ми сме многу спортивни личности, и баш поради тоа мислам дека функционираме досега добро! Јас сум многу избувлива и темпераментна личност, тој пак е смирен и трпелив тип! Таа спротивност не задржа толку години, и таа голема разлика во нас не натера да ја изградиме нашата засега стабилна врска!

    И кога убаво ќе размислам најтежок период беше третата година од нашата врска! бев на факултет во друг град и бевме оддалечени малце! не беа доволни честите тел разговори за да ја задржиме близината, едноставно нешто не беше во ред и се осеќаше некаква напнатост во врката! Кавгите зачестија, проблемите растеа, недоразбирања многу... Инаетење, закани, уцени...признавам, ги имаше, повеќе од моја страна! Тоа се најголемите минуси во нашата врска од моја страна ;( ! Имаше и негови грешки, но моите доминираа :wasntme: ! За среќа, не се појави некој доволно голема причина што ќе не раздели, не се појави трета личност, :!: немаше неверство! Спонтано го поминавме тој период, но многу работи останаа зад нас, неубави спомени! Сепак ниту еднаш не ја прекинавме врската, баравме решенија за секој проблем иако многу проблеми не вредеа да поттикнат дискусија помеѓу нас! :yawn:
    Она кое јас го мислам за долгите врски е дека бара огрооомно вложување во нив! Не можеш да се изолираш од средината и да живееш во ,,вашиот,, кревет! Мораш да излегуваш, на кафе, на вечера, со негово па и со твое друштво, понекогаш оделно... Не смее да се допушти монотонијата да ја окупира врската, бидејќи таа монотонија во долга врска се граничи со пропаст!
    Се трудиме да ни биде интересно, излегувања на кафе или обична прошетка, некогаш пак уживаме во домашен амбиент, друг пат пак си допуштаме вечера со друштво или сами во некој ресторан! Кога сме во можност одиме на викенд, летото обавезно си одиме на одмор, правиме се за да уживаме и двајцата во врската, засега е добро!
    Заладен однос во која врска немало,хммм...имало и кај нас, сме го надминале, но и тогаш знаев дека љубовта ни е сеуште жива и не смееме да си допуштиме пропаст!
    Среќна сум и задоволна, го сакам, знам дека ме сака многу, се радувам кога ќе ми рече дека допрва не очекуваат убави нешта! :inlove:
     
    На Jane.Birkin, novinarka, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Подолга врска

    Јас имам подолга врска, не ми е здосадено ниту пак сакам да менувам нешто.
    Имаме разбирање и двајцата се трудиме, сакаме да успее врската вложуваме труг...што некогаш и не е баш толку лесно и едноставно.
    Секоја врска има некои фази низ кои треба да се помине, успеси и падови (се надевам ги погодив зборовите), постојат тешки моменти во кои и двајцата плачат, среќни и весели...проблеми...понекогаш и љубомора од трети лица, што е најлошо и поради тоа треба да постои доверба во врската.
    Со оглед на тоа дека мојот дечко воедно ми беше и прв сексот станува се подобар.
    Гледаме да го искористиме времето најдобро што можеме..прошетки, кафичи и слични работи иако во последно време почесто сме дома кај него...се смееме, се тепаме (на шала), се караме се е тоа дел од една врска. (Во врска во која што нема проблеми очигледно е дека некој дебело лаже).
     
  11. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Јас имам долга врска 5 години можеби сме од оние ретките но досега сме немале никакви кризи ни големи караници а да не зборам паузи тоа е научна фантастика :D и после толку време сеуште си го знаеме "нашиот ден"кога се фативме и знаеме да се слушнеме или преку порака да си честитаме и се така овие години без да промашиме и се разбира тоа не го правам од навика туку затоа што го сакам уште и како првиот ден кога се запознавме!А за сексот што да кажам освен дека е одличен и дека како поминува времето се поубаво ми е!со еден збор иако имам прекрасна долга врска сепак и од двете страни има напор и многу вложување за да остане страста иста.Го Сакам Бе :inlove:
     
    На Divinebutterfly, linija и Springy им се допаѓа ова.
  12. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Умм, со обзир дека на крајот многу често се каравме коа раскинавме колку што ми беше тешко толку ми беше и мило. Имав чувство дека излегов од затвор! Си реков уфффф слобода! Конечно!
    Нормално дека на сите ни е тешко али зависи кој како се справува со тоа. А не верувам дека чувствуваме различна болка, напротив сите сме биле у долга врска сите исто се чувствуваме на крајот. Али јас барем лично сум голем инает и ако намислам нешто макар и глава ми излегла јас ќе издржам до крајот.
     
  13. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Јас имам долга врска 10години. Прв дечко, прво искуство, значи се е прво. Досега сме немале кризи ниту пак прекини во врската, последниве 5 години можам да кажам дека сме цело време заедно, слично како да сме во брак. За родендени, и други битни денови, си посветуваме посебно внимание. Од почетокот до сега нормално дека некои работи се промениле, па и ние сме се промениле, некогаш е монотоно и досадно ама се трудиме тоа да го измениме, одиме често на викенди или на патување, одмори и слично. Фино е не е лошо, но има и негативни страни оваа долга врска.... Како што помина ете времето би требало и да се одлучиме за брак мегутоа во мометов немаме доволно парични средства ниту пак место каде би живееле, се надевам дека ке се средиме па ке почнеме нешто што ке биде и поинтресно за нас - ке влеземе во нова фаза ако така можам да кажам- хехехе. Поздрав девојки!
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.078
    И нашата врска е долга 5 години, и да не повторувам... премногу се сакаме...ни паузи, ни караници. Секогаш кога ќе има некое недоразбирање то било заради ситница, и секако решено во рок од 10 мин. и потоа повторно заљубени гулабчиња :inlove:
     
    На linija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека нема врска колку време со си партнерот. Немора да значи дека долгите врски се и досадни. Јас имав дечко пред 3 години и бев заљубена во него и одевме 7 месеци што не е многу долго време. Но по многу кратко време иако го сакав и ми требаше многу долго да го заборавам по раскинот, сепак ми стана досаден. Сега имам врска 3 години и секој ден како да се вљубувам одново. Исто се чувствува и тој. Имавме кризи и ние како и секој друг пар и бевме многу пати на работ на раскин но имаме и двајцата голема желба да успее нашата врска и затоа не се предаваме лесно. Дури направивме и пауза поради еден проблем 2 недели, и тогаш свативме и двајцата дека всушност we are meant to be. :inlove: :inlove:
     
    На Divinebutterfly, lola-86 и Offspring им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Е вака девојки, јас сум 16 год. одам со дечко ми 1 и пол година..Во овие неколку денови се запрашувам дали вреди да се одолговлекува врската..го сакам а и не ми е многу лошо со него (нормално како и секоја врска се поткарнуваме).Но што мислите вие за долгите врски..на пример ако некоја десетгодишна врска заврши со брак мислите дека шансите за развод се големи? Не велам дека ќе се мажам со овој но само ме интересира ваше мислење за долги врски.
    Благодарам :)
     
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Долги врски..ваше мислење?

    Долгите врски според мене не секогаш успеват.
    Мислам дека шансите се скоро еднакви. Ако има разбирање во бракот нема да дојде до развод, а ако некој одат само 10месеци не значи дека нема да се разведат туку напротив мислам дека тие имат поголеми шанси за развод затоа што не се познават доволно добро .
     
    На BlackSwan070 и loly89 им се допаѓа ова.
  18. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Долги врски..ваше мислење?

    Ако ти е убаво не се замарај со тие работи сега на денешново време мислам дека е поубаво да имаш подолга врска
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Долги врски..ваше мислење?

    Јас со мм одевме 10 години и сега сме 3 години во брак. Од денешен аспект мислам дека требаше порано да се земеме ама некако времето ни леташе убаво ни беше. Сепак јас мислам дека врска од 1 до 2 години е најидеална бидејки доволно ти е да го запознаеш и да те запознаее. Имав една другарка која се омажи за една недела :x ние другарките не можевме да веруваме кога ни кажа ама се земаа и сега се во брак 10 години и супер им е пу, пу да не ги урочам. Според мене не е мерило кој колку ке биде во врска, најважно е да има почитување, толеранција и да ги прифатиш неговите мани како дел од него исто и од тебе. разводот како развод може да се случи на било кој без разлика дали имал долга врска пред тоа или се знаеле кратко. ;)
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Каква врска има должината на врската со тоа дали бракот ќе успее? :^)
    Можеби многу кратка врска од месец или два би имала,затоа што партнерите малку би се познавале,па во бракот би постоела можност да дојде до судир на два различни карактери (што и не значи),но долга,пред се здрава врска не верувам дека би штетела на бракот. :?:
    Но до развод,како што кажа и девојката до мене,би можело да дојде и од кратка и од долга врска.Нема тука мерило должината на врската со успешноста на бракот.

    И..не го разбирам поврзувањето на ова прашање со твоите дилеми дали да продолжиш со врската.