Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Долга врска

Дискусија во 'Врски' започната од Lepaaa, 20 јуни 2011.

  1. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Се повеќе и повеќе искачаат нови работи за правење.Годишнините никако не се забораваат,родендените се знаат на памет,славите и се што е значајно.Повеќе се познаваме и знаеме кој што сака за подарок или повеќе знаеме како да се утешиме,да познаеме кога ни е лошо,да ја споделиме заедно среќата без да си љубомориме и секаде можам да шетам слободно со него.
    Има и лоши страни секако,пореткото гледање со другарките и скарување со неколку (но ова ми дојде добро,затоа што не биле) кои го покажаа лицето и пробаа да ми ја зезнат врската,иако ми фалат сепак подобро е без нив,инаку ќе ме уништеа. :(
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Заедно сме 4 години. Го знам подобро од себе. Се гледаме секојдневно значи буквално сме заедно 4 години. Не ми е досадно воопшто. Мислам и дека нема никогаш да ми биде. Кога се работи за вистинска љубов помегу двајца зрели возрасни, нема место за досада. Се кареме ретко, во 3 месеци можеби еднаш и тоа најчесто за банални работи и веднаш се помируваме. Љубомора имаше на почетокот премногу, но времето си го прави своето и поминавме преку тоа, па сега има љубомора во границите на нормалата. Го сакам повеке од било што, сакам засекогаш да сум со него, а истото го чувствува и тој, има ми докажено 1000 пати до сега, и верувам во тоа, ваљда не лаже толку перфектно.

    Како што веке споменавте долгите врски не се мерило за тоа дали двајца комплетно си одговараат. Мене ми е сега убаво во врската но можно е во брак да не ми биде ни пола убаво, да го запознавам партнерот допрва каков е во 4 зида, а не само со мене. Не се знае. Треба да се слуша што вели она одвнатре.
     
  3. najmilo

    najmilo Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    3
    Девојки штотуку раскинав со дечкото многу ми тешко,му пишав дека е крај и сношти си легнав во 22 ч и тој си звонел и денес гледам ме блокирал на фб како да се помирам со тоа премногу ми е тешко бидејќи го сакам.
     
  4. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    после 4 години заедно се прашувам дали е вистинскиот?? :?:
    скарани сме 1 месец, не го барав, ме бараше тој... имаше моменти кога сакав да го гушнам, бакнам не велам не, но сега треба да зборуваме и да пробаме да се договориме да ја спасиме врската, меѓутоа си поставив едно прашање... Дали е тој човекот за мене? Дали сакам да останам до крај со него??
    Женски како знаете дека е тој вистинскиот за вас??
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Штом се прашуваш дали е вистинскиот за тебе најверојатно не е :)
     
    На Jane.Birkin и okcenzi им се допаѓа ова.
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И јас сум во долга врска, и јас понекогаш се запрашувам дали е вистинскиот за мене,што е нормално прашање после долга врска и тогаш сфаќам дека е, а тоа се заклучува по неговиот карактер, по вниманието што ти го посветува, по љубовта која ти ја пружа, како и по тоа колку ти него го сакаш. Нормално врската со текот на годините не може да биде како на почетокот, но овие набројани нешта сеуште треба да се присутни. Мене на пример помислата дека ќе го поминам целиот живот со дечко ми кој воедно е и љубовта на мојот живот ме прави пресреќна :)
     
  7. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Ние со дечко ми одиме 10 год,и мислам дека можеме уште толку во врска.Единствено што сега е поразлично од почетокот на врската е тоа шсто сега размислуваме само за опремување на заедничкиот стан,купување заеднички автомобил,финансии и такви поважни работи.Можеби е претерано долга врска,но ете нам ни е супер заедно,уживаме и се сакаме мноооогу.
     
  8. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Луѓе помогнете ми, незнам што да правам ама врскава стана монотона. Идеме само 1 месец и веќе е монотоно се гледаме на секој 3 дена порано на секој 2 или секој ама потоа дојде период на секој 3 дена. Предложете некоја тема нешто како да незнаеме муабет да направиме... Незнам чудно е ми значи иако таа врска е толку кратка и чувствувам дека тој е оној вистинскиот.
     
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Можеби има слична тема , незнам .. ако има слободно во канта :D
    Ја отворив за оние коие се во подолга врска, како почна , како ви поминува времето , како опстојува , како се сложувате , и сл ... Па ајде да читаме искуства :)
     
    На sugarlips и mila1111 им се допаѓа ова.
  10. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
  11. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Интересна тема 8-| Негувањето на една врска примарно се должи на меѓусебната доверба и почит. Доволно простор за секој да може и сам да функционира, да ја нема таа болна зависност и љубомора. 3 и пол години заедно, поминуваме низ секакви моменти, но најбитно е што веќе се гледаме во иднина заедно и имаме исти цели. Нашиот опстанок е најмногу поради упорноста и на двајцата, што наоѓаме разбирање секогаш и за секакви ситуации. На периоди сме нон стоп заедно, па не сме нон стоп :D тој со другари, јас со другарки, секој тера своја шема, врската не ни е под притисок.. има и лоши времиња нормално, да не мислите дека сме совршени, ко од бајките па ми завидувате :lol: Но, добслеста ни е во тоа што кога е лут едниот или другиот, одма се разговара за причината и се наоѓа решение, не функционираме така што не креваме телефони, не одговараме на пораки и слично.. сметам дека тоа се детски работи, од типот ај лута сум па ќе видиш ти :shake:
     
    На Jane.Birkin, Lilianna, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Во јуни ќе направиме веќе 9 години како сме заедно, од кои последните 3 живееме заедно во вонбрачна заедница.

    Од самиот почеток се трудевме да бидеме отворени еден кон друг. Првите 2 години излегувавме само јас и тој, после ме воведе во друштвото. Неколку години (2-3) поминаа пред да се запознаеме со родителите. Долго време бев сомничава од разни искуства во животот, но сфатив дека нема потреба од такво нешто кога помина време и се научивме еден со друг.

    Никогаш не сме се налутиле еден на друг до степен да не правиме муабет, да трескаме телефони, да правиме скандали во јавност, да се нарекуваме со погрдни зборови... Обично јас знам да се налутам за нешто и да бидам намќор, па бидејќи природно долго ме држи лутина, или ме остава да се смирам, или се труди да ме одлути.

    Се' до сега сме решиле со разговор. Имавме еден кризен период поради негов близок еден период, ама дојде моментот на вистината и од тогаш функционираме беспрекорно.

    Никогаш не сме се изневериле, ниту сме помислиле на такво нешто. Кога треба да се разделиме од некоја причина, на двајцата тешко ни паѓа. Порано тоа многу ми пречеше, сега полесно поднесувам се'. Веројатно созреав.

    Ретко сме излегувале еден без друг, зашто и друштвото ни е такво - си искачаат секогаш со девојките. Моето друштво е и негово, неговото е и мое. Со неговото повеќе се дружиме, поблиску ни се и поизводливо е за гледање. Кога оди во кафана со колеги, јас си се гледам со другарка и така. И кога си посветуваме време за себе, пак сме заедно. Пие кафе на тераса сам, јас не го дружам зашто не пијам, па си ужива во тое моменти со цигара. Или тој си седи и си гледа филм на таблет, а јас работам.

    Едноставно такви сме. Ниту сме посесивни, ниту љубоморни, ниту болно зависни еден од друг. Само потребно ни е присуството на другиот за поубаво да се осеќаме. И без тоа повеќе од пола ден не се гледаме, па скапоцено ни е времето што го имаме за заедничко дружење.

    Како и да е, довербата, почитта, компромисите и договорите, љубовта и нежноста, заедничките интереси и цели се тие што толку време не' држат заедно. Без нив - ништо.
     
    На Hapburn Audrey, Kukla994, molikaMk и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас накратко да споделам ... :) Ја отворив темата ама не си напишав за себе :D
    Во врска сум 5.8години .. Првите 3 месеци мислам дека на сите ружи им цветаат , кај нас беше пекол :devil:
    Си велев ајде де ,не е ни прв ни последен, ако не иде шуткај ... :D Така барем правев со претходните. Прилично кратки врски имав.
    Мојов беше премногу затворен човек , не збореше на телефон многу , а ја научена да киснам 24/7 :D
    Ептен се нервирам кога молам некој да ми каже нешто на сила (facepalm)
    Бевме познаници пред врската скоро година ама јас не знаев ништо за него , а тој за мене се . :D
    Жена ко жена , ако не си испораскаже се живо , не ја бива.:( Ми беше криво , како сега он се знае а јас ништо .. Упорно избегнуваше некои прашања .:smirk: Ама ја пуста упорна , додека не добијам одговор нема да заспијам , па ако треба и на трепки ќе се закачам :D
    После 3тиоит месец почнав да разговарам отворено , дека ако треба да се молиме за кажување на проблемите , подобро е да е стави точка. Си го сфати сериозно , па нешто од непто почна . :D
    Два различни карактери сме , но доброто е што за многу работи се согласуваме и наоѓаме баланс.
    Јас сум дрдорка , лесно се здружувам , имав поголемо друштво , искрена и отворена секогаш , па макар и да е нај болно нешто ќе најдев начин да го кажам .
    Си поминуваа години , ме трпеше ( се надевам уште ќе ме трпи ). :D
    Според мене клучот за успешна врска е прво физичка привлечност (кој сака може да негира ама се почнува од тука ) т.е хемија , или ја има или ја нема. Разговарање за било каков проблем што е можно побрзо , толку подобро , Искреност , разбирање , несебичност , простување и трпение-спасение :D.
    Јас бев најголемиот песимист за долга врска , мислев дека нема да можам ни 6 месеци а не па 6 год :D
    Од време на време , покажување на внимание (не се мисли на материјално само ) и те како ја освежува секоја врска .
    Имам приметено во друштво дека неколку пара повеќе сакаат да се со куп луѓе отколку сами . Понекогаш мислам , окк ајде да ,сите сакаме друштво , ама зарем не им фали интимност? А не живеат заедно ...:wasntme:
    Ние па обратно , сакаме друштво но повеќето време си го уживаме заедно . Скоро се што правиме е заедно .
    Не себична поддршка и разбирање имам во потполност , што премногу ми значи и се надевам ја враќам во иста мера .
    Да не должам , како што кажа и Феникс да не и ја цитирам ,последната реченица е клучот за успешна врска !:)
     
    На Hapburn Audrey, Bozica1980, s&s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ketrin pirs

    ketrin pirs Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Не секогаш ма колку и да е долга врската го познавате вистински човекот до вас ДОЛГОГОДИШНИОТ ПЕРОД поминат со принц да се претвори во Пеколот од брак со ѕвер...
     
    На Mia.MGK и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    A зошто? Мора да има одговор...
    Јас знам дека човек се мења , 90% на полошо , 10% на подобро . Тие 10%се изроди, благо оние кои налетале на нив.
    Јас сум иста на 5,10,15,25 години. Може само да ме сменат горенаведените фактори ако не се испочитуваат. Ако гледаме така и брат и сестра со кои сме излезени од иста утробаа, сме спиеле во ист кревет, сме јаделе ист леб итн. па можат животот пекол да ги го направат.
     
    На eliesaab и mila1111 им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Почнавме пред 6 години. Тогаш врската ни беше многу поразлична од сега, за што може причините да бидат и годините.
    Секоја врска бара труд и се работи на довербата и компромисот. Сега можам да кажам дека солидно функционираме, секако со многу љубов и внимание, но многу посмирено.