Долги врски

Дискусија во 'Врски' започната од 1418, 11 јули 2016.

  1. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски

    Mlada si a veruvam i ubava ic ne se sekiraj. Ke si najdes nekoj vreden sigurna sum. A i jas koga ke mi dojde vremeto.
    Abe od babi sto imaat nad 70 god ne me cudat tie muabet ama tetka mi koja ima 37god smeta deka mi e vreme. I da, se spremaat oni za svadba veke. A toa sto ni decko nemam nema vrska. Sekoj moment cekaat da kazam deka sum trudna. Duri i pocnav za ova da se zafrkavam so niv.
    Inaku gi sakam dolgite vrski. Zaednicki odmori, izleguvanja, ruceci, veceri, zurki, izleti ehee, milina. Ne e sve rozevo vo vrskite ama sekako deka vo vrska si posloboden vo pogled na izleguvanja otkolku vo brak i plus so deca.
     
    На ***nekoja*** и Shnolkicka kiki им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.423
    Допаѓања:
    46.603
    Пол:
    Женски
    Не сум имала долга врска досега, година ипол најдолгата. Си донесов едно правило, дека пред да стапам во брак, сакам барем 5 години да бидам во врска. Сепак треба добро да отворам очи да видам дали ќе можеме заедно да живееме. На почеток од врска се е супер, се е така убаво, ама после 6 месеци некаде почнуваат да се покажуваат некои скриени нешта. Е откако ќе излезе на виделина нешто друго, треба да видиме како ќе функционира врската. А оние што набрзина се земаат после 3 месеци врска ми се тотално неразбирливи ама нека им помогне севишниот. Тие си знаат.
    Јас до 28 не се мажам, сега имам 22, па што ќе ми приреди животот ќе видиме, сепак не се знае што ни е запишано во судбината.
     
    На ku4ence, Hristov, Florenсе и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    628
    Верувам, а имам и примери за тоа дека од толку долги врски може да испадне еден преубав,складен брак, со многу љубов. Но, од друга страна, многу повеќе такви врски пропаднале, за после тоа да остават трајни последици и кај двата партнери, во смисла, недоверба во некој следен партнер, психички тероризирања и најтажното- потрошени години од животот кои ниту ќе се вратат, ниту можат да се надокнадат. Би рекла дека за мене е идеална врска од најмногу 3-4години пред да се стапи во брак.
    Само да има љубов, обострана. Тогаш ни време ни години се битни :)
     
    На mila1111, mssuniquee, realGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mimi002

    mimi002 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    se soglasuvuam so tebe draga , no za da se stapi vo brak toa e eden ogromen cekor i pred se golema odgovornost za ponatamoshniot zivot
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    628
    Апсолутно, но не мислам дека нешто може да се скокрие 3-4години, ќе биде откриено после 7+години врска. Во секој случај, точно,голем чекор е и секако треба добро да го запознаеш човекот пред да се решиш целиот живот да си заедно со него. Да додадам само дека луѓето созреваат, се менуваат, кога некој ќе рече-бевме заедно 8 години, на почетокот не беше таков. Нормално дека не бил, ако сте заедно од својата 12та година, верувај дека ни ти не си истиот/истата (фала Богу) . Но, ако се одлучиш за брак после тие 3-4год можеби повеќе ќе се бориш и трудиш да ги засакаш тие негови маани кои ќе се појават со созревањето,бидејки,нели, во брак сте, па дечиња и сл.. Повторно, сето ова е многу хипотетички и индивидуално, но ете, да се даде некаква свое гледиште
    п.с. да не звучи дека пишам на 15да се омажите,никако, ништо пред 20 :)
     
    На mssuniquee, crazylady, mimi002 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    389
    Јас сум во 6 годишна врска и за сега ни е супер.Дур стигнеме до ова денес и нашата врска помина низ се и сешто,меѓутоа успеавме токму поради обостраното вложување и трудење.Се согласувам погоре со мислењето,јас на пример некои мани на дечко ми ги увидов во оваа последна година ипол,меѓутоа сите тие се занемарливи во однос на другото.Се дур има почит,разбирање и доверба и се дур сте искрени во секој поглед нема нешто што ќе ја уништи таа врска.
    Има секакви примери,и за сите е различно,на крајот секој со својата среќа,на светов постои доволно љубов за сите,само прашање е кој кога ќе ја најде :)
     
    На Hristov, Tatjana95, ***nekoja*** и 3 други им се допаѓа ова.
  7. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Kolku mi e milo koga ke procitam/slusnam vakvo nesto. Posakuvam eden den vo bliska idnina i jas da imam takva vrska. :$ :)
     
    На Soncka :) и Kala22 им се допаѓа ова.
  8. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    29.030
    И јас сум во прилично долга врска скоро 3ипол години и плус не сме од ист град.За да успее една ваква врска,а и било која друга најбитна е довербата и разбирањето,ако тоа го нема се е залудно.
    Сега за сега се ни е ок фала богу,но нормално во секоја врска си има и караници понекогаш, a и убави моменти.Тоа е сосема нормално.Кој вика дека секогаш му е супер,дефинитивно лаже.
    Предностите на долгите врски се тоа што убаво можеш да го запознаеш човекот ако сте подолго време заедно и според мене тоа е добро затоа што утре ако се земете ќе ги знаеш неговите предности и недостатоци.
    Не би можела да се омажам за некој што го знам само некој месец и не сум за кратки врски
    Но исто така во долгите врски треба и доста да се вложува,да се прават постојано нови работи за да не завладее монотонија,зошто токму поради тоа и се прекинуваат долгите врски
     
    На Shnolkicka kiki и 1418 им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Женски
    Јас не верувам дека постои љубов во права смисла на зборот кога ќе одминат 2-4 години.
    Во прашање е навика или калкулација.
    Најмалку верувам во врски започнати у тинејџерски години или нешто потоа во раните 20-ти, кои траат многу долго.
    Можеби функционира тоа до крај на живот кај генерациите на нашите баби и дедовци, ама кај „младина“ у денешно време, мислам дека е осудено да пукне, кога-тогаш.
     
    На Belgin1, Shnolkicka kiki, SAMIRA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. girl__20

    girl__20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Не сум во толку долга врска 2 ипол години, врска на далечина но верувам доколку се сака се се може. Во сите врски постојат кавги и несогласувања ама со љубов, доверба и разбирање се се надминува.
    Јас сум за најмалку 3-4 години во врска па потоа брак :)
     
    На Shnolkicka kiki, Ane-Goki1 и 1418 им се допаѓа ова.
  11. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Долга/кратка врска,нема правила ако постои права љубов.
     
    На Shnolkicka kiki, Ane-Goki1, 1418 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    785
    Пол:
    Женски
    Не сум била во врска,ама знам многу парови што биле/се во долга врска.Зависи кој како.Едниот пар што го знам беа дечко и девојка повеќе околу 12-13 години и ете на крај раскинаа,еден друг пар што го познавам беа дечко и девојка околу десет години,па ете се земаа.И други вакви ,,примери" знам ама ајде да не зборувам се едно исто.Се согласувам со @SAMIRA.
    И колку и време да одиме со некој,во брак и во врска сигурно не е исто.:lol:
    :wasntme:
     
    На Shnolkicka kiki, Ane-Goki1, 1418 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.735
    Допаѓања:
    22.558
    Пол:
    Женски
    Од примери од околината, оние што имаа долги врски истите ги раскинаа. После тоа имаа кратки врски па се венчаа со партнерите. Од долгите врски луѓево се презаситуваат. Имам другарка која има 7 и пол годишна врска и не се замара што ќе биде понатаму. Сеедно и е. Изгледа веќе почнало да и здосадува. Кога разговараме за нејзината врска, не зборува со радост, како што тоа го правеше порано. Јас со маж ми имав врска од година и пол. Не сакам долги врски.
     
    На elenaeli22, Anon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    33.863
    Пол:
    Женски
    Мојата врска не е којзнае колку долга скоро 2 години, но озбилна ни е врската. Дечко ми запнал да се венчаме после 1 година, ама мене ми е сеуште многу рано имам 20 години.
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.260
    Допаѓања:
    178.691
    Пол:
    Женски
    Се си има свои позитивности и негативности и пред се секој си знае за себе како би постапил или неслучајно стапил и одолговлекол во врска.
    Сепак се е до среќата и пред се карактерот, колку што познавам парови со енормни врски зад себе толку познавам и партнери кои што се зеле после само неколку месеци..
    Исходот е индивидуален кај секого и не може да се дискутира.

    Но сепак сметам дека сите живееме етапи низ животот, и после долго време одредена етапа ни здосадува и губиме страст кон животот а несвесно кога размислиме всушност ние сме изгубиле страст само кон етапата дадена во моментот.
    Безвезе е кога те тепа неавесно меланхолија и едно та исто..
    Па затоа и сметам дека секој треба да помине низ сите дадени животни етапи, да научи, да извлече поука и да се охрабри кон остатокот на иднината.
    Етапа почетна врска, етапа долга и цврста врска, етапа брак, етапа деца итн..
    Тоа е нашето животно стебло..
    Кај секого има отсапки, за жал плановите се само планови а вистинската реализација е тешка, но сепак веродостојна за сите.
    Убаво е човек да изживее во врска, да научи, да се прилагоди и да ужива пред се..
    Потоа се само ќе си дојде.
     
    На theowndemon, MilaP, Hristov и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    10.706
    Пол:
    Женски
    Еден човек многу се менува, посебно ако сте заедно од деца... А врска во зрели години кога си остварен и среден па и не гледам причина да се чека со години или одговара или не.
    За ништо нема гаранција.
    За долгите врски од млади години, само ќе кажам дека е важно заедно да растете, а ако сте заедно од навика стажот само ја отежнува ситуацијата, ако некаде низ годините сте се разишле. Така да ниеден пример не може да биде репер, оти секоја врска е различна.
     
    На 1418 и oblace1 им се допаѓа ова.
  17. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    375
    Долга врска океј, ама не она предолга.
    Оти ако долгата врска не завши со брак она се одолговлекува доаѓа до крај.
    ЈАс лично не знам шо би направила ако од животов, најубавите години ги потрошам на човек кој после не сакам ни името да му го спомна како многу примери, другарки, колеги и слично.
    2годни и 3, иако ми се многу и 3.
    Ама како шо има по 5 по 8,9 јас не сум, претерано е толку влечкање, јас не сакам.
    Сестра ми беше во долга врска пред да се земат и таа од лично искуство, нормално го сака најдоброто за мене ми кажува дека пократка е подобро, лично и јас така сметам.
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски
    и јас сум во долга врска скоро 5 години, не викам дека ми е лошо се сакаме се е во ред,но сепак најубавите години си ги поминал со една иста личност, веќе доволно се знаеш како брат и сестра, мислам дека после 22 год, треба да се гледа за сериозна врска, а пред тоа треба се да е на забава и флерт, да го имав овај памет тогаш кога одвај чекав да си фатам дечко :lol::?:(facepalm):D
     
    На BoyL, 1418 и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  19. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    И мене ми е долга врската, 5 години наскоро ќе правиме. Заедно сме отсекогаш, така чуствувам. Почнавме кога јас имав неполни 16. И прв дечко ми е, логично. Низ годините многу поминавме, ми се чини повеќе отколку што требаше. Еден тон проблеми, грижи, радости, подеми, падови... да не зборувам. На почетокот сигурна бев дека сакам долга врска, ама како минува времето сфаќам дека не е се розово во таквите врски и дека нужно не водат до среќа, дека си носат и лоши работи со нив. Не се каам поради тоа што го имам, ама неколку пати до сега сме биле на работ и можам да кажам дека ИЧ не е интересно... Ако (не дај Боже) би раскинале, јас буквално не би знаела како да се справам и да почнам од ново. Сигурна сум дека со потешко нешто во животот не сум се соочила. Премногу ствари делиме, од поддршка, љубов до пријатели, познаници, спомени, планови... Што не. Едноставно премногу време поминавме заедно, и тоа убави години, најдобрите, тинејџерските а еве и дваесеттите.

    Еден период се чувствувсв сигурна, мислев дека што и да се појави ќе се среди, оти се сакаме и вложуваме. Ама има и посилни работи, ствари што бараат многу повеќе од толку. Со тек на време ќе се разоткријат некои карактерни црти, навики, а други со растењето ќе се создадат. Што од нив ќе ви се допадне а што не не можете пред време да знаете, оти не знаете што партнерот ќе пројави. Па останува да чекате и да видите дали ќе ви се допадне конечниот производ. Една добра страна е што активно можеме дс влијаеме врз промените, а лоша страна е што некои работи не се менуваат и ако пречат бараат да се откажеме од врската, а тоа во случајот е поприлично тешко, нели?? Ако се одлучиме сепак дa останеме во врска ќе бидеме несреќни, а ако излеземе од врска се соочуваме со претерано тежок период. Двете решенија се непријатни, само едното e поправилно од другото.

    И кога на крај ќе размислам, се ти е до ксметот... глупо ама вистинито!
     
    На Ane-Goki1, theowndemon и 1418 им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.260
    Допаѓања:
    178.691
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано, опишано и напишано со оглед плус ако гледаме за твои години.
    Ете.. можам тука да кажам дека досегашниот изграден карактер ти е сосема океј со оглед на годините што ги имаш нели и должината на вашата врска.
    Е сега.. вие тек одите тука некаде каде што ќе почнете да созревате. Каде на факултет?! Што за работа и сопствени финансии и само издржување ви е пред прагот.. баш тука ќе воочите всушност дали сте биле еден за друг и дали можете да се прилагодите и снајдете заедно во понатамошниот живот без мама и тато. Тука тек ќе се соочувате со надојдени различни желби и малку потешко проблеми од до сега и всушност овде ќе ви лежи клучот и такјната за продолжетокот на вашата врска.
    Ако успеете да се изборите со тек на годините како ќе созревате и се повеќе ќе се тргате од вашите родители тогаш супер.. би рекла дека тука игра и голема важност вашата "хемија" во врската и истата "брановита должина". Ако секој реален и многу потежок понатамошен проблем го совладете вие ќе успеете но, со многу љубов, комромис и разговор помеѓу вас двајца.

    За да опстане една врска не е потребна само љубовта и излагањето на кафе, во кафич, на прошетка.. на клупа.. тек кога сите овие работи ќе почнете да ги заменувате со малку посериозни проблеми тука ќе воочите дали насвистина сте биле еден за друг. :)
     
    На Ane-Goki1, blueeparadise, Tatjana95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.