Луѓе, времето не е мерило за ништо.. и самиот брак е сепак, обична врска која може да биде прекината во секој момент. Ако стапиш во брак, тоа ниту решило некој проблем, ниту значи дека е крај на светот. Познавам девојки, кои се во врки (ако воопшто може така да се наречат), трпат се и сешко, знаат дека се изневерени милион пати, но бидејќи НЕ МОЖАТ без нивниот ЉУБЕН, си седат мирни. И така, ЗАЕДНО се 6-7 години, и кога на дечково ќе му здосади од е***е све и свашта, решава оваа, домаќинкава да си ја земе за жена. И тогаш приказната почнува одново. Ова не е ВРСКА. Вака не се бориш за врската, туку си само една глуперда на која и се смее светот. Квалитетна врска е онаа во која што не се ни помислува ДАЛИ ДЕЧКОТО ЌЕ МЕ ВИДИ, или НЕ МИ СЕ ЈАВУВА ДВА ДЕНА, КОЈЗНАЕ КАДЕ Е. Не се залажувајте само. Идете со човек кој се радува што сте до него, што не му пречи вашето присуство било каде, за кој не е важно која го погледнала или го аднала на фб. Тоа се детски работи. Бидете со човек кој се планира заедно со вас, во чии планове секогаш сте вклучени и вие. Штом тој прави планови во кои вие НЕ ПОСТОИТЕ, тогаш која е поентата на врската? Не е проблем да си во врска и 15 години, во брак може и да си до крајот на животот, зошто бројкава на годините ви е толку важна? Години се бројат кога не иде работата, а кога врската е врска во вистинска смисла на зборот, не ни забалежувате како времето поминува. Е тогаш постои само засекогаш. Точно е дека со тек на времето се навикнуваме на одредена личност, но тоа не значи дека таа личност нам не ни значи. За жал, вистински врски постојат мнооогу малку. Ептен малку. И за тоа, во главно, сами си се криви жените, затоа што трпат се и сешто, за да СПАСАТ врска што НЕ ПОСТОИ. А што е успехот на врската според вас? Бракот ли? И да ве остава дома со 2 деца вечерта, тој пак да скита секаде и со секоја? Ве жалам ако мислите така. Врската може да успее и пред бракот, пак ќе повторам, доколку е вистинска. Љубов, разбирање, разговор, искреност и најважно од се, ЛОЈАЛНОСТ. А бидејќи лојалните луѓе се се помалку на број, затоа и врските не успеваат, без разлика дали е пројателска или љубовна. Врска не се прекинува само ради неверство. Недостатокот на комуникација и разбирање, лажење и за обични работи, го убива човекот. Затоа, барајте човек, како прво, со ум, очи само за вас и разбирање за да ви стане јасно што значи зборот ВИСТИНСКИОТ.