Морав да ја отворам темава за да не бидам повеќе игнорирана. Здраво... Веќе еден месец имам болки во грлото. Прво 2-3 дена висока температура, омалаксаност без кашлица. Бев на лекар и ми дадоа макропен... Испив 2 кутии макропен и болката не ми пројде. Потоа ми дадоа и 5 инекции, па болката пак не пројде.... Цело време се менуваше. Де ќе ме боли десната страна на грлото, де левата, па не можев ни да го мрдам јазикот од што ме болеше неговиот корен и од страните на грлото. Ми земаа крв од вена да проверат, не ми е ништо. Грлото не ми е црвено, а ме боли. Ставав прополис капки и проанги спрејот, првиот саат беше океј али после тоа многу повеќе ме болеше. Докторката ми рече да пијам чај, супи, лимон.... не помага ни тоа... Кога ќе се напијам далерон ми ја смирува болката цел ден, но потоа пак се појавува. Кога ме боли грлото ме боли и увото на таа страна што ме боли, а кога ме чешка истото се дешава и со увото. Ве молам да добијам некој одговор... :/
Дали имаш направено брис-испитување?Прави плакнење со раствор Бетадине.А најдобро е комплетен преглед грло,уво и нос.Јас имав проблем со гласните жици пред 3 год.Кај мене работата е во тоа што од крајниците вирусот се спушта на гласните жици и ги воспалува,
Направив денес брис од нос и грло... не можам да чекам до четврток, се плашам некако ептен :/ да не е некој вид на рак, некоја тешка болест :/
Ти напишав и таму, јас мислам дека се работи за крајници. Обично крајниците се оперираат во рани години зошто во повозрасните години знаат да бидат комплицирани и да прават проблеми.
Денес ги добив резултатите од носот и грлото што ми зимаа брис, велат немам ништо, никоја бактерија... а упорно ме боли... на лекар велат не ми е ништо... бог да чува... врска неам што може да ми биде
Случајно да не ти се навраќаат киселини? Да немаш кислини, да не те боли желудник или пак да осеќаш болка во градите или печење на срцето? Може ако имаш ациден рефлукс/навраќање на киселините поради тоа константно да ти е воспалено.
Немам тоа :/ Многу ретко ми се дешава да ми се вратат киселини... А проблеми со срцето такви имав порано, сега ништо неам.
Моја препорака ти е да посетеш оториноларинголог (доколку веќе не си посетила). Тој може да визуелизира евентуално да нема некои промени на слузокожата, ранички па тие да предизвикуваат болка.