Slicni ko na vtorata slika i poslednata msm cela tezga ja dignav mn se jaki i mn jako stojat na temen ten
Ајде една мала консултација да се јават сите понадарени девојки и жени Ми треба мислење дали самостоечи градник селиконски од овој тип без прерамки држи големи гради? Ќе ја тагнам @senza.parole знам дека сме тука негде со величини па ако имаш искуство да јавиш
@Mama25, памтиш алал да ти е, 75D сум. Првиот минимајзер ми е 80D, кога имав 5 кг. вишок. Со вакви искрено немам искуство, иако вака многу убаво ми изгледаат, каде ги има? Никогаш не сум ни помислила на вакви, од пусти страв да не се деси нешто, а големки ми се, не е шала. Балконет купувам обично, и ако има потреба, иако ретко, им вадам прерамки, ама искрено многу неудобно ми е без нив. Баш пред два дена гледав во Lisca во Сити Мол еден многу убав, Unique мислам му беше името, 2199 цена, длабок рез, и од позади имаше тенка прерамка која се заменува со силиконска по потреба. Би го купила чисто заради изгледот напред, само имаше бел и некоја чудна темна крем боја, немаше црн. Ѕирни го ако си за нешто такво. И плиз, пиши ми што ќе направиш за овој погоре, ме интересира каков е во пракса, а и цена, нормално.
@senza.parole јас од кога се породив без Балконет не сум,ретко го менјам само по дома да не му досадам на маж ми Што знам некако најудобно ми е во него,инаку и јас сум исти случај а извадам прерамки мислам ќе останам без него мада и така го носам кога имам потреба. Одкога ослабев и престанав да дојам очекоував градиве да се намалат ама ништо неуспело надевање било. Овој на Lisca ќе го ѕирнам иако мислам дека знам кој е,јас барам нешто што во суштина не постои знам. Ептен нејќам селиконски прерамки ама ич. Не ми се толку гадни когога ќе ги видам на некој ама на мене не ги сакам. Имам фустан со доста големо дилколте позади и сакам гол грб без било каква прерамка така сум си зацртала во глава и ај сега оди смени го таква сум за се. Ќе погледам на Триумф знаат некогаш да изненадат. За овие селиконскиве видов во Сити м. во Пенти само некако најголемата корпа тешко да ми ги збере,бев на брзање па не пробав ама ќе одам деновиве зошто ми е за во четврток. Ќе те известам накнадно. Знам дека има Nbb исти само незнам освен на пазар кај има Nbb на друго место,ако знае некоја нека сподели. Дај сподели кога имаш време од кои модели си задоволна на балконети и воопшто модели (било која марка).
@Mama25 јас уште пред неколку години имам купено таков градник, од внатре силикон, од надвор поставен како најобичен градник, ама не сум баш најзадоволна. И тоа носам корпа Б или Ц, зависи од моделот. Не би се осудила да го облечам тој градник на фустан што не е добро припиен затоа што ќе се чувствувам неудобно и ќе чекам да ми испадне градникот од ногавици. Можеби нешто напреднале моделите во меѓувреме, па направиле нешто за повеќе да држат, можеби и мене не ми се погодил, иако одев по упатство. Го платив околу 2.000 и ама ако ме прашаш не вреди за толку. Не знам каков гол грб ќе носиш ама би ти препорачала да бараш вакво нешто. Не сум прошетала да те упатам некаде, но мислам дека ќе има во подобро снабдени продавници. Планирам и јас да си земам вакво нешто, сто пати попрактично изгледа.
@kjukli мислам тој го затворија или грешка сум @Giovanna кај ги има овие? Некако вака на слика ме бендисаа би ги пробала. Никогаш не ми текнало на овој модел. Частам што сакаш ако е ме собере и така би го носела само по потреба.
Минатата недела барав долна облека, па се сеќавам дека го забележав, само што не влегов. Треба да работи. Инаку како четвртата слика на Џиована со тенки прерамки има во Women secret. Јас купив пред две години, ама ич не ми се погоди. Немам гради, па ми се изместуваше иако беше мое бројче. Еве линк. https://womensecret.com/es/es/home?...le-straps/5567459.html?dwvar_5567459_color=01
@Mama25 немам идеја ни јас не сум прошетала, ама знам дека постојат и на листа за купување ми е. Се надевам дека гi има во нашиве поснабдени продавници за долна облека. Во соседството сигурно ќе најдеш ако те однесе пат наскоро. Мислам дека за големи гради најдобро ќе држи тој модел што е како корсет. А и најстабилно ми делува Инаку од тоа што сум видела на слики не верувам дека не би те собрало. Имаат до корпа Д вакви модели. Во половина ми делуваш тенко, нема зошто да има проблем Кога спомна веќе модели на Триумф, има на страната нивна нешто слично на ова што ти предложив погоре. http://uk.triumph.com/wired-padded-bra/glam-curves-forever/10147882.html?cgid=1293000#!color=0004_Black&size=070_B http://uk.triumph.com/wired-padded-bra/glam-curves-forever/10147882.html?cgid=1293000#!color=00NZ_Nude_Beige&size=070_B
@Mama25 Сите балконети ми се од Lisca, без исклучок. Немам ни барано на друго место кај нас. Се сомневам дека ќе најдам нешто воопшто. Сите ми се ист модел, Victory мислам беше, откако ќе го испратам постов, ќе редактирам да видам дали го има уште. Ги купив пред повеќе од година дена по околу 1800 еден, ама кај мене траат од причина што секогаш ги перам рачно во млака вода, не им ставам омекнувач и не ги центрифугирам отпосле. Строго по упатството се држам, ни под точка разно во машина не ги ставам. Убави се и убаво стојат на секаков горен дел, ептен ако е некоја специфична кошула и ми се подотвора средното копче (знаеш на што мислам) само тогаш ставам минимајзер.