1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домазет

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 27 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Женски да чујам ваше мислење дали би ги довеле идните сопрузи како домазетовци, да живеат во вашите куќи и со вашите родители?
    Познавајќи ги вашите дечковци дали тие би го прифатиле тоа, или се премногу горди да се сложат на ваков чекор?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас нон стоп му викам дома на татко ми - Види колку ни е убаво суредено по дома, што имам јас да одам по туѓи куќи, ќе си го донесам тука, ќе не гледате како бубрежиња во лој. :D
    Татко ми само си се мршти. Ми рече ако го направам тоа ќе си одел во пензионерскиот дом во Куманово, управникот му бил пријател. :D
    Па, со цел да не го лишам некој кутар пензионер од неговот место во пенз. дом, категорично велам НЕ!
    Не знам дали мојот иден сопруг би се согласил или не, јас ЗНАМ дека нема да се сместиме сите под ист покрив и да преживееме. :) Ние одвај тројца се трпиме по дома, камоли четврт патник да донесам. :rofl:
    Во склоп на кажаното, не сакам ниту да живеам со свекор и свекрва. Кога би имала можност би отпочнала живот подалеку и од моите и од неговите. Да сме на раат и сите мирни. :)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Прво Анфејтфул браво за темиве :clap: :)
    Кога ја видов одма ги прашав мама и тато дали би прифатиле домазет.И одговорот беше категорично НЕ :D :D Ми рекоа ти не се трпиш,пак уште еден легач покрај тебе да го трпиме :rofl:
    Сега јас да си кажам мислење,покрај ова од моите.Не,не би го донела маж ми дома кај моите да живееме од причина што мислам дека нема ништо полошо од тоа млад брачен пар да живее со родители.Поарно ќе седам под кирија отколку дома да го донесам.
    Немам дечко па да знам како тој би размислувал.Мислам дека ретко е тоа машко што ќе дојде да живее кај родителите на својата сопруга,освен ако не се работи за некоја ептен тешка ситуација. :)
     
    На greeneyed.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Ако немаме услови сами или со неговите да живееме нема тука гордост...ќе си живее со баба му и дедо му :lol: Јас искрено не би сакала ни со мои ни со негови а кој би сакал :lol: најубаво сами а познавајки го дечкото мој сигурно не би прифатил да живее со моите.Би се осетил некако бескорисно и како да се наметнува на некој,а научен е сам да живее и да се издржува.Ми се допаѓа тоа кај него :)
     
  5. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Хехехе да да потполно се согласувам :rofl:
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    хе хе, и ја го велам истото, дома ми е најубаво, средено како што јас сакам, искречено како што ја сакам...Сега сум решила да цртам по ѕид, и што..да отидам во друга куќа???? :D
    Се шалам. Каде ке имам услови за живот таму ќе живеам. станот ми е прилично тесен за мене и мајка ми само, уште маче, па и домашно милениче зет ли да донесам?????????? Сакам сами да си живееме, али со господ напред.
     
  7. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Не благодарам :lol:
    Не сакам ни со мои ни со негови!Некогаш на шала кога разговараме на таа тема и знае да каже што убаво ќе си живееме со твоите,а јас аааааа нема!
    Сакам двајцата сами по наш вкус и наши правила!
     
    На OGNOMET му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Познавајќи го дечко ми, мислам дека никогаш нема да си го дозволи тоа. Од друга страна пак јас едвај чекам да излезам од оваа куќа, а не пак и кога ќе се омажам овде да останам. Покрај татко ми немам слобода за ништо, а камо ли па да терам тазе брачен живот. Ќе треба цело време да се стегам.
    А имаме потенцијал, 2 сестри сме, голема куќа...
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    За домазет шанса нема!
    Како прво јас се страмам од тоа,па не тој маж што ќе ми биде.Исто како да сум го потценила.
    Но сепак мислам дека ќе наследам голема сума на пари од моите родители,оние кои цел живот ги печалеле,а јас тоа не го сакам.Сакам се да си стекнам сама во животот,но мислам дека на денешно време тоа е тешко и нема да го живеам оној луксузен живот со мажот ми освен ако е некој богаташ.
    Мојот дечко не е некој богаташ,но е многу вреден и сметам дека сам ќе си стекни многу во животот,а јас би била горда на тоа. :)
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    ех да сакаше мојот маж да дојде домазет, ги читам коментариве ваши и се чудам-дали знаете колку е потешко да се навикнуваш во друга фамилија, да ги научиш сите нивни мани и слабости и предности-зборувам кога девојката оди да живее со свекор и со свекрва и со останатите членови на семејството. Па што убаво ќе ми е дома со мама, мама ќе ми прави ручек (не мислам секој ден) , ќе ми помага многу а сега тука ......само дома си е дома. А најдобро е да живееш сама со сопругот -ама кој ја има таа шанса блазе им ним. ние останативе ќе се топлиме со јетрвите и свекрвите. :puke:
     
    На simonagj му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Домазет ...телевизор без глас ... :)
     
    На 2505, SexiLy, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Ахх ако дојде до брак со дечко ми колку сакам да си го земам домазет :D Ем нема да морам да се одделам од моите ем ќе си живеам со него :D Но сонови пусти сонови... Ни тие ќе се согласат ниту пак тој :rofl:
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Нема шанси, така ми има кажано дечко ми кога сум го зезала за ова.И без да прашам го знам одговорот дека никогаш не би се нафатил,а и не би сакала да живееме кај мене.
     
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Луѓето колку и да си "чист" пак ќе ти најдат некоја дамка, ќе ти замерат...
    од 5 годишна возраст заминавме да живееме во станот (на мајка ми) што се наоѓа под оној на нејзините родители, и за тоа зборуваа како така татко ми отишол домазет, сега со сопругот живееме во друг стан што е исто така на моите и пак ќе дојде некој коментар, исто така чувствувам дека сопругот не го прифаќа овој дом како 100% сопствен/наш дома, ама како и со гордост зборува во некои моменти како живее во центар на градот (во смисла дека се му е тука, не мора да оди по 3-4 км, па да е обврзан со автомобил или такси, како што бевме кога живеевме кај неговите, ако сакаш да отидеш на факултет или на работа или нешто да купиш од чаршија ќе треба да дадеш +100 денари, а ако треба да одиш секојден тоа се 3000 денари месечно само за иди ми дојди ми), како се' сами сме си уредиле во домот, итн.
    Па кога на вага ќе ги ставам сите тие коментари од едната страна и мирот, спокојството што го имаме, нема кој да ми соли памет по цел ден, да ми кажува не вака не онака, да зависиш од некој кога да го уклучиш бојлерот, да не можеш да отидеш во кујна да јадеш кога ти се јаде (зашто не знаеш што прават г. свекор и г-ѓа свекрва, а таму спијат во дневна поврзана со кујната) епа супер ми е вака.
     
    На simonagj и stilas7 им се допаѓа ова.
  15. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Сакав јас,сакаа и моите,сакаше и маж ми уште кога бевме дечко и девојка. Ни падна една среќичка, па така си живееме сами. Инаку дедо ми, од мама татко и, викаше ако сакате да си ја разболите ќерката, нека го донесе домазет. Како демек мајка ми и татко ми на мене ќе збореле ако нешто не чини за него,а и маж ми на мене пак за нив. :^)
     
  16. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Па и не згрешил дедо ти во претпоставките! така е секогаш! Некако немаат храброст родителите да му ги кажат негативностите нему па пробаат преку својата керка да ги поправат грешките кој зетот ги прави! Дури мислам дека и моите би биле исти,нема нему да му кажат а мене ќе ми зборат за јас да преземем нешто во врска со проблемите!
    За среќа моја а и на дечко ми мислам дека нема да ми дојде домазет, нити тој сака, нити јас сакам,нити пак моите сакаат! засега немаме планови да живееме во мојот стан заедно со моите родители! мислам дека и таков план воопшто и нема да се прави! :lol: :lol: :lol:
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    СИте знаеме дека сами е најубаво, ама ако има потреба - зошто да не? И ако просторните можности се поголеми кај девојката - логично би било да живеат таму.

    Ние и живеевме со моите еден период, околу една година траеше тоа ако не се лажам. Ништо страшно.
    Исто ти се фаќа. Кога живеевме со неговите - јас не се чувствував целосно како дома, кога живеевме со моите - тој не се чувствуваше. Кога ќе ставиш на кантар- исто ти се фаќа.
    Само ние градевме куќа тогаш, и знаевме дека е краткорочно. Друга психологија е ако немаш опции.
     
  18. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    И ја дома имам еден домазет ама од сестра ми не од мене и многу се нервирам така а + тоа и он ме нервира многу :@
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    кога ја видов темава на еден виц ми текна ... Домашно животно со 7 букви - домазет :lol:

    Инаку никогаш не би му ни рекла да биде домазет зашто не ни сакам со моиве да живеам ... ке биде лудница плус па и брат ми ... не не :x Може сум и мала па некогаш ке се премислам ама гледајќи ја братучедка ми со мажот и и тетка ми само пошто немам тетин ... нема шанса ... ужас е ... ни со свекор и свекрва не е рајска градина ама како ке се погодат така ... ама најубаво сами :rofl:
     
  20. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Леле не дај боже!!!Има случаеви кај што од немај каде го прибрале,ама јас што познавав еден домазет па уште како се занасаше се праеше како газда да е он на куќата :worried: