Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домазет

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 27 август 2010.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ха ха ха леле ке се згазам а истото и домашно животно со 7 букви :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.066
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    И јас не би сакала да живеам со моите. Ќе има многу карање и нервози. најубаво сами, ама ако нема каде и тоа ќе биде.
    На моја другарка татко и е домазет, ама по толку време се заборавило и куќата е нивна, не нејзина.
     
  3. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Ајјјј не дај боже ! Нема шанси ! :^)
     
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Фала богу има сопствена куќа и живее сам па станбеното прашање ни е однапред решено :) Инаку кога би морала да избирам - никако со моите . Искрено ама себично неможам да замислам остатокот од животот да го поминам покрај нив , од приватни причини . Еве и ќе набројам некои од нив :нема да ја имаме потребната интима , како со неговите така и со моите ,иако рака на срце неговите се каде каде послободоумни од моите. Не поднесуват мали деца особено плачковци , постојано го пикаат носот насекаде и предчуствувам истото ќе ми го прават во бракот , има вистина во тоа дека повеќето од разводите се предизвикани од мешањето на родителите.Навистина мразат домазетовци за нив таквите се неспособни и ќе се стремат во најкраток можен период да го избркаат од тука и тоа да му служи како мотивација да заработи пари и да си купи сопствена куќа. Своја куќа ,свој дом , свое љубовно гнездо , сопствен буџет и сопствен начин на распределување на истиот - мислам дека нема подобро! Не мора кај твоите, кај моите , има алтернативи ;)
    А што се однесува на горделивоста на младоженците секако дека ќе ја има , ние вечно сакаме рамноправност меѓу половите а сеуште се придржуваме кон традиционалните норми и непишани правила кои ни ги наметнале постарите генерации - едно од нив вели , младоженецот ја зема невестата , не таа него ..зошто да не е обратно , не разбирам :?: А и кога веќе нема избор , сакале или не ќе си ја проголтаат машкоста и ќе дојдат кај нас ;)
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не сакам никакви родители, баби и жаби!
    Само јас и тој! :)
    Нема шанси јас да одам со неговите да живеам, а уште помалку тој да дојде да живее со моите. И познавајќи го, ниту тој не би го сакал тоа.
     
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Јас не би имала против мојот иден маж да дојде да живее со моите, се разбира ако постојат подобри услови за живеење, не е битно кој кај кого ке се пресели.Само во нашата седина постојат многу предрасуди во врска со ова прашање, дека жената е таа која секогаш го напушта домот, а мажот е тој кој треба да го обезбеди стамбеното прашање и тоа ми се некако застарени сфакања....
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Ни моите дома сакаат, нити тој а богами ни јас :lol: . Ако веќе нема каде да мораме кој мене е тогаш ќе размислам сега за сега категорично НЕ
     
  8. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Никако не сум за, но доколку тоа е единственото решение и не постои можност за нешто трето, тогаш што да се прави. Инаку не сакам ни јас дома ни тој дома, сами најубаво. Сепак доколку треба да се бира помеѓу кај мене дома или кај него дома, би избрала кај него дома, па ако треба и ред ќе воведам ни свекрвици не би фермала ни ништо живо :devil:
     
  9. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    јас сум и едно дете на моите, и знам дека мн би сакале да живеам засекогаш со нив, а и супер би ми било, навистина се прекрасни луѓе :) ама ја не би сакала да живеам со ничии родители, ок уште е рано (а и дечко немам :lol: ) ама така си е моето размислување
     
  10. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Предвреме џабе се прават планови, зошто никогаш не знаеме како ќе бидат условите кога ќе дојде моментот. Инаку и ние со мм планиравме сами, па за жал почина свекор ми и сега мора да живееме тројцата. А за домазет не би имала против, доколку сме на различен спрат. А фала богу дека од сами двајцата, нема подобро. Тогаш се станува и подговорен, не се чека од „старите“ за помош, сметки ова она, поорганизиран ќе си бидиш итн. Е сега секој како му налагаат условите. :)
     
  11. izabela.sk

    izabela.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    17
    Супер е да живееш сам, слободата со ништо не се плаќа, ама колку многу ви треба помош кога ке имате деца, тоа е друго прашање. Со денешниов режим на живот и ненормално работно време, па уште и деца и тоа не едно туку три, тешко кој може да се справи.
    Затоа јас решив да живееме кај моите, не заедно туку на различни спратови.
     
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cметам дека ниту еден пар не треба да живее со своите родители(зет-снаа) прво се млади,сакаат да си живеат свој живот,независни ке се,замисли да живееш со родителите на жена ти,мораш да известуваш за се,што било-како било,што ке купуваш како ке правиш |( Jас сум против тоа,заедничко живеење,плус колку помалку гледање-повеке почитување,да не се повторувам пак
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Аууу , каков домазет, лоша работа е тоа. Единствено прифаќам ако имам јас стан од моите, па сами да си живееме во него, таков домазет може. :)
    Јас не можам да излезам на крај со моиве, не па маж ми да треба да се расправа со нив.
    Колку пати сум им рекла дома дека е добро што немаат син, тешко на таа снаа што би дошла да живее со моите .
    Два петли во еден кокошарник не седат, едниот го убива другиот, зошто тогаш двајца мажи во една куќа ?
    Ни домазет, ни снаа во туѓа куќа, најдобро сами, е сега кој може да си го дозволи тоа.
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Знаете што е слика без тон?


    ... точно! Домазет! :lol:
     
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.017
    Пол:
    Женски
    Како се вика домазет на словенски?


    Припич :D
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Incubus

    Incubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    domasno zivotno so sedum bukvi :)) D O M A Z E T
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Зошто така гледате на ситуацијава домазет??
    Татко ми има пријател што е домазет. Дома имаат таква хармонија што јас никогаш нема да ја имам со моите свекор и свекрва во една куќа.
    Тие живеат во куќата на неговата сопруга. Секој си живее на посебен спрат. Постарите готват, се грижат за нивните деца. Се е исто како снаа кога си отидена. Само што ете пак ќе повторам од една друга тема, мајките се објективни кога станува збор за нивните ќерка, а субјективни кога станува збор за синовите.
    Затоа тоа семејство ја имаат таа хармонија. Секој со своите обврски и никој никому не се меша во ништо.

    А според ова што вие сте го пишувале, тогаш никоја не треба да отиде снаа да биде.
    Јас да имав услови дома да го земев маж ми, да имаа моите доволно голема куќа, не се мислев, одма ќе му предложев. Сепак подобро со моите да се карам (знам барем дека никогаш нема да ми се налутат и да ме оговараат зад грб) отколку со неговите.

    Инкубус, тогаш диво животно, ама припитомено, со 4 букви: снаа.
    По аналогија така би било ?!?!? :^)
     
    На mimiiiii, MSkorpionka и ohoho им се допаѓа ова.
  18. Sharlott

    Sharlott Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    14
    И јас не разбирам зашто така гледате на ситуацијата домазет? Значи МОРАЛНО е да се живее со родителите на момчето, девојката СЕКОГАШ оди кај момчето, така останало од старо време...бла бла..... Едeн мој другар е домазет и преубаво им е. Жена му е единствено дете, а имаат огромна куќа, и ужива во 200 квадрати, па гледам многу му е гајле дали е домазет или не :D Јас кога се верив со сопругот па до свадбата си живеев дома кај моите, многу глупави и застарени ми се тие сфаќања мора после веридбата девојката да е кај момчето, абе да се залепи за него ако не |( Така да секој нека си прави како сака и нека ужива :D
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100

    епа блонд алал да ти е за постов искрено !!! :*
     
  20. katence-britney

    katence-britney Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Без разлика каде и со кого младенците треба пред се да се сложуваат. Јас живеев неколку месеци со неговите родители, и незнам како издржав. Ми чепкаа по работите, се ми преместуваа, ако појдев некаде на кафе, на маз ми му ја полнеа главата, па само се каравме, порасна и љубомората, свекрвата цело време се лутеше, два дена муабет не ми правеше ако не и ги јадев манџите, постојано ми се јавуваше да ме праша кај сум, ако се најавеа гости дека ке ми дојдат од моја рода, дома ке го пуштеше каучот уште во 19 часот ЕЕЕЕ вечерва во дневна ке спијам, таму ми е ладно, мириса......Арно ама, тоа беше во друг град и не успеавме да се вработиме, па сега веќе година и нешто си живееме со моите, маж ми зема убава плата, и моите не му чепкаат ни денар, со татко ми се најдобри пријатели, заедно пијат пивце, сами никако, мајка ми ни пере ни готви, не плаќаме никакви сметки, и супер ни е, а кај свекрвица и кирија требаше да почнеме да плаќаме, си живееме на различни спратови, ама пак заедно јадеме, и супер ни е!!!! Немаме трошоци па си купуваме се што ни душа сака!!!Моите него не го контролираат, па ни јас си излегува, исто и јас и љубомората сосема исчезна!!!!
     
    На wish и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.