и јас имам размислувано на оваа тема и исто и јас го делам мислењето дека е најубаво сами доколку дозволуваат условите. баш вчера се смеевме со дечко ми да го земам домазет но да си го направиме горниот спрат т.е да живееме одделено и вика оти да не. и се би било убаво да не беше златна моја мама тука која се меша во се и секогаш знае да ти плеска нешто по нос така што јас уште сега не можам да ја трпам а не па да ми се меша во бракот. и да не напоменам дека е секогаш во право нели? али здравје боже ќе видиме , а си испланиравме и како ќе направиме терасата (голема е) да ја направиме дневна со мн мн прозори и да си направиме таванска спална соба (ах што ќе се дешава во неа) а тоалет има направено. и спратот да си го одделиме со стаклена лизгач врата. па здравје боже кога ке имаме дечиња - дури се бебиња ќе спијат со нас во соба па после ќе му направиме детска на долниот кат кај баба и дедо па сега ќе видиме важно споделив со вас нашите планови
Пред некое време читав дека во Бугарија се формирало здружение на домазетовци Мотото на здружението било: „Молчам ко риба, работам ко вол“
Според досегашните искуства со мои пријатели, сите што отишле домазетовци отишле затоа што кај бабата и дедото има место за младите, а не и кај родителите на зетот. Јас навистина не гледам ништо лошо во одење домазет...зошто би се гужвале и туткале ако во другиот дом има вишок спрат...? Стварно не ми е јасно зошто за домазетот се вика дека мора да ќути и да трпи...во тој случај и невестата ако е во домот кај родителите на момчето и таа треба да ќути и да биде безгласна буква... Целта е да им се помогне на младите, да им се овозможи ако може и ако сакаат да бидат сами, а не некој т.е. зетот да се претвори во риба и вол. Типични балкански малограѓански сфаќања кои за жал се` потешко и потешко се искоренуваат...оди кај баба ти и дедо ти па ќе те земат под нозе. Глупости.
Најинтересно е што луѓето донесуваат заклучоци врз основа на гласини што ги слушнале од некого и се создава стереотип, секој со своето искуство треба да суди. А најгласни се оние кои немаат ден стаж во брак, а најмногу надизаат. Кога би имала прилика да бирам, најубаво си е САМ, ПА КАКО ЗНАМ!!! Понекогаш моите на мене ми идат на живци, а не пак на сопругот.А тек па, не суди Боже да се скараш со мажот.Се редат групно на врата и до попладне или евентуално утревечер, те чекаат да бидеш ин гуд мууд, за да ти држат предавања!!! Ноу веј!
Леле ова е страшно. Мислам во глобала он да дојде кај мене сигурно ќе си помине поубаво него јас да одам кај него, затоа што мојата мајка нема да го вреѓа како неговата мене нАли, ама како и да е. Јас се изјаснив повеќе пати дека брак воопшто не планирам, ама и за заедничко живеење важи дека нема шанси ни кај мене ни кај него. Имам домазет одма до мене во комшии, професор на факултет, згоден, што не истрпел до сега јадникот не е од Скопје, па може тоа му било излез затоа што искрено женава е ОЛОШ нити изгледа добро, ама ајде не е битно тоа, али полошо и пораспиздено створење од неа нема! Како и да е си се заеба човеков за цел живот, луѓе верувајте за помалце од година цела коса му обеле ама сериозно! А немаше ни 30 год тогаш. Ако нема услови за скроз изолиран живот воопшто не би се решила на такво заедничко живеење ма каква и да сака нека е љубов.
никогаш не вели никогаш, само речи не дај бозе,само плукни си во пазуата, оти тоа што не го сакаш над глава ке ти дојде ми вели мајка ми немам момче, така да не се ни замарам со вакви работи-домазет снаа, а секако дека би сакала да си основаме свој во иднина наш дом, ниту јас кај него, ниту тој кај мене, сите весели и срекни
Што е тоа слика има тон нема ? Спојлер домазет ама тоа веќе не важи, можеби едно време сега со денешната младина за мајка ми и татко ми ќе важи дома ова, а не за него
Хахахах браво за темата.... татко ми е голем шегаџија и ми вика ако го донесеш дома секој ден ќе го терам да брише прашина, да пери, да готви, да чисти, ама мислам дека никое машко не би се сложило да живее кај невестата дома
Кај нас нема шанси да дојде домазет, не затоа што тато или мама ќе се противат туку затоа што живееме во премал стан. Иначе немам ништо против тоа машкото да дојде кај женското, моја прва братучетка мажот и е кај мајка и и татко и домазет, па ете околу 9 години си живеат супер, заедно ручаат, заедно седат, значи се заедно и одлично функционираат
мислам дека сите зетовци треба да се пратат еден месец да бидат домазетовци, па после да видат низ што се` поминува жената!!!!!
Ако морам да бирам да живеам во куќа во родители подобро мојот ќе го донесам дома, него да живеам со неговите. Сериозно, ако прифати би го довела... Така размислувам сега, може кога ќе треба да одлучувам тоа ќе биде поинаку. Да се разбереме, јас сум за живеење сами, на страна, ни со мои, ни со негови, ама ако мора, подобро кај мене него кај него... И не знам дали би прифатил, зависи што карактер ќе биде...
Си ја сакам мојата куќа и не можам да замислам да живеам на друго место. Поради тоа што сме две сестри, а сестра ми се изјасни дека не сака да живее во куќава радо би си го довела мојот иден сопруг, ај и дечко нека е Не гледам ништо лошо во тоа додека се сметаме за рамноправни во домот, а не на секоја негова грешка јас да му приговарам дека куќата е моја. Дечко ми никогаш не би дошол да живее кај мене, но се надевам дека за неколку години ќе го убедам ако останам со него.
Meне не би ми сметало,ама машкиве се чудо невидено Ним им смета и тоа многу.Им го кршиш егото само ако им спомнеш такво нешто. Јас се зафркавам на мајка ми и велам дека ќе си го донесам дома,а таа вели не, не никако ,нити со мене нити со неговите,сами му е мајката И јас знам дека е така и се надевам дека така и ќе биде.Иако ќе ми биде тееешко-уште сега ми е,без мама Имам другарка која се омажи ,ама дечко и седеше во мала барака само дневна и соба.Она има куќа на три ката,па едниот си го средија тип топ,милина.Подобра алтернатива него кај неговите да ја дигаа куќата,вака само спратот си го наместија.Паметно. Муабети имало,има и ќе има-домазетот дека е мрза и неработник со самото тоа што е домазет ,глупости невидени нели-Балкан ,иако има и такви мажи ко што не има и секакви жени Си велам јас секогаш-на кој како му е убаво,така нека си прави
искрено би отишол домазет, непатам од такви комплески воопшто, само не би отишол доколку има брат или е претесно е тогаш не би се бутал таму. а ако ми пререче некогаш дека неам право на глас демек кај нејзе дома сме хохох има ѕрцките да и ги извадам
Ме фаќа смеа и од самата кованица - Домазет. Во обратен случај, што сме ние жените? Домоснајки? Ама нееее, светот функционира така. Те зема за жена, автоматски ти си со негово презиме, мајка му и тебе ти е мајка... Смешки. Понекогаш условите и животните ситуации не се поволни за мажот, па зошто да не би живеел кај сопругата, доколку е тоа поприфатлива варијанта? За жал, во нашава заостаната заедница, тоа се гледа како машка слабост, кршење на мачоизмот, егото му паѓа ниско, бла бла бла. Што да прави момак, кој е пред женење, живее во гарсоњера со неговите и да речеме брат - сестра, а неговата потенцијална партнерка, има подобри услови за живот, да речеме куќа, или што и да е? Некогаш, не знам дали да ги жалам или да им се дивам на нашиве мажи. Зборувам за оние кои се свесни за сопствената (не)положба. А сакаат да овозможат нешто повеќе, но се спречени или немале среќа. Што е важно кај си, ако ти е удобно и љубовно бре!
темава... Јас знам за случај кога типот живее во двособен стан со жена му, две деца, мајка му, татко му, брат му со жената и детето, а жена му е ќерка единица и нејзините живеат сами во голема куќа. Ама типов не сакал да оди таму, иако им даваат цел спрат само за нив, за да не бил домазет. Комплекси. Поарно му е да живеат како Индијци, десет души во двособен стан... брррр. Но исто знам и за случај, на другарка на сестра ми со мажот, после неколку години талкање по изнајмени станови со две деца, конечно сфати типот дека нема рогови да му пораснат ако одат да живеат во куќата на родителите на жена му. Им дадоа спрат од 150 квадрати, среден се, само мебел да си донесат. Да им се чудиш на умот што пари дадоа по кирии толку години. Е сега, дека народов наш е сериџиски, сеирџиски е . Дека ќе си слуша како го делкаат со вицови за домазет другарите, ќе си слуша. Ама и тоа престанува да биде интересно после некое време. А другар мој кој привремено беше домазет (неколку месеци), додека го средуваа новиот стан, вика толку го тинтрала бабата, не му се одело од таму . Искрено, мислам дека е многу поинаков односот на домашните ако дома им дојде зет, отколку кога дома ќе им дојде снаа.
Мојот дечко нема проблеми околу оваа тема. Впрочем кај нас се е со договор. Значи ќе живееме каде што ќе имаме услови. Сакаме сами, но ако мораме да живееме со родители, не ни претставува никаков проблем дали тој кај мене или пак јас кај него. Значи каде има повеќе простор таму. Тој е свесен дека како што жената се жртвува така треба и тој понекогаш. И ама баш никаков проблем немаме. Се разгледуваат сите предлози и заеднички се носи одлука. Така е и за се останато.
Несакам. Како маж,ја замислувам поодговорно таа улога и доминантност,и сакам да живееме сами,значи без родители бла бла,да делиме станот,а всушност да уживаме во една единствена спална,па да неможеш да искочиш по бањарка,или да не зготвиш ручек некој ден,едноставно тоа е за мене надзор 24/7(плус кога ке ги додадам трачарењата на старите луге ) и немање простор. Сакам заедница од нас двајца,во која ке допринесуваме и 2та,и тоа незначи на негов товар да е цел објект со се опремување,туку и 2та да учестуваме,и нетреба да е палата,туку нормално спанче со 2 спални ми е доволно. Поентата ми е дека сакам нешто наше,ниту да одам кај него,а во никој случај он кај мене,нема логика ни земањето од дома ниту другите пропатни обичаи при напуштање на куката на девојката.