А, што ако доаѓа домазет, а невестата си има женат брат? Еве го случајот: Братучеда ми е мажена веќе 6 месеци. Живее во куќа на два спрата со свекорот и свекрвата. Сестрата на маж и` (золвата) е мажена, има две дечиња и живеат во стан. Но постојано се жалат како во станот не им е удобно, имало влага, а не сакаат да побараат ново место, се решиле да дојдат во куќата. Мажот од братучеткава изјавил дека не може да се меша во татковата куќа (не ја изградил тој). На братучеткава не и` е сеедно. И пред тоа имаше голема доминација од золва и` (пр. не и` дозволувала за визита од маж и` да меси кифли без таа да дојде и да каже како да се прават) и ред мнооогу случки. Што би постапиле вие ако се најдите во ваква ситуација?
Соко, поговоркава ти е метафорички кажано? И не те разбрав баш. Да појаснам, родителиве се премногу сврзани за ќерката и таа е главна, па затоа и многу го `тинтраат` зетот заради ќерка им, да е убав, добар со неа. Знаете политики.... Така да, овде синот и не е баш во прв план. А, за братучеткава и да не правиме муабет. (имаат многу проблеми, многу се лоши кон неа, а девојчево е право бубаче, жал да те фати, ама ај да не ширам овде).
^^ Може не сум компетентна да коментирам, имам само 15 години ама мислам дека најдобро ќе е братучетка ти и маж и да се иселат од таа куќа ! Ако веќе толку ја газат, и се однесуваат со нив како кон „13-то прасе“ зошто да живеат заедно. Тоа не е живот ! Инаку јас не сакам да живеам со моите кога ќе се омажам, ни па со свекрва или свекор... Зошто колку си подалеку толку поарно се однесуваат со тебе, барем така е кај нас дома.
Имам јас братучед кој е домазет па кога ќе одам кај нив на гости се чувствувам многу глупаво бидејќи се случило два-три пати да се замерат со баба му пред мене и стварно е недолично. Друго е снаа и свекрва а друго е баба и зет. Мислам дека ме сваќате што сакам да кажам. А во однос на живеењето сами јас би ви кажала дека туѓото е секогаш послатко. Јас, мм и детето живееме сами во двоспратна куќа и во почетокот тоа ми одговараше. Никој не можеше да ми речи ни збор бидејќи никој не знаеше ништо за мене дома, ни дали сум ги измила чиниите, или сум станала во 12, дали сум го наместила креветот... Ама сега сваќам дека убавината не е во тоа, ја гледам јатрва ми (живеат заедно со свекор ми и свекрва ми) колку и да се искараат или да си замерат, секогаш свекрва ми и спрема ручек и ја чека да дојде од работа да седнат да јадат, и помага се дома и ги чува децата и понекогаш тоа искрено ми фали.
Epa devojki jas go donesov mojot soprug da zivee kaj moite oti imaat mnogu golema kuka i ni otstapija eden sprat a kaj nego imavme samo edno sobice malo, i veruvajte mi porado sega bi ziveela vo toa sobice od kolku na tolkav sprat. Toa bese najlosata odluka so sum ja donela vo zivotot. Mnogu se kaam za toa, ama nema nazad, veke renoviravme, i jas si ja cukam sekoj den glavat od zid. Ne znaete kako e da se bide megu svoite roditeli i so oprugot. On najverojatno se oseka podceneto, oti domazet i odnosot negov kon mene se smeni, poladen e, nervozen, vika da dokaze deka on e azda vo kukata.. i ne znam so da pravam, dali da trpam da se naviknat site posto samo mesec i pol ima od kako se preselivme ili pod itno da si odime i site da se namirime???
Онака безвезе ми западнаа твоите мислења на форумот па ќе се обидат да ти дадам некој добронамерен совет. Без разлика што маж ти е домазет, значи за да дојде да живее во твојата куќа т.е куќа на твоите родители ти не си го сама довлечкала ако тој не се согласил. Кога сте донесле такво решение претпоставувам дека сте правеле некој си муабет на што и како би функционирале во таа куќа или тоа е сеуште мистерија ?!?! Друго, ако е така како што самата кажа дека мајка ти се меша во вашите проблеми и односи е тогаш токму затоа тој е нервозен и не поднесува да седи во таа куќа. Мајка ти му го крши машкото его и го нервира. Не ме сваќај погрешно, уствари како сакаш свати ме ама тука лежи твојот проблем. Кога веќе свесно сте влегле во брак, прочитав и дека дваицата работите и сте независни со приходи тогаш бидете и имуни на солење памет од страна. Во ред е да има некој си период на адаптација затоа што е ново и за тебе и за него ама се додека очајуваш, плачеш и трескаш глава во зид а не решаваш проблем, ништо не правиш. Тука и ти треба малку да застанеш на негова страна а не на родителите, да го подржиш доколку носи вода неговото мислење и е логично. А и тој, нека намали малку тоа роговите и да не изиграва многу газда ако сака да си ја сочува сопругата. Чувајте си ги нервите ќе ви ги требаат за подоцна.
Јас и мм живееме кај менее дома, пред да се преселиме направивме муабет и се договоривме како ке биде и сега за сега немаме проблеми, со мајками и таткоми се согласува многу добро, сепак е он дете што никогаш не осетил љубов од родител и многу се сложуваат со моите, многу пати мајками ми има речено дека сум направила многу добар избор и дека не се покајала што дозволила да се омажам за него толку млада, со мм сме кај мене заради тоа што кај него едноставно нема услови , он овде и работи а во неговиот роден град неговата професија не е баш платена а и нема работа стално.. Освен тоа знам дека секогаш можам да се потпрам на моите за било што и секогаш ни помагаат, а мм никогаш не се почуствувал одвоено или било како.. Сепак се надевам дека во скоро време ке се направи и нашата куќа .. и што е најважно никогаш не ни се мешаат во ништо.,.
Девојки ве молам за помош, вака сега, јас сум трудна, со дечко ми ќе се земеме, сега вака, ако одиме да живееме кај него, ќе треба да живееме во една соба, треба да собираме пари за да градиме понатаму, брат му кај и да е, ќе треба да се жени и тој, поголем е од него, и тој ќе живее во таа куќа, заедно со мајка му... татко ми ме моли да дојдеме да живееме кај мене дома, јас сум единка, многу поврзана со татко ми и имаме голема куќа, ќе имаме на располагање 2 спрата... знам дека ќе биде многу подобро да дојдеме кај нас, опремено ни е се... со дечко ми немам разговарано на оваа тема но така ми стои дека не сака да се одели од мајка му... а знам дека ќе ни биде многу тешко... не знам како да постапам, што да направам, ве молам за вашите размислувања во врска со оваа
Не знам,јас никогаш не би сакала домазет,но во твојот случај бидејќи си единка,немаш ни ,брат ни сестра тоа се е за тебе,можеш да разговараш со мажот ти на оваа тема и да му предложиш да се преселите кај твоите. Добро сега мажите имаат силно его,па некои и од таа причина може да одбијат таков предлог. Поздрав.
па добро за да се биде добар домазет треба ем зетот да е добар а и твоите родители, моментално и јас живеам кај моите а сум живеела и со свекрвами само беше многу мал станот и морав да се преселам кај моите брат немам само мајками и сестрами малку е потешко треба да се внимава да имаш дистанца и да не се караш инаку твоите те слушаат или обратно.треба секогаш да си во средина треба да знаеш како да се однесуваш со маж ти а и со твоите зашто не си им повеќе мало дете.ако станот на мажот е мал а кај твоите има простор за вас може да си живеете кај твоите.ако имаш девер по тешко е а со золви по лесно тие еден ден ќе се омажат ама деверот ќе донесе жена и така да во сегашно време тешко се слагаат јатрвите.за да бидеш на раат и ако твоите го сакаат маж ти тогаш е во ред.Aма кај и да си треба да имаш слога и разбирање.слогата куќа гради...
Bidi si jasna i glasna kazi mu go ova na tvojot decko istoto shto go napisha...koj se prednostite i vo dvete kuki...navistina nemozam da razberam nekoi raboti u stilot toj ne saka da bide domazet(opshto zboram)...zarem e toa bitno koj vo cija doma doshol ...site u brak baraat komfort..ushte covek da go ima kako tatko ti shto vi gi dava i toa ne eden sprat nego dva..komplet namesteni..znaci na covek mora mozokot da mu dishe da ne prifati..samo radi toa da ne stane domazet ..a od druga strana ke odite i ke se tutkate site ko sardini ,svekrva,brat,snashka i sve po red i posledniot koj e poblisku do svetloto ke go gasi koga ke si legnuvate site ..ama togas so polna dusha bi bil decko ti oti si ostanal na svoeto taka???Ne bidi popustliva koga se raboti za vakva rabota..ova ti e moj dobronameren sovet
Имам ваков пример во фамилија. Зет за прва братучетка е домазет. Откако се верија живееја под кирија, бидејќи кај зет ми немаше услови. Година и нешто откако се венчаа, отидоа да живеат кај тетка ми. Немаа услови да плаќаат кирија. И тогаш немаше услови кај зет ми. Требаше да се туткаат во една соба, плус со дете. Тетка ми живееше сама, па и требаше друштво. Веќе 5 и пол години живее како домазет.
Е значи многу ми е глуп овој термин ДОМАЗЕТ, демек зетот ти дошол дома. Ако така размислуваме тогаш спротивно на ова е ДОМАСНАА, е ај сега снаата кога ќе ти дојде дома е домаснаа. Само така никој не збори. Ако младите живеат во заедница со родителите на мажот се е најнормално, а ако живеат со родителите на жената ууууу срамота. Ах балканштино закоравена . Абе ако треба сто души ќе живеат во две соби, а кај невестата куќа огромна и ќе се стискаат и живцираат, само да не "пукне срамот". Имам пример во една од моите поблиски другарки. Значи се земаа и нели кај него, а таму родителите, плус брат женет, плус уште еден брат неженет. Куќата стварно голема на два спрата, ама џабе ништо не поделено, кујна една. И го убедуваа да си седат кај нејзе дур да присоберат пари (она има сестра омажена и родителите и се сами), нееее како така. Абе не се знаеше кој јаде кој плаќа, ќе го наполнат фрижидерот, до вечер маф, едниот брат не работи, свекорот и свекрвата со мали пензии и овие плаќаа сметки, абе хаос. И тераа така две години. За на крај после огромна расправија, се разбира за пари, на мажот да му пукне филмот и во еден момент да рече самоиницијативно, си одиме, крај. Сега се кај неа, еве веќе пола година. Другарка ми вика абе просто ми е нестварно што ќе купам, стои. И вика за пола година заштедивме повеќе него за двете претходно. Нејзините не даваат младите да плаќаат сметки. Е арно ама сега сите во друштвово се заебаваат со човеков, демек аааа домазет си дојде а, домазетко.
Баш заради таквите сфаќања, нема да одиме напред. Не ми е јасно, како може да е срамота ако зетот е домазет? Срамота е од роднините, комшиите, пријателите? Па кој к*р се они за да се замараат луѓето со нив. Секој треба да си живее за себе. А луѓето секогаш ќе наоѓаат причина за да озборуваат. На некои никако нема да можеш да им ја затнеш устата.
^^ Абе на народот никако и никогаш нема да му удоволиш. Јас не гледам ништо лошо во тоа ама тоа е, луѓе со заостанати сфаќања има многу. Сум размислувала за ова, со дечко ми кога ќе се земеме да дојде кај нас. Он не дека нема свое, има стан и куќа, ама мајка ми нејќам сама да е, а станот е голем. За да не се влече она може он да дојде. Ама утре ќе слушам разни муабети и тоа многу ми иде на живци.
Мое размисување во врска со јавното мислење е дека ние со народот нема да живееме, секој ако му се оговра, ке не оговара неколку минути и потоа ке се насочи кон своите проблеми, нема цел живот со нас да се занимава. А ние да правиме постапки во смисла што ке речел народот? Па цело време ке бидеме со себе и со партнерот, не со народот, кој после 2-3 дена па нека се и 10 , ке не заборави. Што има некому да му се допага или не како јас си го уредувам мојот личен живот?
Ве молам дајте ми совет како да постапам! Со маж ми живееме одделно од неговите, во спрат од куќа кој е во нив на сопственост. Тие живеат исто во спрат од друга куќа. Е сега, сестра му на маж ми ќе се мажи, но немаат услови да живеат кај родителите на маж и, поточно би требал да живеат зседно со нив. Маж ми и рече да дојдат да живеат кај нас, затоа што кукаќата има уште еден спрат. Но се побунија неговите, и рекоа дека ќе дојдат тие да живеат со нас, а спратот кај што се сега ќе им го дадат на ќерката и зетот. Не би имала против ништо, но тие се луѓе со кои тешко се излегува на крај, секогаш мора по нивно да биде. Ниту маж ми не сака да живее со нив. Им го кажа тоа, но тие рекоа ако се буниме на крај ќе се искараме само, ништо повеќе... Не знам што да правам... Моите немаат одвишок средства за дами помогнат... И затоа се чувствувам и некомпетентна да се бунам , зашто работата ќе биде-која си ти да се буниш, тебе нека ти дадат твојте.(еднаш ова ми беш е индиректно напоменато)... Во оваа тема пишувам, зашто мажот на золвата во случајов би бил ДОМАЗЕТОТ...Па што мислите за ваков случај?