Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домазет

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 27 август 2010.

  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    93.460
    Пол:
    Женски
    Уште еден одраз на нашето стигматизирано општество..
    Каква врска има кај кои родители ке живеат,исто е.
    Проблемот лежи во затупавеноста на грото од населението.
    И да,ниеден родител не е должен да обезбеди кров за децата,должен е да ги израсне и изведе на прав пат,да инвестира во нивно образование а не дом.
    Ако се има можност супер,ако не нека работат и се борат сами да стекнат нешто.
    Која е смислата на мојот живот ако го поминам мизерувајки за да купам стан за детето кога ке биде возрасен и работоспособен човек.
    Може звучам себично но мојот став е тој.
    Дека од умот си патиме сведочат и многу случаи каде парот се „стиска“ во едно собче,а кај жената има простор и комфор,па и цел спрат слободен.Лично познавам еден куп такви.
    И најбедно нешто ми е она куќа на два спрата,две деца(машко и женско)спратот е наменет за синот и снаата,па подоцна и цела куќа,а ќерката ке се омажи па како ке и даде Господ:x
     
    На cinderella7, simonagj, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам ништо лошо во зборот домазет.
    Јас после 30 години брак,мажот ми сега е кај мене во куќа, и е домазет,така вика он!
     
    На vitamina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    А, ако жената има сопствен стан и живеат сами, пак е домазет?
     
    На Girly90, vitamina и TutiFuti им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Ноу, ноу. Домазет е ако живее со бабата и дедото. А тоа се смета за срамно. Жената треба да оди кај мажот, а не он кај неа. Свашта.
     
    На vitamina, TutiFuti и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми, поготово маж ми честопати знае да рече дека е спремен да се бори и да се жртвува колку и да е потребно за син ни за да утре дај боже има свое.
    И јас сум со тој став, колку можеме да се потрудиме ама од петни жили за да си има свое.
    Нели од грешки човек учи..

    И не, не можам да ги разберам родеителите што да керка си не даваат ништо за не дај боже бре..
    Како е можно?
    Прстите од раката тие ти се, боли секој..
    Ова не можам да го разберам кај македонците..

    Утре ако имаме керка, ќе се борам подеднакво и за нејзе да си има свое, грб да си има, да си има свое лично засолниште па нека е омажена каде сака ама своето е свое.
     
    На cinderella7, mKdevojce, cimparka и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Апсолутно дека колку што имаат родителите на момчето, толку обврска и право имаат и родителите на девојката.
    Боже мој, зарем на парче имот (стан/куќа/спрат) кој ете по имотен лист секако се води и ќе се води како наследство на девојката, зарем треба да се мизерува, да се расправаш со газди и кирии, да се заглавуваш непотребно во кредит ?

    Доколку младите си се на чисто меѓу себе, апсолутно еднакво ќе гледаат на тој имот, нема едниот да е понижен, навреден, обезправден или недај боже исфрлен, останува средината, која за жал во Мк е повеќе од ограничена, па нивниот поглед кон ваквото нешто ( да потсетам тоа е живеење во имот кој е оставен од страна на родителите на девојката и на имотен лист таа се јавува како сопственик), ставот на средината го објаснувам единствено преку 2 гледишта и темели - љубомора и простотилок.
    Се останато е нормално сфатено и прифатено, па зарем секоја генерација треба да почнува од 0?
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека сами е најубаво. Но ако нема никакви шанси за тоа тогаш подобро за мене да живеам со моите отколку да трпам свекрва и свекор. Со моите барем си имам разбирање и пред нив можам да си кажам се што ми лежи на душа без да ми биде замерено. Што се однесува до нив, немаат заостанати сваќања и без проблем тоа би ми го дозволиле. А убавото е што се повеќе мажи гледам дека го прифаќаат тоа во последно време и одат да живеат кај жените. Срамота е во дваесет и први век да тераме заостанати традиции а од друга страна да се бориме за рамноправност.
     
    На Martka, zalosna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    @vitamina честа појава е тоа кај нас, за жал. Таткото на моја другарка не и остави ништо (уште е жив). Се препишал на брат и. Зошто? Затоа што била женско. (facepalm) Како не им е жал на таквите? :?:
     
    На WildMk, mKdevojce, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    102.366
    Пол:
    Женски
    Мои соседи зошто на сестрата родителите и препишале спрат од куќа а на синот му препишаа стан братов не зборува со сестрава се требал он да добие.
    Друг пример роднини мои братов не дозволувал на сестрава да се даде имот.
    Заостанато општество немам деца но знам не би ги делела.
    Тако ми направил две куќи и уштее ние мали кога бевме викаше имам две деца ке направам две куќи и така и направи за ништо не не двојат со брат ми.
    Него куќа мене куќа и се друго ако нему му дадат пари за нешто иста сума ми тргаат на страна и за мене.
    Брат ми има дете кога му купуваст за роденден ми тргаат иста сума на пари за мене да не сум се осеќала повредено што немам деца.
    Мене не ми смета и сум им рекла кога му е потребна помош на брат ми нека му помогнат не мора и за мене да се тргаат пари на страна кога мене нешто ќе ми треба тогаш ако можат нека помогнат.Ама не не сакаат така.
     
    На simonagj, minne992, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ова домазет го има само на балканските простори или јас не сум сретнала странски збор што значи домазет?
     
    На La.loca, SummerGirl и Milobebence им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Очигледно само кај нас го има. Голема срамота е тоа. (facepalm)
     
  12. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Живеевме кај него сите на купче кога се ослободи спратот кај моите дојдове тука. Ние сме на еден моите на друг брат ми на 3 спрат..Не му беше сеедно на почетокот најмногу од луѓето околу нас ама кога увиде дека никој тоа не го споменува и сите си доаѓаат на.гости никој не ни спомна домазет или слични глупости и маж ми се опушти.. можевме да одиме под кирија ама зошто кога цел спрат би седел празен.моите го предложија тоа ние го реновиравме од корен и тераме..што знам сите посебен влез, приватност баш ко зграда..
    Многу ми се најдоа сега откако се породив сите .. добро е сега за сега еве година дена сме тука..
     
    На gjoker4e, dunika, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Живееме по глупи правила и прописи.
    Мм е сега домазет. А и кога би се преселиле сами(што е план кој многу споро се исполнува) пак ќе биде во мое, односно на мајка ми. Ама и таа и јас велиме, тој ќе е на моето семејство, јас, маж и дете(за сега едно, дај боже и повеќе).
    И?? Зар не е битна слогата во бракот?
    Имам такви примери, при празен стан, живеат у заедница, причина, така требало.
    Да имам каде, ни со мајка ми нема да живеам. Заедница е лоша кај и да си.
    Домазет бил бре, абе трагедии.
     
    На simonagj, TutiFuti, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Така е кога децава уште од мали ги учат на мразење односно на срам и на некои етикети и стереотипи измислени од старите што немале друга работа па седеле и си смислувале бабини деветини оти толку им сечело пред 100 години и најжално при сета едукација и медицина и толку паметни работи што има низ светот и откритија пред се решени многу прашања и прикрепени со докази децава да се служат со старски мисли и етикети.
    Жално стварно..

    Јас многу пати на многу луѓе надвор од балканот сум раскажувала за етикетите кај нас и сите ме гледале зачудено и молчеле као немале коментар ..

    Тоа е. И нема да се смени оти родителите се оние кои што ги задојуваат така глупаво па после некои се менуваат некои остануваат исти зависи од човека.
     
    На Mr. Right, WildMk, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Да бе женсково само за приплод и домаќинлук аирлија....Клара и Роза во гробон се превртвет...
     
    На AngelOfArh, WildMk и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ubavo sto ve primile ama da znaete deka ima I kako mene

    Domazet, ne sakm I ne primam.
    Cisti racun , dolga ljubov.

    Brkajte rabota, snaogaj te se ama mene na vrat vo moj najbavi godini, moja kerko I dragi zete, Nema Sansi.
    Imase na forumov edna snaa sto I gi broese gakite na svekrvata :^), isto bi bilo I so ztot. I toj bi pisuval na maski forumi nekoj drugi raboti. Zatoa, neka se luti kolku saka, ke mu pomine, ama za 2-3 god ke dojde da mi se zablagodari sto ne sum gi primila.
    Domakin se stanuva samo koga imas svoe. Se dodeka ti davaat I ti prinesuvaat "golema rabota, malce e, ne mi se dopaga,..." Zatoa, sekoj vo svoja kucica, svoja slobodica.

    :bow:

    Jas nemam zet, toa fiktivno si kzuvam , Koga bi imala. :lol:
    Kako sum go napisala prethodniov post kako eve samo sto im kazav. :rofl:
    Ama stvarno taka mislam. :lol:
     
    Последна измена од модератор: 18 октомври 2018
  17. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    nema vrska koj kade zivee,pa na zenata ke i e sekako podobro da zivee so majka i nego so svekrvata :) think about that:)
     
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека " домазет " е нешто срамно . Како налага ситуацијата , така . Ете кај мојте има соба празна , што кога и да ни треба може да одиме . Клуч резервен имаме од куќата . Дома кај маж ми , свекрвата мислела дека мора да му дигне спрат , па тоа и го направила . Е сега , јас имам можност да живеам одвоено од свекор и свекрва , мајка и татко . Но , ако не би имала таква можност кај маж ми , би живеела кај моите ( доколку има слободен простор ) зошто да не . Ако се согласувам со маж ми , ќе живеам каде било .
     
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден во продавница доаѓа момче кое што со жената живеат во куќа што им е дадена од мајката на жената и сеа као продавачката му вели ,,-што така на блузон од дома да не те маваат?"
    Тој и рече ,,- што стигнеш тоа облекуваш на бегање до прдавница."
    И таа пак му враќа ,,- Ееее , така е домазет. Женати (и мене ме спомна во муабетот )со ТутиФути тука ве доведоа од долниот крај вас мажите па сега ќе ве заебаваат како што сакаат."
    Толку ми падна незгодно бидејќи се знам со него и жена му добри и блиски сме ептен а и јас живеам во куќа на мојте т.е со мојте па и возвратив на продавачката од малсаката продавница со зборовите ,,-Внимавај и ти чуваш деца не знаеш животот што ти носи можда и бетер од нас ќе биде твојата ситуација." Таа поцрвене и пред сите се извини и мислам дека повеќе нема да и текне така да се мајтапи.
     
    На Bibi30, zalosna и Sandrin4 им се допаѓа ова.
  20. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Toa e toa so narod sto zivee da ozboruva i da beri tugo gajle. Sto ima vrska koj kade zivee dodeka sopruznicite se slagaat i si ziveat vo harmonija. Ama taa e se drzi zemjava.
     
    На zalosna и Martka им се допаѓа ова.