Секој си живее по свое, и нема погрешно и правилно битно е партнерот да ти е погоден. Јас на пример не сакам маж ми да ја сноси секоја одговорност дома а јас да бидам принцезичка 50-50 и тоа е тоа
Не би сакала маж да донесам дома, сестра ми го донесе ама живееме во куќа на два спрата па пак не бевме толку блиску. Купија стан па фала богу се тргнаа од тука . Глупо е што знам , моите ќе одат на село да живеат наскоро јас сама ќе останам во куќава, ама пак не би живеела со дечко утре ден маж овде. Ограничена , заостаната тоа е
Немам донекаде против домазет, ако се има услови за тоа, секој нека си го нареди животот како му одговара. Ама не разбирам домазетото да има поклонет стан а има и дете од првиот брак а синот со жена и деца на улица, под кирија. Да си се пожалам