Па штом пуштаат пари дирекно на трансакциска би требало да може , штом нема посебна картичка за купувам домашно
некој дали ја има отворено страната на купувам домашно не работи дали ја ажурират или само мене не ми ја отвара
Дали треба да се има и дебитна картичка или ке може да се извадат парите само од трансакциона сметка на шалтер во банките? Бесими нешто спомнуваше дебитни картички и дека со нив ке се купувало. Прашувам бидејки имам трансакциона сметка, но немам извадено картичка сеуште, па викам пред да започнат гужвите да си извадам ако е задолжително?
Од следниот месец ќе ги добиете тие 6.000 ден. на трансакциска сметка за купување домашни продукти, така го разбрав јас Бесими. Нема потреба картичка (што е дополнителен трошок за државата за нивна изработка) зошто самиот софтвер во продавниците ги регистрира домашните производи.
Значи мора да се има дебитна картичка? Познавам еден куп пензионери што се без картичка, така да пак ќе се направи гужва во банките
Можеби единствено на тие што немаат дебитна картичка ќе им изработат. Зар ако некој нема дебитна картичка нема да му ги дадат парите што му следуваат Ма да кај нас се е можно.
Не можам да најдам инфо како точно гласи мерката. Ако е како претходно само за купување домашни производи ќе мора да е со картички без можност за подигнување на готовин, ако е само како помош нема да биде задолжително, кој како сака ќе располага со срествата.
Дали парите следват доколку имате истечен рок на важност на лична карта (до 2018 во мој случај), и кој се други критериуми?
Дали во нето приход спаѓаат и примањата по однос на социјални трансфери. Пр.со пензијата не надминува приход од 120000 ден но зема плус некој додаток како туѓа нега со кој се надминива тој приход?
Ако ти е блокирана сметката, не можеш да извадиш пари во никој случај, додека не си платиш за тоа. Така да нема ни да можеш да провериш на банкомат колку пари имаш, туку само на шалтер во банка.