Пак зависи како ќе биде формулирана мерката. Претходната изричито беше нагласено дека средстава на ДПК по основ на помош се изземени од извршување и сите слободно можеа да располагаат со нив. Ако го стават во одлуката и сега ќе важи истото.
https://www.kumanovonews.mk/vesti/g...ijat-po-6000-denari-preku-transakciski-smetki Најверојатно нема да мора да се искористат парите за купување на домашни производи,туку ќе може да ги искористиме за било што или да ги извадиме од сметка.
Јас кога вадев во Халк ми наплатија 100 денари за картичката. А Владата не сака да се става во повторен трошок за картички и затоа сега народот треба да си вади ако нема.
Па ќе си прашаш каде не земаат пари за картичка, таму ќе извадиш. Сега па и така непогодено. Реално, хаосот претходно што настана со платежните картички, на ништо не личеше. Вака, на постоечка сметка ти пушта пари, чиста работа.
Минатиот пат не размислија убаво, ем непотребно даваа пари за изработка на нови картички, ем се правеа гужви во банките во сред пандемија. Сега можеа само да им извадат картички на лицата кои немаат.Бидејќи реално сега земаат најсиромашните.Оние невработени кои не бараат работа сигурно повеќето немаат картичка.
http://opusteno.mk/корисниците-на-6...cT5UCQsXRcN6hjUmBzyMgivyLJS3CSAAoZlQfjxhh_yAI Зошто нема наведено и дека неактивните баратели ќе добијат? Да не не важи ова веќе за нас
Значи уште на самиот почеток имаше неразјаснати работи што како ќе биди , е сега останува само да излезе списокот и ќе видиме кои сме
Претходно секаде најавуваа за неактивни баратели, од кога го изгласаа буџетот немам сретнато за неактивни некој да има пишано
Ако имаш од 16-29 години и си неактивен барател може да добиеш... ќе чекаме да излезе списокот и јас сум неактивен барател, ама имам 27 год, па може ќе искористим и ја нешто од новава влада, зашто од старава ништо не успеав да земем, дури ни за прво дете не зедов
Ќе видиме , ништо не се знае , не е објаснато како што треба. Ова е дезинформација ! Збореа дека сите неактивни баратели на работа а не тие до 29 ! Предходно пишуваа на темава дека требало да се аплицира бла бла дезинформации колку сакаш ! Да оставиме да го видиме списокот кој добива !!
Оние кои веќе имаат дебитна картичка за приближно колку време истата Ви пристигна на домашна адреса? Овде има наведено нешто и за оние чии сметки се блокирани, па може некому ќе користи. https://www.vecer.press/со-шесте-илјади-денари-од-државата-ќе-с/
mislam deka ne mora prvo zakon vo sobranie da pomine pa potoa ke davaat na tie sto gi sleduva,no toj za ekonomija kaza deka mozno e da ima izmeni