Јануари-Април колку има земено плата? Тие месеци ги бројат само. Собери платите за тие месеци, не смеат да надминат 60 000 денари, односно просек 15 000 месечно.
И мене со моминско ме пишува, а веќе 2ипол години ми е сменето, не ми е сменето во УЈП изгледа. Се јавив во банка да прашам дали ќе е проблем (исто во Стопанска сум), ми рекоа дека не би требало зошто по матичен отвараат. Прашав дали да носам извод од венчани и ми рекоа дека можам за секој случај да си го имам во мене.
Што па тебе толку те погоди демек не е можно тоа и се грешка во системот. Не може 10 личности вработени на исто место и со исполнување на услови да не ги следува.
Na ovoj link otvara vednas, probajte. Ocigledno ne e se organizirano ubavo, pa mn od nas ne nema. Koj znae po prigovorite dali ke se opravat.
На мајка ми не и следува, а е невработена и се пријавува редовно. На кого даваат овие на тие што земаат плати од 30 000 илјади очигледно.
Нека пиши на мејл зошто не е на список. Јас сум невработена а на список сум како вработена со ниски примања. Се надевам дека грешките ќе си ги исправат
Тешко тоа даваат на тие што имаат, ене комшиите се фалат ќе земат, а тие далеку од ниски примања ама ајде они се од тие обесправените...
Само стопанска банка има над 100.000 картички за давање. Не знам дали сте свесни кој обем на работа е тоа. Не е само дади ја картичката и готово. Треба да се отвори сметка (на тие што немаат), да се ажурираат клиенти, да се потпише договор, да се копира лична карта, па да се даде картичка. Владава им тупна работа на банките, кои имаат тековно милион други работи за правење. Затоа се одредени посебно филијали што ќе го прават ова само. За вие да не чекате. А ако не сакате, не ги зимајте картичките.
Ја од сите што ги познавам, и невработени и со ниски примања и сите, само нас студентите нѐ има на списоците (и тоа не сите).
Дајте линк од формуларот на Стопанска кај шо си проверивте термин? На страната не го дава, истото соопштение од вчера стои....нез шо е работата, дома од нашиве уреди не ни е достапен....
ќе ви пратат порака смс од стопанска деновиве (утре најверојатно) во која филијала да подигнете и во колку саат. Прво готови се картичките на тие што веќе имаат сметки во банката, следните недели ќе бидат на тие кои сега им се отвараат сметките.
Да се надеваме дека деновиве после поплаките ќе ги средат списоците. Јас им пишав и на маил и на една анкета од УКИМ, па сеа ќе видиме.
А ако личноста не работи со Стопанска, од каде им нејзин мобилен...? Зш тука читам некои си го виделе терминот во Стопанска, каде го видовте? А добро, те разбрав сега.