Од другата недела - така и одговориле од влада на другарка. А се доцни многу оти ВМРО блокираше, 300.000 корисници не се малку за ажурирање.
За болдот. Не не. Имаш фирми кои прозиведуваат и кои се застапници. на пример Алкалоид, Европа, Витаминка итн се наши , македонски форми со сопствени производни процеси ( без разлика дали ги користат оутсорсинг фабрики надвор од државата), додека да речеме, Самсунг македонија, Беко, итн се застапници за странски фирми кои увезуваат готова робо произведена од друг производител со седиште во друга земја. Е сега тоа што во маркетите прозивод од алкалоид произведен во Турција го става во Турски производи, а не во Мк е грешка или не знаење.
Негде прочитав дека банките барале ажурирање на податоци за пензионерите. И да на свекор му стигна порака за ажурирање а на мајка не.Летоска е вадеше картичката кога се префрли. @nena2010 или друг некој да знае?
Немам такво инфо. Знам дека сега ажурирање на податоци може и преку електронско банкарство да се направи на КБ и на НЛБ сум 100% сигурна. За другите проверете на веб на банките имаат сигурно објавено.
Во КБ е мајка ми ама нема ел.банкарство.Ама нема ни порака дека треба. А за свекор во НЛБ електронски направивме. Фала на одговор.
Тоа е законска обврска и не е поврзано со меркиве. Банките имаат обврска на 2 години да прават ажурирање на податоците за клиентите.
Ние што немаме трансакциска во банка,чаре?Некаде прочитав дека ќе не распределат во некоја од банките,или не важи тоа-знае некој нешто?
Пред една недела кога проверив, многу убаво се сеќавам дека последната реченица не беше напишана. Збунувачки
Исто и јас, кажаа дека ќе бидат распределени во банка од нив, ако не следува на некој за шо да вади трансакциска?
Нема потреба, освен ако она сама не пријави одредена промена (адреса, телефон...) до истекот на две години.
Дури сега збунувачко-распределени ќе сме или да си отвориме трансакциска-како нешто точно и на време не се кажа од одговорните за ова
Убаво напишале по ново. Кој нема сметка треба да си отвори до 25ти,ако не отвори,нема да добие пари. Јас вака го разбирам пишаново.