Член 9 од законот. Во членот пишува дека претходни корисници на финансиска подршка не можат да бидат повторно корисници на финансиска подршка.
Поднесете барање за дебитна картичка. Можете и онлајн во одредени банки, ако не сакате да чекате пред банка.
Здраво јас спаѓам во млади лица и не бев на списокот ни претходниот пат и сега повторно не сум. Кога пишувам приговор за матичен број ми пишува дека податокот веќе постои во база на податоци. Што можам да направам?
А нели знаевте дека ќе пуштаат пари и дека ќе бидат на трансакциона сметка. Зашто не си извадивте на време.
Евентуално да најдете некоја е-маил адреса па да им пишете. На страната Купувам домашно јас не најдов, но пробајте на е-маил адресите на УЈП која го изготвила списокот или на Владата, која е иницијатор на оваа мерка.
Поголем број на луге проверуваат во моментот и сајтот е преоптоварен. Имаше ист случај и минатиот пат. Бидете упорни или почекајте па проверете подоцна.
Ма знам... Кој ми е крив коа не ми текна дур сите спијат да проверам.. А на сметка кога треба да се префрлени?
Според закон во рок од три до пет дена од денот на објавување на список, но не мора да значи. Според закон требаше најдоцна до 15 Декември списокот да се објави, но се објави денес.
Јасно јасно, него некаде кажаа дека ќе бидат достапни одма па мислев ако е така боље ми е да тркнам до банкомат, у зграда ми е хахаха... Ај кај сум чекала до сега ќе причекам уш малце.
Од пасивните баратели одбиле 3000 ( претходно активните земаа 9000,а исто се невработени и едните и другите),и ги почестиле младите ( претходно земаа 3000,а сега 6000). Си направиле баланс. Него листа каде ќе можат да се потрошат,не најдов. Дополнително ќе има или како претходно ќе можат да се трошат било каде за мк производи? Можеби да си намалат работа,смениле од Влада?
Успеав и јас да проверам, ме има. Минатиот пат колку време по објавување на списоците гу пуштија парите?