Има добиено банката списоци од Влада со сите податоци. Тие се внесуваат во систем овие денови, па следна недела ќе се прават картичките за тие што не се досега во стопанска
Ќе треба да почекате секако до следна недела најрано ако не сте во таа банка со сметка. Краен рок е 17 јули.
Затоа НЛБ Тутунска е најдобра, дома ќе ги носат. Нема потреба луѓето да се туркаат, да прават редици и да шират вирус.
Треба сите до дома да ги доставуваат. Стопанска цело Липково, Чаир и Арачиново ги има на список за подигање картички, а знаеме кај има најмногу болни.
@Dream-Girl • Доколку ги исполнувате условите (редовен студент на додипломски студии), но ја добивате пораката „Внесениот матичен број не е во листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка со оваа мерка“, Ве молиме пополнете ја следнава форма: https://forms.gle/y5p7rp4H7zPHBiWs5
Пополнив, ја ставив и во темата образование за што повеќе да ја видат. Пратен им е меил, тука пополнив, така да би требало да средат.
Прво, странава е смешки живи Второ, поголема глупост од тоа што ги нема студентите - нема. Трето...глупи им се мерките и начинот на класификација на примателите на картичката. Нас не ни следува, нема зошто ни да проверувам ама внесов матичен на една комшивка што редовно се пријавува во аврм и ја нема на список а ни лани немала прилив поголем од 180,000 ..уствари никаков нема лани.. Друга пријателка година дена нема земено плата, официјално е вработена ама никакви пари нема примено и неа не и следува ни тој од 3000 ден! ЗООООШТО? Нема никаков прилив на пари од нова година наваму иако се води како вработена... нели е тоа лице со ниски а богами и со НИКАКВИ примања?! Глупости на кило.. Треба се тоа да се утепа, да не носат такви дебилни мерки што не ги опфаќа ни 15% од населението.. Демек другите 85% не се погодени од Ковид....глупа држава..
Пази да не излезат Со картичкава си навлекоа уште поголем бес од народот Нема пари плус за пензионерите - нема гласачко тело во МК...
Ги има студентите, сите сме на списоците освен тие што студираат на приватните факултети (како што знам) и тие што поради пропусти не се, а треба да го пријават проблемот.
Мене ме следува па уште си стојам на тоа дека нема да гласам. А, и подебилно од она да се откажеш од парите нема. Ги опфаќа тие што немаат примања или ниски и ќе се откажат баш тие, да, сигурно.
Пропусти како не..... Како пропушташ студент на ДРЖАВЕН Универзитет во сопствената земја?! Така им чини, па да се понадеваат дека нема сите да се побунат а на дел од тие што ќе се побунат нема ни да стигнат да им ги решат жалбите...
Јас сум студент мене ме има,брат ми е младо лице до 17,а моите родители од кои еден во државно вработен а друг во приватен сектор ги нема.
Не се само тие и други има што не зеле и затоа треба да пишеш на маилот пошо сто посто е системска грешка ко прво страната не им работи ко што треба. Одма вас некој нешто сака да ви ускрати политички нема друга работа. Политички би рекла дека баш сега сакаат пред избори да дадат нешто, а не да ускратуват на колешката од мајка ти пошо вмровка била. Не се замара никој со тие 3000 од пребитната колешка верувај, не им е дојдено до нејзе, се занимаваат со други ствари сега
Сега мора и ние малку да бидеме свесни,не може да ги има и сите членови на семејството вработени,земаат плата па плус и ова. Или сепак студент чии родители се на висока општествена функција осми ова да го земаат. Прво нека земат оние што ова им е неопходно,на пр.оние луѓе кој изминатиот период семејството го хранеаа со една платс без разлика дали е државна или приватна.