Имате ли идеја каде би можело да ја најдам трансакциската сметка? Се работи за постаро лице, баба ми, која е изоставена од списокот. Сакам да поднесам приговор но не можам да го знам бројот на трансакциската сметка а бидејќи се работи за постаро лице, не е во можност да го направи тоа сама без инструкции. Треба да напоменам дека онаа картичка што ја даваат од банка и на која е наведена трансакциската сметка е изгубена така што потребни ми се други идеи. Одднапред ви благодарам!
Не е прецизирано, така да или посебна програма од банките ке има за ова или пак ке биде дел од останати финансиски средства и ке може да се користат како и другите финансиски средства што ги имате, односно не само за купување на македонски производи туку и за се останато, без разлика што владата кажува различно. Откако ке ги префрлат парите ке видиме која е вистината.
Тоа се обидувам од прееска но со оглед на тоа што е викенд немам многу надеж дека ќе ми се јават. Сепак фала ти на советот!
Не, дури сега искочи листата, од наредна недела би требало да почнат освен ако повторно нешто не каснат како и секогаш
Пробуваме да поднесеме приговор неколку пати веќе и цело време ова го дава Што значи да не знае некој? Не дозволува да се прати приговорот.
Ќе одите во првата експозитура на банката и со лична карта или пасош ќе ви издадат нова картичка. А ако имате пристап до електронско банкарство ја има сметката таму. За која банка се работи, ако сакаш можеш и во порака да ми пишеш.
toa so socijalna pomos e samo za stari lica nad 65 god koi nemaat penzija ako ne si vrabotena i se prijavuvas pod zavod ko pasiven baratel bi te sleduvalo ni jas ne zedov ni prviot pat ni sega, ama mene me isfrlile od sitemot uste lani,ne sum se prijavila na vreme
Јееее мене ме нема Ме пријавиле како активен барател тоа е кој праќаш други да ти завршат работа и 100 пати повторуваш дека треба како пасивен да те пишат.
Нели не дозволуваат друг на твое место, треба лично да се отиде во Бирото? Јас кога и да отидам лична карта ми бараат па ми се пулат таа ли сум, не ли сум..
Јас сум многу свесна кој е најлесниот начин да се дознае трансакциската. Во нормални услови би отишла до кај неа и би ги побарала документите сама, бидејќи иако е загубена картичката, на кој документ мора да ја пишува сепак трансакциската. За вадење нова картичка исто, би отишла со неа и би извадила но проблемот е што едно сум во карантин а друго датумот за поднесување приговори е до понеделник. Немам пристап до електронско банкарство затоа што се работи за постара жена и немало никогаш таква потреба. Инаку се работи за сметка во Стопанска банка, Скопје. Малку утнаа работа што ги објавуваат листите за викенд а датумот за приговори им е до понеделник.
Како прво сакав да ти помогнам, и тоа многу лесно, знам дека си во карантин, ама гледам дека не требало секому да му пружаш помош. Толку од мене. Се надевам ќе средите. Извини што воопшто ти понудив помош.
Мајка ми и татко ми ги има на списокот, НЛБ банка. Немаат трансакциски од претходно таму. Сега ќе добијат картички од таа банка или како ќе биде?