Ako ednas veke si podnela prigovor zatoa te ima taka procitav pisuvaa. Inaku na tie sto treba ne davaat a na luge sto so godini ne ziveat vo zemjava, sto ne pridonesuvaat tuka so nisto im dodelija, ama koga nema koj da proveruva toa e.
Не сум поднесла приговор воопшто, ова беше прв пат денес. Значи првиот пат тоа ми излезе. Не мр следуваа ни претходниот пат, а еве и сега. Бруки невидени...
Штом те има на листата, значи ти пишува во која банка си. Ако имаш во таа банка твоја трансакциска и дебитна картичка тогаш само ќе чекаш да ти префрлат пари. Парите нема да можеш да ги извадиш на банкомат. Со картичката ќе си плаќаш македонски производи во продавниците. Бидејќи на картичката може имаш и свои пари, искрено не знам како ќе биде плаќањето, за да не настане збунка од кои пари е повлечено. Ако немаш дебитна картичка ќе си отидеш во било која експозитура на банката во која си и ќе си побараш да ти направат дебитна картичка. Овој пат нема да има посебни картички за Купувам домашно како минатиот пат.
и сопругот мој го има на листата а нема назначено во која банка, тој има сметка во стопанска ама дали таму ке муги пуштат?
Како вака Нели треба да ти напишат во картончето датум и потпис? Испаѓа само јас чекам 2 саати во бирово
Дали има некој од категорија самохран родител? Дали бевте да поднесете барање во центар за социјална работа и дали ве има на список?
Здраво се јавив во Капитал Банка во врска со мајками за да отвори сметка и прашав за колку време ке биде готова картичката и ми рекоа не и треба картичка ке ги пуштат парите на сметка и таа може да си ги извади. Прашав нели рекоа нрможат да се вадат таа ми рече кој ти кажа така и велам па пишуваше на иметерет и таа рече не е така не е како предходниот пат. Сега може да се извадат . Навистина не ми е јасно на кого да верувам
Баба ми има пензија помала од 15.000, ја нема на список. Дали ги рачунаат и парите што зема туѓа нега? Бидејќи со нив над 15.000 зема...