Сега откако прочитав дека парите ќе можат да се вадат од банкомат ми е уште повеќе криво што ме изоставија повторно. Чисто сумњам дека ќе ги уважат приговорите, ама ајде баш да видиме.
https://www.stb.com.mk/novosti/azuriranje-na-klienti-i-isplata-na-finansiska-poddrshka-od-vladata/ Еве за Стопанска банка
До кога би имале одговор по приговорот? Некое инфо каква била праксата за приговор во минатиот сет мерки?
Mинатиот пат мислам се оддолжи работата со приговорите баaги време, повеќе од месец дена сигурно ќе поминат додека да разгледаат се'.
Може некој да ме извести кога ќе пуштат на стопанска за да и кажам на баба ми, нема електронско банкарство немам како да проверам а и нема банкомат во близина, да не се малтретира да оди да проверува
На баба ми и следуваат средства. Е сега бидејќи од истата банка зема пензија на истата картичка ќе и ги пратат средствата? И дали треба да добие порака на телефон кога ќе и стигнат?
Да, на истата трансакциона сметка. Порака за одлив и прилив на финансиски средства добиваат само оние кои имаат активирано СМС-Банкарство.
Како да извршат ажурирање на податоци тие што се стари и изнемоштени лица, кои не можат лично да одат во банка да завршат работа?
А има електронско банкарство? Јас сум на Комерцијална банка и имам електронско банкарство. Па кога требаше моите податоци да ги ажурирам бидејќи обновив лична карта, ги ажурирав онлајн. Ама баба ми е на Комерцијална и нема електронско банкарство. Вујко ми е полномошник за да и ја зема пензијата. Ама му рекле дека иако е полномошник тој не може да ги ажурира податоците за нејзе.
od stopanska nemoze online da se azuriraat , jassega probav i kako ke idat tie sto se vo izolacija ? gluposti bas sega im teknalo podatoci da se azuriraat
татко ми немаше електронско банкарство ама мислам дека зависи од банката не знам за комерцијална како е