Имаше објава од КБ во Ноември за онлајн ажурирање на податоци. Документите преку Интернет Банката(електронско банкарство) а преку Web страната само промена на телефонски број, адреса на живеење и е-маил адреса. https://bankarstvo.mk/комерцијална-банка-ад-скопје-овозмож/
Епа неа веќе и стигнувале пораки кога ќе и стигнела пензијата, што значи и сега најверојатно ќе и дојде порака дека има прилив.
Да и јас се обидов да пронајдам но без успех. Беше пред некое време на првата/почетна страна, се секавам при посетите на веб страната имаше можност за ажурирање на податоците. Сега веке не е на почетната страна таа опција. Или е тргната целосно таа опција (пишува дека е со времен карактер во објавата) или е префрлена на друго место на веб страната.
Во врска со ажурирање то на податоците во банките, дали мора секој да ги ажурира податоците или само ако има некоја промена ( на тел. број, адреса и сл.) ?
Не знам дали ми пиша некоја од вас кога прашав, мајка ми и татко ми ги има на списокот дека ќе добијат средства во НЛБ банка. Тие немаат трансакциски сметки таму. Дали треба да чекаат повик од банката или да одат таму за да и подигнат картичките?
Нема да има картички, нека одат нека си отворат трансакциски с-ки. После парите може да си ги подигнат и за што сакаат да си ги трошат.
Јас сум назад со информацииве, ве молам да ми објасни некој Дали со овој пакет мерки не им следува надоместок на оние лица кои веќе зедоа средства во јуни месец со картичките кога ги даваа? И нели беше ова и за активни баратели на работа? Што се случи со таквите?
1. Не им следува на тие што претходно земаа 2. Минатиот пат беше за активни баратели (тие тогаш земаа по 9.000 денари), а сега е за пасивни баратели - 6.000 денари.