Нели Пропуст било, се случувало. Е, зошто да им се случува де? И прашање е дали нешто ќе средат, знаејќи какви се... Кој добил, добил, за нас другите, више срече други пут. Од фб страната на УСС
Да, тука треба да пишеш меил со податоци - име и презиме, адреса на живеење, општина, телефонски број и датум на раѓање. Објасни и зошто им пишуваш нормално.
Точно, еве УСС направија и формулар за тие што ги нема и списокот ќе го испрателе до влада. И @Dream-Girl и @LovelyGirl3 го имаат споделено на форумов.
Зошто да не може? Студентот како студент е веќе полнолетно лице кое што поради срање законите во МК а и фирмите кои мува не ги лази за студентите, им немаат овозможено опција да работат по неколку саат неделно, платената пракса е - пази боже немој да ја добиеш.. Зошто да не им следува само затоа што родителите им се вработени? Сериозно ова? Студентите не се мали деца и само на утепаниов балкан студентите се во незавидна позиција кога станува збор работење за време на редовни студии! Само на утепаниов балкан студентите мораат од мама и тато да чекаат 100 ден за да одат на кафе. Затоа што реално да си студент на медицина и да работиш е малку тешко изводливо.. не е исто со факултет за физичка култура на пример. Еден добар дел од тие што студираат на приватни универзитети се со стипендии. И што со нив? Само затоа што студираат на приватен, се обесправени.. За едни мајка за други макеа..
Кај нас на медицински факултет одат само деца кој позади себе имаат родители доктори.Како и да е ова не е тема на дискусија,туку дека овие платежни картички нека им се паднат на оние што семејството им е до пониски приходи.А не сега сите се борат за 3.000 ден МКД. Не е исто секако да си студент од семејство со ниски приходи,и да си од семејство со високи приходи.
Не се моите доктори, а па сум отишла таму Да не ради тоа не ми дале 3000? Не ми се верува дека ги оправдувате глупостите на државава. И тие од приватен требаше да добијат. Требаше сите студенти, па макар и вонредни... И сите средношколци. На сите ни се потребни како и да е тие пари, ќе наполневме дома фрижидер, ќе си купевме нешто, не е битно. Тие се утепаа од крадење пари, па ќе осиромашат од тоа ако на младите им дадат едвај по 3000... Се прекршија од давање, еве...
1 збор не те разбрав. Ако ти си 1 човек и земаш плата од 14 500 и мислиш дека ти следува картичка, зошто да не им следува на сите члена од 5члено семејство кај што сите 5 земаат по 14 500?
Демек ако си студент у фамилија кај шо твоите не зимаат минимална не требало да ти дадат тебе 3000. Требало само на студенти кај шо у нивна фамилија земале минимална. Абе тие не знаат колку испоземаа, нивните деца пливаат у пари, сеа ќе си вадиме очи дали на приватен/државен заслужиле или не и дали заслужуваат 3000 повеќе студенти што нивните земаат 15000 плата или на тие што земаат 20. За срамота сме.
Не си ја сфатила добро членката. Таа зборува дека не треба да се очекува секој во семејството да земе од парите. Не може да се очекува ваучер кога не се исполнуваат условите. Опфатени се одредени групи, има и пропусти, но има и мејл за жалби, колку ќе корегираат ќе видиме. Да си студент на медицина, не само кај нас, секаде е тешко да работиш. И не е само медицински таков пример, има и други факултети не само во мк, туку и надвор, за кои немап време да работиш, а притоа да си солиден студент. Инаку да фер е ако се има можност да постои опција part time job, па кој како мисли нека ја користи.
Еве најточно инфо. Тука ќе биде објавен терминот за подигање картичка за тие кои не се клиенти на стопанска https://www.stb.com.mk/naselenie/karticki/kupuvam-domashno-platezni-karticki/
Прашањето му го поставив пошо пиша погоре дека не можело сите членови на семејството да биле вработени и плус ова. Ако се вработени на минимална и тоа како може.
На емаил само стигна дека за достава ќе известат дополнително и дека пинот по смс ќе го пратат. Имаш трансакциска во Нлб?
Мислам дека и тоа сакаше да каже, ако те следува ќе земеш, ама сега ако никој од семесјството не исполнува услови, како да очекуваш ваучер. На секој што исполнува од семесјтвото го следува. И да си студент на родители со високи примања, сепак си студент и те следува.
Да, па ова го гледам од вчера, затоа прашав кога прочитав дека некои членки веќе си го знаат терминот. Помислив да не има некој линк што не можам да го најдам.